Во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2 проценти.
Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103.787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221.927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупно евидентираните 69.633 странски туристи, најбројни се од Турција. 11.187, по што следат тие од Србија, 7.617, од Полска, 4.647, Германија, 4.314, Бугарија, 2.900, Грција, 2.485…
Во септември годинава, езерските места ги посетиле 46.594 туристи, во Скопје се регистрирани 35.729, планинските места 4.649, бањските 3.276, а други места посетиле над 13.000 туристи. Хотелско сместување користеле 85 498 туристи, од кои 24.114 одбрале хотели со пет ѕвезди. Во куќи, станови за одмор и соби за издавање се сместиме 12.183, а по околу илјада туристи користеле кампови, преноќишта и бањски лекувалишта.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2 проценти. Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,3 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 2,4 проценти, а кај странските зголемувањето е за 76,2 проценти.
Во државава во јули годинава се регистрирани 169.449 туристи, од кои 54 отсто се домашни, а 46 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700.629, од кои 74,3 отсто се од домашните туристи, а 25,7 потсто од странските.
Во јули годинава имало најмногу туристи од Туркије, 12. 841, по што следат Србија 9.393, Полска 5. 412, Германија 3.698, САД 2.721, Бугарија 2.286, Словенија 2.099, Грција 1. 828…Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105.000 биле во езерските места, а над 36.000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99.000, а над 56.000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање
Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 отсто, при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 отсто, а кај странските зголемувањето е за 109,9 отсто. Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 отсто, кај домашните за 9,8 отсто, а кај странските зголемувањето е за 95,9 отсто.