МАКТЕЛ

     

„Луди нацистистички наркомани“ – како се смени реториката на Медведев од либерална кон анти-западна?

      

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари годинава, реториката на рускиот екс-претседател Димитри Медведев стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор. Тој на социјалните мрежи за ЕУ, НАТО и за Украина употребува зборови како „наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“, а голем дел од неговите наративи се пренесувани во македонските медиуми или на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

„Наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“. Ваква и слична реторика, користи поранешниот руски претседател Димитри Медведев, опишувајќи ја воената инвазија на Русија врз Украина. И во своите говори, а особено на социјалната мрежа Твитер и на Телеграм, каде што е особено активен, Медведев користи најгруби зборови за Западот, НАТО и за Украина.

   

Од почетокот на војната, во февруари годинава, неговата реторика стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор.

Во пораката по повод Денот на националното единство на Русија, Медведев рече дека задачата на татковината е „да го запре врховниот владетел на пеколот, без оглед на името што го користи – Сатана, Луцифер…“ Медведев изјави дека Русија има различни оружја, предупредувајќи дека „Москва може да ги испрати сите свои непријатели во вечните огнови на пеколот“.

Москва се бореше со „лудите нацистички наркомани“ во Украина, поддржани од западњаци на кои им тече плунка од дегенерација по брадата, рече тој.

Поранешниот премиер и претседател, актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитри Медведев, го отвори својот профил на Телеграм, на 17 март годинава откако почна војната во Украина. Профилот на Медведев на социјалните мрежи оттогаш е посветен на антидемократски, антизападни и анти-НАТО наративи.

Во јуни годинава, Димитри Медведев објасни:

Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку груби. Одговорот е дека ги мразам. Тие се копилиња и ѓубриња. Тие сакаат смрт, нам, на Русија, напиша Медведев, додавајќи дека додека бил жив, ќе направел сè за да исчезнат.

Тој не појасни дали „тие“ се однесува на Украинците, на западните политичари или, пак, и на едните и на другите.

На социјалната мрежа Твитер, тој има 1,1 милиони следбеници, а тој лично следи само 20 профили. Слична жестока и груба реторика може да се забележи и таму, а во коментарите има голем број луѓе кои го поддржуваат, но и такви кои го критикуваат, а воедно и изразуваат чудење од неговите наративи.

 

Најбрз начин да се донесе конфликтот во Украина до точка од која нема враќање е да се вооружаат психопатите во Киев со ракети со долг дострел. Повозрасните лидери од Вашингтон и од НАТО понекогаш мораат да почнат да го користат нивниот мек мозок, пишува Медведев во октомври годинава.

Во август годинава, пак, Медведев на Твитер имаше обид да стави знак на еднаквост меѓу претседателот на Украина Володомир Зеленски и Адолф Хитлер.

 

Шефот – кловн на Украина предложи да биде „одговорно целото население во Русија“. Адолф Хитлер беше тој што последен се обиде да ги примени таквите идеи на еден народ како целина. Остануваат некакви прашања за природата на украинскиот режим?, гласи твитот на Медведев во август годинава. 

За тоа како на твитер профилот на Медведев растел бројот на неговите следбеници, покажуваат и статистичките податоци од веб-страницата „Трендсмеп“, која ги следи овие трендови. Се гледа дека во 2022 година, наеднаш и со „брзина на светлината“ расте бројката на луѓе кои го следат профилот на експретседателот на Русија.

Фото: Принтскрин, trendsmap.com

Реториката на Медведев наголемо се следи и во земјава. Медиумите ги пренесуваат неговите изјави и написи на социјалните мрежи, во кој тој буквално со гадење зборува за Западот, НАТО и за Украина.

Со посебно внимание беше пренесен твитот кога Медведев на Твитер го повика Илон Маск, најбогатиот човек на светот и новиот сопственик на Твитер, да ја исклучи сателитската интернет услуга во Украина. Медведев му честиташе на Маск за „надминувањето на политичката пристрасност и идеолошката диктатура на Твитер“.

И откажи се од тој бизнис со Старлинк во Украина, напиша Медведев.

Воедно и Маск се впушти во бизарен разговор на Твитер со Медведев.

Откако Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трaс, честитки за салатата“, алудирајќи на оставката на британската премиерка, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата, Маск одговори: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“. На тоа, Медведев возврати: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Македонските медиуми ја пренесоа и последната изјава на Медведев (15.11.2022) на Телеграм, кој го коментираше гласањето во Обединетите Нации за резолуцијата со која се бара воспоставување механизам за Русија да ѝ плати воена отштета на Украина. ОН: Русија да плати репарации на Украина, Медведев бара САД да ѝ платат на Србија, гласи само еден од насловите пренесени во македонските медиуми.

Откако донесе резолуција Русија да ѝ плати отштета на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да им платат отштета на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, напиша Медведев на Телеграм.

Во земјава на социјалните мрежи се споделуваат и тврдења на Медведев кои тој ги споделува на руската социјална мрежа Vk.com, а Вистиномер веќе има дебанкирано дел од нив.

Кога Димитри Медведев стана претседател на Русија во 2008 година, тој беше првиот лидер на земјата во последните децении без познати врски ниту со поранешната Советска Комунистичка партија ниту пак со тајните служби.

Сепак, Медведев – квалификуван адвокат – беше исклучително близок со неговиот претходник Владимир Путин, поранешен агент на КГБ. Тој водеше кампања како штитеник на Путин и се врза за неговата политика веднаш штом победи на изборите во 2007 година.

Ќе можеме да го зачуваме курсот на претседателот Путин, рече тој тогаш.

Во 2012, тие ги сменија позициите – Путин стана претседател третпат, а Медведев се врати на позицијата премиер, до 2020 година.

Според ставовите на некои аналитичари, се чинело дека претседателството на Медведев ветува позитивни промени, и во Русија, но и во врските со Западот, сигнализирајќи ја „можноста за нов, полиберален период во руската политика“. Подоцна сепак тој почнува да усвојува сè порадикални позиции.

Кон крајот на јуни, кога продолжи руската војна против Украина, 27-годишниот Илија Медведев – син на Димитри Медведев – официјално стана член на владејачката партија „Единствена Русија“ на Путин. Ова се случи само неколку недели по непотврдените извештаи дека САД му ја откажале визата на Илија Медведев, кој живеел во Калифорнија, САД, и му дале два дена да ја напушти земјата. Оваа вест сè уште не е официјално потврдена.

   

Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski
Вчитувам....