Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за Република Северна Македонија, со седиште во Рим, Мигел Фалкони Пуиг.Во поздравното обраќање на свечената церемонија, претседателот Пендаровски изрази уверување дека кај двете држави постои интерес за натамошно вложување на заеднички напори во насока на севкупно унапредување на односите и соработка на билатерален и на мултилатерален план.„Убеден сум дека Вашето богато искуство и успешна кариера ќе бидат од посебно значење и ќе придонесат за натамошно интензивирање на односите меѓу Република Северна Македонија и Република Еквадор, креирајќи нови можности за унапредување на билатералниот политички дијалог, но и на иницијативите за зацврстување и проширување на сферите на соработка, вклучувајќи го економскиот, културниот, научно-образовниот и други аспекти од заемен интерес“, порача во обраќањето претседателот Пендаровски.Амбасадорот во своето обраќање изрази подготвеност за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, јакнење на дијалогот со македонските бизнисмени и унапредување на севкупната договорна рамка помеѓу Еквадор и Северна Македонија, а во насока на продлабочување на пријателските врски.„Владата на Еквадор предлага да се започне со соодветни преговори за евентуално потпишување на договор за визно ослободување за носителите на дипломатски, официјални и службени пасоши, како и за назначување на почесни конзули на двете земји со седиште во Кито и Скопје. Воедно, би можеле да ги продолжиме преговорите за договор за избегнување на двојно оданочување, договор за заштита на инвестициите, можна размена на студенти меѓу Дипломатската академија на Северна Македонија и Дипломатската академија на Еквадор и меморандум за разбирање за мултилатерални прашања“, истакна амбасадорот Мигел Фалкони Пуиг на церемонијата на предавање на акредитивните писма.Претседателот Пендаровски му посака успех на амбасадорот и изрази поддршка во вршењето на неговата дипломатската должност.
Најново
(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името
На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово
Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND
(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?
Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје
Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите
Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!
Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди
(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип
Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија
СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато
Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци
ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци
Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка
(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!
Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче
Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски
Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции
Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола
Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група
(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците
Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД
Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен
Вчитувам....