Историска реализација на буџетот на Општина Битола во 2022 година.Историски висок степен на реализација на буџетот на Општина Битола и капиталните инвестиции беше дел од излагањето на градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион .- Изминатава година напорно работевме на реализација на буџетот на Општина Битола, каде имаме реализација од 72 проценти на капиталните инвестиции, како и повеќе од 80 проценти реализација на Буџетот до крајот на годината. Овие бројки се највисоки за Општина Битола во изминатава декада, а секако изминативе 5 години, кога истите се движеле од 26 до најмногу 57 проценти во изборна година – кажа градоначалникот Коњановски.Одличната работа на Општина Битола резултира со добивање на многу признанија и награди, меѓу кои и Европската ознака за извонредност во управувањето, која се доделува како резултат на високото ниво на усогласеност на општината со 12 начела на Советот на Европа за добро демократско управување.Коњановски најави интензивна работа и наредната 2023 година, каде до овој момент изготвени се 65 проекти кој можат да започнат да се реализираат, со вкупна вредност од околу 1,1 милијарда денари.- Како поважни проекти за наредната година може да ги издвојам изградбата на спортскиот комплекс за кое идејното решение е готово и деновиве ќе го претставиме на јавноста, а врз негова основа ќе се работи и основниот проект. Нареднава година ќе продолжиме со работата на проектот за изградба на објект за противпожарната единица, каде во тек е евалуацијата на пристигнатите решенија за проектот и во текот на идната година ќе започнеме и со неговата реализација – додаде Коњановски.Проекти на чија реализација општината ќе работи во наредната 2023 година се и изградба на заобиколницата кај индустриската улица Бурса, реконструкција на повеќе улици и булевари, изградба на велосипедски патеки, изработка на проектната документација за зоолошката градина и многу други.Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
Најново
Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“
Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата
Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам
Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!
Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“
ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…
Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени
Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација
Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина
ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно
СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна
Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината
Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб
Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија
Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем
Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура
Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.
Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“
Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно
Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“
Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања
Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици
(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики
(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер
Вчитувам....