16.8 C
Скопје
06/05/2024 13:30
МАКТЕЛ

  

     

 

ЗА ПОПОВА ШАПКА СЕ ПОТРЕБНИ МНОГУ ПАРИ, АМА И ПОДОБАР ПЛАН Експерт ги открива слабостите на Мастер планот и предлага решенија

      

Плусинфо ангажираше локален експерт да го рецензира Мастер планот за скијалиштата на Попова Шапка, изработен во 2010 година. Редакцијата се надева дека неговото и мислењата на други експерти и љубители ќе бидат од помош за најавениот странски инвеститор, кој треба да вложи 50 милиони евра. Само првата фаза од реализирањето на бизнис-проектот за развој на скијачкиот центар Попова Шапка ќе чини повеќе од 55 милиони евра, вели за Плусинфо Агим Авзиу, директор на „Елемтурс“, откако пред некој ден министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека странски инвеститор ќе вложи 50 милиони евра во скијачкиот центар како стратешки партнер. Најавено беше и дека инвеститорот ќе биде познат за неколку дена. Плусинфо се обиде да дознае за кого станува збор. Се што можеше да ни каже висок владин функционер е ова – голем европски конзорциум.

   

„Инвеститорот е сериозен, ама уште не смееме да кажеме кој е“ –Судејќи според изјавата на Авзиу, инвестицијата ќе биде повисока од спомнатите 50 милиони евра, бидејќи се предвидени 6 фази. „Инвеститорот е сериозен и моментално сме до процесот на негово прогласување за стратешки инвеститор, по што ќе биде претставен на јавноста“. Но, освен оваа изјава на Нуредини и денешната на директорот на „Елемтурс“, одговорните институции досега не кажуваат ништо повеќе за големиот инвеститор. Авзиу тврди дека многу брзо ќе се обелодени името на приватниот партнер на државата за преобразбата на Попова Шапка во светски ски-центар, но тој не може да го каже, ниту пак може да каже од која земја потекнува. Тврди дека станува збор за сигурен партнер за реализација на проектот, кој во моментов управува со повеќе европски ски-центри. – Во првата фаза ќе има најмногу вложувања, бидејќи во неа е целата инфраструктура на центарот, сите жичарници, хотелите, патеките, како и изградбата на сите потребни објекти, кои ќе му дадат изглед на светски ски-центар. Дополнително се разговара за останатите фази, кои ќе го зголемат вложувањето – вели Авзиу. Тој појаснува дека во разговорите со идниот инвеститор е ставено и прашањето за гондолата која го поврзува овој ски-центар со Тетово. И таа е дел од преговорите. Верувам ќе биде обновена, како и целата инфраструктура на жичарници и ски-лифтови – додава тој.

 

Што предвидува Мастер планот од 2010 година? –Продажбата на Ски-центарот Попова Шапка ја најави поранешниот премиер Зоран Заев, уште пред две години, бидејќи според него државата потфрлила во управувањето со овој туристички центар, затоа што, како што рече, „државата е лош менаџер и не ги знае сите аспекти на туристичката понуда“. Беше нарачана и физибилити студија што ја подготви компанијата PWC, по налог на „Елемтурс“. Но, јавноста скоро и да не доби информација што предвидува таа, бидејќи јавната расправа беше речиси затворена за јавност. Од целата студија јавноста дозна дека се предлагаат три можности за продажба на ски-центарот. Во изминатите години, во изјавите на премиерите и на министрите, најчесто, како и сега, се споменуваше странски партнер кој е познат во Европа и управува со неколку европски ски-центри. За оваа студија од иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка се тврдеше дека не нуди конкретно решение, туку само опции и дека со овие решенија е опфатена само една третина од целиот комплекс, односно делот со кој стопанисува ЕСМ. Свој план за развој на Попова Шапка имаше и владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2010 година, кога беше подготвен и Мастер план, кој требаше да почне да се реализира во периодот од 2011 до 2015 година. Оваа илустрација најверојатно е дел од тој Мастер план.

   

     

Како што може да се види, проектот вклучува унапредување на скијачката инфраструктура, патеки и ски-лифтови, а  планирана е и инсталација за вештачки снег, со што ќе се обезбеди поквалитетна и подолга скијачка сезона. Се планира изградба на нови, современи жичарници и ски-лифтови, кои ќе бидат со голем капацитет и поголема брзина и ќе ги задоволат потребите на скијачите. Планот предвидуваше и изградба на нов хотел со четири или пет ѕвезди, поголем паркинг-простор и реконструкција на постојните и изградба на нови сместувачки капацитети. Покрај тоа, беше предвидена и изградба на ресторани од типот на т.н. бачила, блиску до скијачките патеки. Со реализацијата на овој значаен проект, Попова Шапка треба да прерасне во атрактивен планински ресорт и мегапопуларен спортско-рекреативен центар кој ќе им биде конкурентен на познатите европски скијачки центри. Но за разлика од сегашниот план ВМРО-ДПМНЕ планираше парите за вложување во овој проект да ги обезбеди АД ЕЛЕМ како сопственик на дел од објектите и приватни домашни и странски инвеститори.

Експерт за Плусинфо: Мастер планот од 2010 година веднаш да се стопира! –За Мастер планот и за идеите како Попова Шапка да прерасне во модерен ски-центар Плусинфо побара рецензија од Жарко Трпковски, претседател на ски-клубот Љуботен и долгогодишен директор на Шарпланинскиот куп, од 1994 до 2009 година. Тој е човек со големи познавања и многу контакти со експерти за проектирање и изградба на ски-центри. Ако е вистинита, убава и за поздравување е веста дека постои сериозен странски инвеститор спремен да вложи во развојот на Попова Шапка. Но, итно треба да се стопира натамошната реализација на Матер планот Ekosign Mounting Phasing Plan од 2010 година. Би препорачал инвеститорот да ангажира професионален, искусен проектант, кој во консултација со локалните експерти ќе направи вистинска работа за развојот на Попова Шапка. Ако тоа го можеше Копаоник, со свој ум, знаење и со свои пари, можеме и ние.  Јахорина бележи уште побрз, дури експресен развој и со 80 милиони евра инвестирани за последниве 4 години, сега е ски-центар кој прв ја отвора сезоната и има 135 скијачки денови, 80% технички оснежени патеки и пораст на приходите за 12 пати. Треба и ние добро да размислиме каде ќе тераме – вели Трпковски. При дефинирање на траекториите на жичарниците и на ски-лифтовите не е почитуван принципот на компактна целина, кој ќе обезбеди лесно преминување од било која точка (патека) на било која друга патека од скијалиштето. Не се дефинирани клучните коти (врвови, сртови), кои треба да се „освојуваат“ со жичарниците. На пример, за да се качите на Син врв (Церипашина), треба да одите со сега постоечкиот шестосед, па да се спуштите до платото над  Мал Јелак, па да одите со жичарницата до Син врв. Дополнително, како ќе се качуваат посетителите нескијачи или скијачите со пониско ниво на знаење до Син врв? Како ќе се качуваат до Попова Шапка нескијачите од паркингот во Сидол? Како ќе се враќаат од Попова Шапка скијачите и нескијачите кон Сидол и кон приодниот паркинг? Преку Церипашина? Или преку  жичарницата до сртот на Јелак, па пешки до горната станица на жичарницата Сидол – Срт Јелак? Како ќе се враќаат скијачите од Попова Шапка во викендиците на викенд населбата?

Мора да се бега од јужно ориентирани локации и да се оди повисоко –Ова се спорните теми поврзани со Мастер планот, за кој Трпковски вели дека мора да се напушти. – Предвидено е во зоната од локацијата Аеродром кон релејот да се направи јазол, каде што ќе има паркинзи (бр.8 и бр.9 на мапата на илустрацијата) и од таму со 2 жичарници да ги искачува скијачите и туристите до Аеродром. Ова решение е целосно неприфатливо, од следниве причини. Прво, тоа би бил најјужен дел од скијалиштето, југоисточно ориентиран, кој никогаш досега не се користел за ништо, па дури ни за фрирајд. Прилично рамен е и неатрактивен терен. До него треба да пристига новата транспортна гондола од Тетово. Но, таа локација е целосно на периферијата на ски-центарот, најдалеку од викенд населбата и од сите други објекти, хотели, полиција, медицинска амбуланта итн. Секако, покрај жичарата траба да се направи и крак на магистралниот пат од Тетово, од месноста Голгота, кој треба да преминува преку долот на реката, претпоставувам со мост. Едноставно, ова е фрлање пари, кога имате алтернативни локации – Сидол, Шипковачки Бачила, Јелак. Тоа се извонредно атрактивни локации, со природен снег од 6 месеци, од ноември до април, до кои многу поедноставно би се изградил крак на патот. Таму всушност и постојат патишта кои се користат од  мештаните за потребите во овој дел – објаснува Трпковски. Од 1974 година наваму, проектантите и реализаторите на тогашниот развој на Попова Шапка повеќе пати правеле катастрофални грешки, со нереализираните проекти за активирање на Јелак и на другите повисоки локации, „преместувајќи“ ги предвидените ски лифтови во најјужните делови, токму на зоната околу и под локацијата Аеродром. Последниот двосед, „Св. Илија“, поставен во 1990-тите години појужно од на локацијата од најјужниот ски-лифт, е целосно промашување. – Мора да се следат светските трендови. Во светот веќе се демонтираат ски-лифти и жичарници под 1.600 метри надморска височина и на јужна ориентација. Мора да се исправат пропустите од минатото, со освојување на повисоките падини кон Баубинова стена, Церипашина, најприоритетно Јелак и кон северните падини кон Сидол и Шипковачки бачила – категоричен е Трпковски, човек кој има големи познавања и контакти со луѓе кои проектираат ски-центри во регионот.

Најголемиот македонски туристички потенцијал заслужува повеќе –Студијата од ОЕЦД од Париз, изработена од проектантската куќа AKAU, Geneve, за скијалиштето Попова Шапка – Јелак, со ски патеки со вкупна висинска разлика од 11.000 метри, е за најмалку 18.000 скијачи. Имајте предвид дека од 1974 до денес потенцијалот е 3 до 5 пати поголем. Според пресметката во оваа студија, тоа е една третина од Цермат, локација си практично неограничена можност за развој, во сегментот ограничен со реките Пена и Боговињска река и понатаму низ цела Шар Планина. Во 1980-тите години Попова Шапка ја посетуваа повеќе од 100.000 гости во сезона. Тоа е еден од најстар и најголем ски-центар во Македонија, кој датира уште од 1947 година. Сместен на надморска висина од 1.800 метри, се одликува со голем број сончеви денови и со снежна покривка погодна за квалитетно скијање од крајот на ноември до април. На овој потег има голем број врвови со над 2.500 метри надморска висина. Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 километри од Тетово и 53 километри од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. До Попова Шапка порано можеше да се стигне и со гондолата долга околу 7 километри. Но, сето тоа веќе му припаѓа на минатиот век. Да се надеваме дека новиот инвеститор ќе донесе не само пари, туку и многу знаење и дека во консултација со локалните експерти ќе се направат вистинските потези за ски-центарот којшто претставува  најголем потенцијал на македонскиот туризам воопшто.

    

Најново

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Апасиев демантира дека наредил бојкот – зад фотомонтажата стојат ботови на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сончево време со температура до 26 степени

Sase Ivanovski

Ахмети: Ќе треба да изберете меѓу тие што прават историја и тие што не знаат два чекора напред да направат

Sase Ivanovski

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Sase Ivanovski

Последен ден кампања – од полноќ молк

Sase Ivanovski

Аваја има моќ да ја обликува иднината на ромската заедница

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Sase Ivanovski

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

Sase Ivanovski

Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја

Sase Ivanovski

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

Sase Ivanovski

Возач загина на експресниот пат Штип-Кочани – жена и две мали деца во болница

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Sase Ivanovski

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Sase Ivanovski

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Sase Ivanovski

Ковачевски од Струмица: СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња

Sase Ivanovski

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Sase Ivanovski

Трамп го обвини Бајден дека раководел со „администрацијата на Гестапо“

Sase Ivanovski

Малолетничка побегнала од дома, таткото се сомнева дека е кај момчето

Sase Ivanovski

Унгарија: Протест на опозицијата против Орбан

Sase Ivanovski

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

Убиена е жена во Хрватска, уапсен е член на семејството

Sase Ivanovski

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Sase Ivanovski

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите

Sase Ivanovski

Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

Sase Ivanovski

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации

Sase Ivanovski

Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина  

Sase Ivanovski

Град Скопје продолжува со реализација на проекти за темелно подобрување на водоснабдувањето на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник

Sase Ivanovski

Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласот за СДСМ е глас за европска иднина и подобри услови тука, дома

Sase Ivanovski

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка за Велигден од претседателот на СРМ Митрески: „Да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има десничарска партија на власт, ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива

Sase Ivanovski

Тренчевска: Ја зголемивме социјалната помош за 330%, ги зголемивме пензиите за 53%

Sase Ivanovski

Митева: И Македонците и Албанците и сите останати исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард, како идна влада имаме за цел да ја направиме Македонија функционална држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Поддршката за домашните компании продолжува, СДСМ нема да се откаже од подобра и европска иднина за државата

Sase Ivanovski

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција

Sase Ivanovski

Павле Арсоски, Потпретседател на ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата со целосна професионализиција и департизација на секторот безбедност и со решавање на статусот на професионалните војници

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Sase Ivanovski

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари

Sase Ivanovski

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат до последно, повторен обид на МЗ да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално

Sase Ivanovski

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Sase Ivanovski

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра, ќе се заврши новата детска градинка

Sase Ivanovski

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

Sase Ivanovski

ЈА ИЗВЕСТИВ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ВЛЕЧЕЛ И ГРЕБЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Не им дозволувал да приведат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК Е ТРЕТ Бернар Арно е најбогат во светот

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Sase Ivanovski
Вчитувам....