Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е видно насмеана, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија и додаде: „Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“.-Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста. Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење. Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана, вели Дамева.