Полицаецот, кој е обвинет дека смртно застрела 16-годишен Ром за време на полициска потера во Солун, денеска беше ослободен и забранет му е излез од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.Полицаецот досега беше во домашен притвор, по несогласувањето меѓу истражниот судија и обвинителот по првото сослушување, додека момчето беше сè уште живо, во однос на тоа дали да биде притворен, а Кривичниот суд во Солун денеска одлучи обвинетиот да биде ослободен.
Инцидентот се случи на 5 декември, а осум дена подоцна 16-годишниот им подлегна на сериозните повреди, па така во следниот период одново ќе се разгледа случајот со оглед на тоа дека полицаецот, сега веќе се товари за ново дело убиство.На 5 декември кусо по полноќ момчето застанало на бензинска станица, наполнило бензин, побегнало без да плати и веднаш била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелан во пределот на главата од еден од полицајците.