Денеска заради наслови во неколку медиуми, главната теза во јавноста е дека „Само 4% од граѓаните веруваат во судството“.Според истражувањето на ИРИ, 4% проценти имаат целосна доверба и уште 19% имаат делумна доверба, односно 23% вкупно. Ова вака се толкува и никако поинаку. Или насловот треба да биде „Само 4% од граѓаните имаат целосна доверба во судството“
Ако не се согласувате со ова, тогаш фер е да напишете и на ист начин да толкувате дека: „Само 7% од граѓаните имаат доверба во медиумите“, наслов што никаде не го сретнав. Еве на графиконот токму тоа го кажува. Ако вака на ист начин се креираше и она 8% доверба кое сите го повторуваат како папагали, тогаш сериозно треба да се размисли за оваа работа.И не, не го бранам судството кое ДНО, ама редно време е да се едуцираме и да не се прават манипулации при интерпретација.