Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за рзаразни болести, во утринската емисија на Телма рече дека најголема грешка во изминатите две и пол години од почетокот на ковид пандемијата биле олабавувањата на мерките за време на празниците, но и тоа што Министерството за здравство не успеало да ги реорганизира матичните лекари.- Имавме идеја системот да го спремиме, матичните лекари да постават неколку пунктови, каде што граѓаните би добиле здравствена заштита во еден ден да бидат тестирани и упатени каде да одат, што би го скратило времето на граѓаните и епидемиолошки тоа би била ефикасна мерка, но не се договоривме и не знам зошто тоа не заживеа.
Пазарењата за олабавување на празници беа небулозни и одење со маските на отворено а при тоа нивното носење во кафулиња немаше смисол. Во тоа време сметавме дека во кафаната е безбедна бидејќи само вакцинирани влегуваа, но тоа немаше смисла, рече еден од најистакнатите експерти од областа на имунологијата.Според Петличковски, Македонија не треба да стравува од камилскиот грип, пренесуван за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Катар.
– Човештото е нонстоп под различни закани од САРС и МЕРС, но затоа ја иамме Светската здравствена организација да алармира кога заканата е реална. Ние имаме еден центар за алармирање формиран од Центарот за јавно здраввје со алгоритам на мерки кои треба да се активираат и тој функционира. За мајмунските сипаници денеска никој не разговара, а пред три месеци изгледаа реална опасност, наведе директорот на Институтот за имунологијa