Седумнаесетгодишното девојче кое на железничката станица во Маџари претрпе тешки изгореници по грбот и нозете додека снимаше видео за Тик Ток, по безмалку еден месец лекување, сега е во добра состојба и пуштена дома, информира МКД.Девојката која беше итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од кабелот под висок напон над вагонот е оздравена, стабилна и во добра здравствена состојба, потврдиле од Клиниката за пластична хирургија во Скопје
Нејзиниот живот е спасен благодарение на пожртвуваноста на лекарите од Итната медицинска помош, од КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување) и Клиниката за пластична хирургија.Таа имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото, одговорија од клиниката