И јас би го ослободил
Гледајте, да сум јас судија и да дојде Сашо Мијалков да ми рече, Тричко, еве ти десет милиони евра за една ослободителна пресуда или, ако ти е тоа многу, еве ти пет за пресуда која ќе може да се поништи на Апелација, па да отиде во застара, во овие општествени констелации, веднаш би рекол: “Да, Сашо, љубави, кај ти се парите”. Јас да изигрувам принципиелна правосудна будала во едно корупмпирано граѓанство, кое со својата партиска корупција, меѓу другото, го загрозува мојот статус и интегритет како судија и како човек, среде еден раскурцан и темелмо оглупавен народ кој ми навестува дека е спремен утре да ми пушти некој партиски претседател или секретар кој ќе ме ликвидира во професионална и морална смисла, јас, значи, да гледам како тие се продаваат за кило брашно и едно место од триста евра за децата, јас да изигравам морална вертикала- не, Сашо, брат, давај парите и да ја завршиме таа работа.
Дури сум чул дека кога Сашо гледа телевизија на софата му испаѓаат толку пари колку што е тригодишниот буџет на целокупното правосудство. Корупција, е па, корупција. Вие ќе гласате за вмро, пеесет или колку пратеници сте избрале од листата на Сашота, а мене ќе ме терате да бидам комуњарски чесен, курац фини, марш, слобода за Сашо, смрт на говњарите.
Како вие тоа га замислувате: вие да гласате за вмро, а јас да гласам против Сашо, па чекајте малку, бе, не може то тако.
Тоа е!