Во оваа прилика, во свое и во име на МВР упатувам искрени честитки до турската заедница во РСМ по повод Денот на наставата на турски јазик, a мудрите зборови на големиот Мустафа Кемал Ататурк – „народот што ја дава последната жртва за животот и слибодата, не може да биде победен”, нека ни го осветлуваат патот на меѓусебната почит и солидарноста. Бидејќи, почитта кон различностите е нашата сила и духовна големина во зачувувањето на вредностите во нашето мултикултурно општество, од кое турската заедница е несомнено значаен и неделив дел.





Уште една голема мисла од Ататурк вели: “Учителите и образованието се тие кои ги спасуваат нациите”. Во тој дух, нека образованието на мајчин јазик остане столб на нашето демократско Едно општество за сите граѓани.Нека е за многу години 21 Декември – Денот на настава на турски јазик.