Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со заменик генералниот директор за безбедност на Директоратот на Европската Комисија за миграција и внатрешни работи, Оливер Ониди, заедно со претставници од Европската Комисија. Министерот Спасовски посакувајќи им добредојде на делегацијата од ЕК, изрази задоволство за можноста заеднички да разговараат за теми што ќе придонесат за унапредување на соработката.
„Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за посветеноста и ангажманот на Европската Комисија насочен кон побрзо интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија. Длабоко сум убеден дека преку исполнувањето на приоритетите зацртани во Акцискиот план ќе обезбедиме подобро управување со миграциските текови и поуспешна борба против организираниот криминал. Од друга страна, нашата заедничка соработка придонесува кон јакнење на нашите национални капацитети, но и кон имплементирање на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и миграцијата. Имаме добра основа, но и политичка волја и капацитет тоа да го направиме. Во суштина, со Акцискиот план ја отвораме вратата на поинтензивна соработка со Европската Унија, заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување”, рече Спасовски. Министерот Спасовски истакна дека приоритетите на Европската Унија содржани во Акцискиот план се препознаени и како национални приоритети, чие менаџирање е дефинирано и во националните стратегии. „На пример, тука би ја споменал Националната стратегија за интегрирано гранично управување, чија главна цел е натамошно развивање на националниот систем за интегрирано гранично управување во согласност со Европскиот концепт за гранично управување. Потоа, Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Резолуцијата за миграциска политика, кои како документи јасно ја изразуваат посветеноста на нашата држава во поглед на мапирањето на клучните предизвици кои произлегуваат од овие области, како и соодветен одговор за секој од нив”, истакна министерот Спасовски.Во областа на миграциите и надворешните граници како најзначаен исчекор кој ја обележи 2022 година, министерот Спасовски го истакна потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија. „Длабоко с„Длабоко сум убеден дека имплементацијата на овој Договор, како и на соодветните договори со другите земји од Западен Балкан ќе придонесат кон посигурни граници и поголема безбедност за целиот регион. Во тој контекст, ја поздравувам мерката содржана во ЕУ Акцискиот план за Западен Балкан, во делот на јакнење на капацитетите на граничното управување вдолж рутата, со која се предвидува зајакнување на заедничките операции со ФРОНТЕКС и нивно распоредување на надворешната граница на ЕУ со земјите од Западен Балкан”, потенцираше министерот Спасовски, при што сподели статистички податоци за илегалните преминувањa вдолж Западно-балканската рута, како поткрепа за неопходните мерки.ум убеден дека имплементацијата на овој Договор, како и на соодветните договори со другите земји од Западен Балкан ќе придонесат кон посигурни граници и поголема безбедност за целиот регион. Во тој контекст, ја поздравувам мерката содржана во ЕУ Акцискиот план за Западен Балкан, во делот на јакнење на капацитетите на граничното управување вдолж рутата, со која се предвидува зајакнување на заедничките операции со ФРОНТЕКС и нивно распоредување на надворешната граница на ЕУ со земјите од Западен Балкан”, потенцираше министерот Спасовски, при што сподели статистички податоци за илегалните преминувањa вдолж Западно-балканската рута, како поткрепа за неопходните мерки. На средбата беше истакната и воспоставената соработка со Агенцијата за азил на Европската Унија, со која беше развиен Патоказот за соработка за периодот 2020-2022. На крајот од средбата министерот Спасовски изрази благодарност до Европската Унија за континуираната поддршка за зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, а особено на Граничната полиција, преку обезбедување на советодавна помош, обуки, како и преку набавка на возила и специјализирана опрема за зајакнување на граничниот надзор, со уверување дека Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со сите соседи и земји партнери, а особено со ЕУ институциите, како стратешки партнер во исполнување на заедничките приоритети.
Најново
(ВИДЕО) ЕКС ПРЕМИЕРОТ ДЕНКОВ ГИ ТЕШИ БУГАРИТЕ: Лесно ќе го победиме Мицковски, прави многу грешки! Новинарката не му верува, преплашена дека владата на РСМ е во залет!
Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје
ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Грантови до 10.000 евра за самовработување на млади, намалена инфлација и раст на платите
Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото
СО ЕЛЕКТРИЧНИ ОГРАДИ ЌЕ СЕ ШТИТAT ДОБИТОКОТ И ПЧЕЛИТЕ ОД НАПАДИ НА МЕЧКИ НА ШАР ПЛАНИНА Пет земјоделци опфатени со проектот за заштита на кафеавата мечка
По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече обвинителката Жаклина Трајковска
Владата му ја покачила платата на Стојанче Ангелов – ќе зема 200 евра повеќе секој месец, објави Трендафилов од ССМ
Туфегчиќ: Обвинителство не докажа дека Александар Ѓорчевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар
БОЛИ ГЛАВА ОД СУМАТА: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра
Драга публико, јас без вас не бил ништо, кажа Гоце Тодоровски: Награди за животно дело за бардовите на македонското театарско глумиште!
Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики
ПОБАРАН ПОГОЛЕМ ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ФИРМИТЕ Гувернерот Славески се сретна со претседателот на Стопанската комора
Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото
РУСИЈА ГО ИЗВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА?! Кремљ ја нападна Украина со 479 беспилотни летала
Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп поради хаосот во Лос Анџелес: „Претседателот долеа масло на огнот“
СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Дедото на големиот патриот Никола Груевски бил дел од одборот за пречек на бугарската војска во Штип
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Генерал Михајло Апостолски бил спасен од германски логор со тоа што се изјаснил за Бугарин
AA: Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја иницираше комуникацијата со него… денес ќе се изгласа за министер за здравство!!!
Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Германците стрелале над 500 Македонци во втората светска војна, зошто нема никаде за нив споменик плоча?!
Директорот на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахадин Рустеми испрати формална нотарски заверена изјава, проследена со соопштение со кое се осврнува на неодамнешните обвинувања изнесени од како тој ги нарече “комитите” од ВЛЕН во врска со наводни неовластени плаќања
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Сите големи победи на партизаните во втората светска војна се измама, тие ги изгубиле сите битки, цело време масакрирале и пљачкале цивили
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Целата плодна почва во Македонија е во рацете на Срби доселени од Србија, Босна и Хрватска од страна на српската власт пред втората светска војна
(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Во нашата историја учевме дека втората светска војна траела од 1941 до 1945, иако цел свет знае дека војната почнала 1939та, но се крие дека 2 години фашистите и комунистите биле најголеми сојузници
Премиерот најави „историски“ проект за Кочани и обвинува граѓанско движење дека преминувало во политичко движење?!
(ФОТО) Костадинов ги искара полуматурантите: Ова не е повод за хаос, учениците веднаш да го исчистат отпадот што го оставиле
ОД 7.000 ДО 10.000 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПОЧНЕ БИЗНИС Државата нуди грантови, еве кој може да аплицира и до кога
Вчитувам....