20.8 C
Скопје
10/06/2025 00:25
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Прес-конфереренција на министерот задолжен за дијаспора, др. Џемаил Чупи и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити за проектот „Центар за дијаспора“ на локално ниво

      

Министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи денес на заедничка прес-конференција со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити го презентираа проектот „Центар за дијаспора“ на локално ниво.Во продолжение интегралното обраќање на министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи:„За денешнава прилика подготвив кратко излагање во насока на подобро запознавање на пошироката јавност покрај другото и со еден успешно реализиран дел од спектрумот на активностите на мојот Кабинет, за кои сметам дека се од исклучителна важност за сите сонародници со потекло од Република Северна Македонија, кои живеат и работат ширум светот и ја сочинуваат нашата дијаспора.

Владата на Република Северна Македонија континуирано работи во функција и за интерес на дијаспората и истовремено се залага за исполнување на заедничката општа цел и мисија кои се предвидени во Националната стратегија за соработка со дијаспората и во Членот 49 од Уставот на Република Северна Македонија во контекст на постојана грижа за припадниците на нашата дијаспора во светот.Јас, како министер задолжен за дијаспора, целосно сум убеден во неизмерно големото значење и потенцијал на нашата дијаспора во поглед на целокупниот политичко-демократски и социо-економски развој на Република Северна Македонија а истото се сведува на ниво на национален интерес, затоа сум особено внимателен со сè што е поврзано со мојата област на компетентноста, и се стремам да го дадам својот придонес за да се олеснат процесите на вклучување на нашата дијаспора во сите сфери на животот, како во земјата каде што живеат, така и за времето на нивното враќање во родниот крај.

   

Согласно општата визија вградена во националната стратегија а во насока на унапредување и институционализирање на ефективната соработка во различни области помеѓу Владата и дијаспората, при моите посети во државите каде имаме поголем број припадници на нашата дијаспора посветував особено големо внимание и интерес кон истражување на потенцијалот на дијаспората од економски но и од културен/образовен аспект заради негово искористување во насока на зајакнување на врските со матичната држава и нивниот позитивен ефект во иднина.
Со зголемување на трендот на млади луѓе кои се ориентирани кон подобар живот во развиените западни земји, додавајќи го на тоа и одливот на мозоци, имено, миграција на професионалци, лекари, инженери и сл. се наметнува неодложна потреба дијаспората да има поактивна улога во развојот на нашата земја, од причина што само на тој начин ќе излезат на виделина успесите на многу наши сонародници кои живеат надвор од земјата, кои ги достигнаа височините на успехот на различни полиња. Нивниот придонес не треба да се гледа само во испораката на филантропија, или во привлекување на инвестиции и претприемачки активности, туку и на полето на пренесување на нови професионални вештини, како и нивниот придонес во развојот на демократизацијата на земјата и заштитата на човековите права.

Дозволете ми накратко да се осврнам на еден актуелен проект на Кабинетот задолжен за дијаспора за кој сме повикани. Во интерес и за доброто на нашата дијаспора, чест и задоволство ми е да ве известам дека неодамна во име на Владата, завршив со поединечно потпишување на Договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и 23 општини на Република Северна Македонија кои ја прифатиле оваа иницијатива и тоа за следните: 1. Аеродром; 2. Берово; 3. Босилово; 4. Василево; 5. Виница; 6. Гостивар; 7. Дебар; 8. Делчево; 9. Карпош; 10. Кисела Вода; 11. Кичево; 12. Конче; 13. Кочани; 14. Крушево; 15. Маврово и Ростуше; 16. Македонски Брод; 17. Новаци; 18. Ново Село; 19. Ресен; 20. Свети Николе; 21. Теарце; 22. Центар Жупа; 23. Штип (анекс договор).Појаснувам дека овие канцеларии пред сè имаат посредничка улога и истите ќе служат како центри со пристап до потребни информации и дополнителни насоки по основ на правата на припадниците на дијаспората за соодветните постапки пред надлежните институции.Дополнително, овој договор ќе биде институционална рамка која ќе овозможи користење на методи за мапирање на научна и економска дијаспора за секоја општина посебно, како еден од нашите утврдени приоритетни проекти од големо значење.Како клучна активност мојот Кабинет наскоро ќе организира и одржи работилница од типот на јакнење на капацитетите за идните определени општински вработени во тие канцеларии, со цел нивно успешно отпочнување со секојдневните работни обврски преку давање услуги, исклучиво наменети за нашите сонародници кои живеат и работат во странство, посебно за време на нивниот престој во татковината.

Во понатамошните планови, воедно со предвиденото започнување на активностите на канцелариите ќе отпочне и идниот меѓуинституционален партиципативен процес во кој покрај Кабинетот и општините ќе биде вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација со цел заедничко координирано, ефикасно и ефективно функционирање на овие центри, заради задоволување на суштинските потреби на нашата дијаспора во новата ера на дигитализација.Верувам дека со активно превземање на потребните чекори за спроведување на овие договори во пракса, во блиска иднина ваквиот вид на соработка ќе покаже видни резултати на едно завидно ниво со можност да прерасне во униформен функционален систем на работење и меѓу институционална соработка во интерес на дијаспората“, истакна министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи.Во продолжение интегралното обраќање на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.„На оваа прес-конференција, со задоволство можам да се изјаснам пред вас за една ваква иницијатива, во соработка меѓу Министерството за дијаспора и Министерството за информатичко општество и администрација, за отворање Центри на дијаспората, кои ќе служат како поврзувачки мост меѓу нашите граѓани во дијаспората и институциите кои ќе го олеснат и овозможат остварувањето на нивните права и олеснување на нивните процедури.

Врз основа на големиот број граѓани во дијаспората, без да го заборавам нивниот придонес за унапредување и економски развој, потенцирам дека овој проект е многу важен во исполнувањето на благосостојбата и услугите на дијаспората, како и во развојот на интеракција со бизнис заедницата во Република Северна Македонија.Дозволете ми да кажам дека како министер за информатичко општество и администрација, со задоволство ја поддржуваме оваа соработка, преку обезбедување услуги и дигитални уреди како и преку поддршка на администрацијата која ќе биде ангажирана за давање услуги на дијаспората.Сметаме дека тоа позитивно ќе се одрази со отворање врати за помош, поддршка и забрзување на процедурите за граѓаните кои живеат во странство, како и услови за привлекување странски инвеститори.Посакувам овој проект да се реализира успешно, додека се надевам дека во иднина ќе продолжи многу да се шири продирајќи во секое место и да се исполнува секоја потреба на граѓаните во дијаспората.Нашите напори ќе продолжат да обезбедуваме што е можно повеќе услуги и информации, надминувајќи ги тешкотиите и пречките за пристап до нив. Нагласувам дека како министер и како Министерство за информатичко општество и администрација ја изразуваме нашата подготвеност и целосна волја да помогнеме и да ги поддржиме сите институции во ваквите иницијативи кои не доближуваат чекор поблиску до граѓаните”, заклучи министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

   

Најново

(ВИДЕО) ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ ЈОРДАНОВ НАПИША КНИГА – МИСИЈА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ДЕНКОВ: Македонскиот инат скапо ќе ги чини Македонците!

Sase Ivanovski

Бугарија ќе купува ураниум од Казахстан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ПРЕМИЕРОТ ДЕНКОВ ГИ ТЕШИ БУГАРИТЕ: Лесно ќе го победиме Мицковски, прави многу грешки! Новинарката не му верува, преплашена дека владата на РСМ е во залет!

Sase Ivanovski

Делови од Скопје утре без струја: Проверете дали сте на списокот

Sase Ivanovski

Поради овие работи може да бидете вратени од авионот, морате да внимавате

Sase Ivanovski

Орбан: На ​​Украина и требаат преговори и мир, дипломатите да ја преземат контролата од генералите

Sase Ivanovski

Само 20 минути престој во природа го намалува стресот

Sase Ivanovski

Станале директори на училишта во Македонска Каменица со фалсификат сертификати за англиски јазик

Sase Ivanovski

Уставен ме одјави како да сум сезонска работничка, вели судијката Елизабета Дуковска

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Израел не врши геноцид, но сликите на децата кои страдаат во Газа се потресни

Sase Ivanovski

Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на Јадранското Море: Силни струи однеле две жени далеку од брегот кај Сутоморе

Sase Ivanovski

Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Храната во Македонија за еден месец поскапела за 4,1 отсто

Sase Ivanovski

Угостителски објект-дивоградба работел без стандарди во Делчево, газдарицата ќе одговара

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Грантови до 10.000 евра за самовработување на млади, намалена инфлација и раст на платите

Sase Ivanovski

Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Sase Ivanovski

Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото

Sase Ivanovski

ДЕВОЈЧЕ ПАДНА ОД РИНГИШПИЛ ВО СРБИЈА Полицијата уапси три лица

Sase Ivanovski

„ТИЕ СИ ЗНААТ, ГОЛЕМИ СЕ“ Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск

Sase Ivanovski

НОВ МЕТОД ЗА ОТКРИВАЊЕ ХИВ ВИРУС ВО КЛЕТКИТЕ Пробивот може да биде клучен за изнаоѓање лек

Sase Ivanovski

СО ЕЛЕКТРИЧНИ ОГРАДИ ЌЕ СЕ ШТИТAT ДОБИТОКОТ И ПЧЕЛИТЕ ОД НАПАДИ НА МЕЧКИ НА ШАР ПЛАНИНА Пет земјоделци опфатени со проектот за заштита на кафеавата мечка

Sase Ivanovski

Соработка за економски напредок: Средба на гувернерот со претседателот на Стопанската комора

Sase Ivanovski

Прегазен велосипедист во Охрид

Sase Ivanovski

По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече обвинителката Жаклина Трајковска

Sase Ivanovski

Владата му ја покачила платата на Стојанче Ангелов – ќе зема 200 евра повеќе секој месец, објави Трендафилов од ССМ

Sase Ivanovski

Филипче: Следната недела СДСМ ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Sase Ivanovski

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Македонија славеше во Астана: Светското првенство се поблиску

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинителство не докажа дека Александар Ѓорчевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар

Sase Ivanovski

БОЛИ ГЛАВА ОД СУМАТА: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Sase Ivanovski

Драга публико, јас без вас не бил ништо, кажа Гоце Тодоровски: Награди за животно дело за бардовите на македонското театарско глумиште!

Sase Ivanovski

„Сапорт Кочани“ до премиерот: Не убивајте го ентузијазмот на луѓето

Sase Ivanovski

Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики

Sase Ivanovski

ДЕБАР СТРАВУВА ОД ЗАРАЗА На 20 километри има животни болни од чума

Sase Ivanovski

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Sase Ivanovski

ПОБАРАН ПОГОЛЕМ ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ФИРМИТЕ Гувернерот Славески се сретна со претседателот на Стопанската комора

Sase Ivanovski

РУТЕ БАРА 400% ПОЈАКА ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВО НАТО Според генсекот е потребен квантен скок во моќта

Sase Ivanovski

Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото

Sase Ivanovski

РУСИЈА ГО ИЗВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА?! Кремљ ја нападна Украина со 479 беспилотни летала

Sase Ivanovski

ПРВИТЕ ЗАРОБЕНИЦИ СЕ ВРАТИЈА ВО УКРАИНА Стигнаа млади и тешко повредени војници

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ѝ изрече казна од 88 000 евра на „Комунална хигиена“ поради несобирање отпад

Sase Ivanovski

Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп поради хаосот во Лос Анџелес: „Претседателот долеа масло на огнот“

Sase Ivanovski

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Дедото на големиот патриот Никола Груевски бил дел од одборот за пречек на бугарската војска во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Генерал Михајло Апостолски бил спасен од германски логор со тоа што се изјаснил за Бугарин

Sase Ivanovski

Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица

Sase Ivanovski

НАТО Е АГРЕСОР, ПАДНА МАСКАТА Кремљ го коментира барањето на генсекот Руте

Sase Ivanovski

AA: Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја иницираше комуникацијата со него… денес ќе се изгласа за министер за здравство!!!

Sase Ivanovski

НЕ БИРАЛЕ СО ШТО СЕ ТЕПААТ Маж и жена се гаѓале со тврди предмети, интервенирала полицијата

Sase Ivanovski

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЈАБЛАНИЦА Повредена планинарка од Струга, хеликоптер лета кон неа

Sase Ivanovski

Зоран и Зорица Заеви на продолжен викенд на море во Грција

Sase Ivanovski

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди

Sase Ivanovski

Талески за Алиу: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Германците стрелале над 500 Македонци во втората светска војна, зошто нема никаде за нив споменик плоча?!

Sase Ivanovski

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат од пчели

Sase Ivanovski

Освен Крмзов, обезбедени се уште две лица – ОЈО ГОКК утре ќе информира за кривичните дела

Sase Ivanovski

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Sase Ivanovski

ИНФО ДЕН посветен на можностите за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија

Sase Ivanovski

Вардарска регата од Велес до Солун: Пловење низ историја, природа и пријателство

Sase Ivanovski

Струга во мрак, стружани со свои пари менуваат светилки

Sase Ivanovski

Директорот на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахадин Рустеми испрати формална нотарски заверена изјава, проследена со соопштение со кое се осврнува на неодамнешните обвинувања изнесени од како тој ги нарече “комитите” од ВЛЕН во врска со наводни неовластени плаќања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи !!!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Сите големи победи на партизаните во втората светска војна се измама, тие ги изгубиле сите битки, цело време масакрирале и пљачкале цивили

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Целата плодна почва во Македонија е во рацете на Срби доселени од Србија, Босна и Хрватска од страна на српската власт пред втората светска војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Во нашата историја учевме дека втората светска војна траела од 1941 до 1945, иако цел свет знае дека војната почнала 1939та, но се крие дека 2 години фашистите и комунистите биле најголеми сојузници

Sase Ivanovski

СЕДУМ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА АЛКАЛОИД Еве кои ракометари доаѓаат во шампионот на ЕХФ купот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата на УМС беше на отворено, а факли може да купи и физичко лице

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите

Sase Ivanovski

Субвенции за велосипеди и во Ѓорче Петров, најмногу до 3000 денари

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Премиерот најави „историски“ проект за Кочани и обвинува граѓанско движење дека преминувало во политичко движење?!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Костадинов ги искара полуматурантите: Ова не е повод за хаос, учениците веднаш да го исчистат отпадот што го оставиле

Sase Ivanovski

Почина работникот кој падна од платформа на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Sase Ivanovski

ОД 7.000 ДО 10.000 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПОЧНЕ БИЗНИС Државата нуди грантови, еве кој може да аплицира и до кога

Sase Ivanovski

УКРАИНА УДРИ ВО ВНАТРЕШНОСТА НА РУСИЈА Два авиона уништени на аеродромот Саваслејка

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ ОДБИЛ 20.000 КЛУЧНИ РАКЕТНИ ФИТИЛИ НА ЗЕЛЕНСКИ Украина со Бајден договорила испорака на моќно оружје

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Ја убиле Вања а со парите сакале да им прават свадби и да им купуваат станови на своите деца“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска

Sase Ivanovski
Вчитувам....