31.8 C
Скопје
12/06/2025 15:21
МАКТЕЛ

   

ЌЕ СЕ УКИНЕ ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН? На граѓаните им се токмат повисоки цени на осигурување

      

Од Министерството за финансии велат дека тие заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување веќе прават анализи за преминување кон овој модел. Се размислува за укинување на зелениот картон, односно воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што тоа е дефинирано со директивите на ЕУ, иако во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот има одредба според која ова ќе се применува дури после влегување на земјата во Унијата, дознава Плусинфо. Засега е непознато зошто владата размислува за предвремено применување на оваа директива. Од Министерството за финансии велат дека тие, заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување, веќе прават анализи за преминување кон овој модел.

Планот, како што дознаваме, е во првиот или вториот квартал од следната година да се добијат сите параметри и да се донесе одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што треба да се направат измени на Законот. Ова за граѓаните кои поседуваат возила ќе значи и поскапување на осигурувањето, бидејќи во него ќе биде опфатено осигурувањето од автоодговорност и износот за зелен картон, покрај регистрацијата. Токму тоа била и причината што во Министерството за финансии и другите институции задолжени за осигурувањето се прават анализите пред да се обелодени намерата во јавност. – Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон – велат од Министерството за финансии.

   

Од Министерството не споделуваат информација за тоа какви се предвивувањата за цените на осигурувањето, по спојувањето на осигурувањето од автоодговорност и зелениот картон, и кога би можело да се очекува примена на заедничкото осигурување. Инаку според актуелниот Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, единствената премија е предвидено да почне да се применува кога земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Пред неговото донесување осигурителните компании побараа да се укине зелениот картон и да се премине на единствено осигурување на возилата, но тогаш тоа нивно барање не беше прифатен. Истовремено, граѓаните и превозниците бараа поевтин зелен картон, бидејќи македонскиот е најскап во регионот. Сега владата се премисли и бара начин како да им одговори на двете барања, но каков ќе биде крајниот исход, не се знае.

Кои се цените на зелениот картон и осигурителната премија? – Според актуелните цени зелениот картон за патничко возило до 66 kW на годишно ниво е 3.690 денари, а за они над 66 kW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 kW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари. Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност. Износот на годишната премија е еднаков кај сите осигурителни компании зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др. Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку немате предизвикано сообраќајна незгода. Осигурувањето од автоодговорност е законски задолжително осигурување кое се склучува при регистрација на моторните возила. Целта е да се обезбеди заштита во случај на штета нанесена на трети лица и предмети, така што трошоците кои инаку би требало да ги плати осигуреникот (сопственикот на возило), ги надоместува осигурителната компанија каде што е потпишан договорот за осигурување. Ова осигурување ги покрива штетите во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.

Граѓаните и превозниците загрижени за поскапото осигурување и регистрацијата на возилата – Граѓаните кои во изминатиот период не користеле зелен картон, бидејќи не патуваат со сопствен автомобил во странство, се загрижени дека при регистрирањето на возилата ќе треба да платат повеќе. – Иако имам кола, јас со години поради финансиската состојба не возам кога одам во странство. Сега одел или не одел во странство ќе треба да платам осигурување кое подразбира и зелен картон. Пред некоја година исто се водеше ваква расправа и одлучија да има одделно осигурување од автоодговорност и зелен картон што беше добро за оние кои не возат во странство, а другите плаќаат висока цена за зелен картон. Сега, се чини, државата се премисли и ќе го подели износот на зелените картони на сите сопственици на возила, што не е праведно. Сметам дека тоа не е праведно кон оние кои не возат сопствен автомобил во странство – вели граѓанин. И превозниците очекуваат повисок износ на осигурувањето бидејќи при формирањето на цената на новото осигурување ќе треба да влезат и факторите кои ја сочинуваа цената на зелениот картон меѓу кои вкупниот износ на штети во странство, реосигурување на штетите и нематеријалните штети, кои се многу висока ставка.

Билјана Муратовска од Асоцијацијата на превозните трговски друштва „Макам-транс“ вели дека доколку се спојат двата дела од сегашното осигурување ќе значи зголемување на износот за задолжително осигурување за сите што имаат во сопственост возила без разлика дали излегуваат надвор од државата или не. – Немаме пресметка за тоа колку би се зголемило осигурувањето во овој случај, но знаеме дека износот ќе се зголеми бидејќи ќе се укинат износите што се плаќаат дополнително за зелен картон. Притоа ќе остане и административниот надомест за пополнување на образецот за државите со кои нема да биде воспоставено заемно признавање на регистрациите на возилата и автоматско обезбедување целосна автоодговорност за штети на трето лице – вели Муратовска. Според неа, за да се воспостави ваков систем потребно е пред сè да се направи целосно ревидирање на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, негово допрецизирање и бришење на сите членови во кои се дефинирани одредби со одложена примена сè до влез на Македонија во ЕУ, како и да се промени и постојната тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица познатата пресметка бонус-малус по принцип на флота на возила и тоа за сите што имаат од шест и повеќе возила. Како е во Европа? – Во поголемиот дел од земјите во ЕУ сопственици на автомобили плаќаат единствена премија за осигурување и зелен картон. Во регионот, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Словенија и Грција се приклучија на поголемиот дел од земјите од ЕУ каде што е воведено единствено осигурување од автоодговорност.

   

Најново

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski
Вчитувам....