31.8 C
Скопје
12/06/2025 15:28
МАКТЕЛ

   

Ја попречи ли Апелацискиот суд правдата?

      

Ќе седнат ли на обвинителна клупа тие што ја попречуваат правдата? Ако тоа не се случи не треба никој повеќе да не` блокира однадвор. Ова ќе биде најсилната блокада на идентитетот на државата. Пишува Ерол Ризаов “ за Дојче веле. Секогаш кога ќе потсетевме, за никогаш да не се заборави, на најголемото зло во поновата историја на независна Македонија, најжестоките критики ни беа упатени во стилот- аман бе уште ли ќе ја замајувате јавноста со таа афера за прислушкувањето. Дури и добронамерните укажувања одеа во насока – било па поминало, осудени се луѓето, гледајте сега што се случува, какви се` не криминали и злоупотреби на власта ја тресат државата. Одговорот стаса деновиве. Е, па било, ама не поминало. На добар пат сме да се докаже дека ништо не се случило.

Кога нешто застарува во судските маратонски повеќегодишни постапки е исто како и да не се случило. Или уште полошо, се случило ама поради „повреди на одредбите од законот“ судењата можат да потрајат до денот кога стануваат беспредметни. Или кажано на разбирлив јазик, прислушкување на 20.000 граѓани цели седум години и држење под надзор на илјадници луѓе неспорно имало. И виновници за тоа неспорно имало. И пресуди со повеќегодишни затворски казни имало. За на крај многу изгледно поради смртен случај на тешко болната правда, да бидат живи, здрави, слободни и богати како кнезови погрешно судените главни виновници кои ја испланирале и спровеле оваа монструозна акција на држење под надзор со години на илјадници јавни личности. Одлуката на Апелацискиот суд во Скопје од 16.12.2022 година, обрнете внинмание на датумите, би можела да биде и празник на демократијата и на владеење на правото ако имаше навремено, јасно и валидно во детали јавно објавено образложение, а не конфузен декрет напишан како телеграма до јавноста дека се укинува пресудата за случајот со најмасовно и најдолготрајно мирновременско откриено и докажано прислушкување во светот.

   

Предметот се враќа назад кај скопскиот Кривичен суд затоа што се „направени суштествени повреди од одредбите на Законот за кривична постапка, кои се од апсолутен карактер, на кои овој суд внимава по службена должност, со што е доведена во прашање фактичката состојба и правилната примена на кривичниот законик.“ И толку, ни збор повеќе. За по два дена под силен притисок на јавноста да уследи уште поконфузно и сосема нерационално објаснување дека пресудата на Кривичниот суд е неразбирлива, клучен аргумент за укинување на пресудата и враќање назад во дообјаснувањето на Советот на Апелацискиот суд дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

Датумите на одлуки фрлаат големи сомнежи – Подетално образложение кои суштински повреди се направени ќе биде испратено најверојатно до Кривичниот суд и до јавноста ако за тоа Апелацискиот суд има обврска, што исто така во дополнителното дообјаснување се толкува дека Апелацискиот суд немал законска можност неправосилната одлука јавно да ја објавува. Ете со ова дополнително вадење пред јавноста, целиот случај добива димензија на некаква спорна пресуда од кафеанска тепачка, а не најтешкиот удар врз демократијата и стравотно повеќегодишно следење на комуникациите на илјадници граѓани и јавни личности. Случај кој предизвика тешки негативни последици не само по угледот на државата, туку врз целиот општествено политички систем. Целата јавност, вклучувајќи ја и стручната, правните експерти и политичките партии и владата и премиерот и претседателот на државата ќе ја искажуваат својата загриженост, разочарување и шокираност од донесената одлука на судиите од Апелацискиот суд, што во некои нормални околности би се сметало за притисок врз судиите од повисокиот надлежен суд. Но, двете образложенија на Советот на Апелацискиот суд објавени во јавноста уште повеќе ја зголемуваат недовербата во правосудниот систем, затоа што се поконфузни и понеразбирливи од образложенијата на пресудите.

Датумите на судските одлуки кажуваат многу нешта кои фрлаат големи сомнежи за исправноста на одлуката на Апелацискиот суд. Судењето на обвинетите за предметот „Таргет – Тврдина“ за незаконското прислушкување започна на 22.12.2017 година. По цели три години судски постапки, почитувајќи ги сите судски протоколи на кои има право одбраната и под надзор на експерти, на 26 февруари 2021 година Кривичниот суд за масовното повеќегодишно прислушкување и за уништување на опремата од УБК изрече затворски казни од 55 години и 10 години условни казни за 11 лица вклучувајќи го и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, на кого му беше изречена казна затвор од 12 години за „злосторничко здружување“, злоупотреба на службената положба и овластување и примање награда за противзаконско влијание. Во образложението на правосилната пресуда беше истакнато дека кривичните дела биле извршени од структуирана група без чие заедничко дејствување не би можело да се изведе кривичното дело.

Погледнете ја временската драма од првиот чин на злосторничкото здружение. Значи сложениот судски процес трае повеќе од три години, од декември 2017 до февруари 2021 година. А, на Апелацискиот суд му требаа речиси две години да открие дека се направени суштествени повреди од одредбите за кривична постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност да открива дека е доведена во прашање фактичката состојба и правилната примена на кривичниот законик. И сега се разбира, повторното судење може да потрае уште две години и во почетокот на 2025 година да застари. Јавните реакции многу кажуваат – Сега клучното прашање е кој ја попречува правдата: Кривичниот суд или Апелациониот суд, или пак некој над нив. Ако се земат предвид првите јавни реакции кои се индикативни, во јавноста е веќе постигната целосна конфузија на и онака изгубената доверба во правосудниот систем од најниските до највисоките судски инстанци.

Владата, премиерот и претседателот на државата се шокирани и разочарани, а најголемата опозициска партија приопштува дека проблемот е во владата и во судството, без да одреди дали затоа што се осудени невини луѓе; некогашни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, или дека станува збор за притисок на власта да бидат ослободени виновниците, што е надвор од здравиот разум. Досега во сите јавни изјави на врвот на ВМРО ДПМНЕ беше дека целото прислушкување било монтирано, сечено и лепено и дека станува збор за нарачани политички судски процеси. По ваквото враќање на повторно судење на најголемиот скандал и злоупотреба на власта со заробување на државата во врвот на ВМРО ДПМНЕ преовладала оценката дека најдобро е да не ја покажат радоста и да ја насочат вината во владата и во судството. Во суштина нивната оценка е ништо да не кажат. Тоа е најпрактично од причина што може да им се вратат „невино осудените“ па секое изјаснување може да ги поремети амбициите на премиерот кој веќе се гледа на таа позиција. Деновиве се очекува ламентацијата на Никола Груевски да потврди колку бил во право за монтираните судски процеси од незаконското прислушкување.

Македонија во наредните денови и месеци, веројатно и години, повторно ќе троши огромна енергија да открие кој ја попречува правдата за најголемото злодело на демократијата. Ќе седнат ли на обвинителна клупа тие што ја попречуваат правдата, или пак такво нешто нема во кривичниот законик. Ако тоа не се случи, не треба никој повеќе да не` блокира однадвор. Во Бугарија можат да бидат спокојни и да не се бламираат веќе со вета. Ова што ние самите си го правиме ќе биде најсилната блокада на идентитетот на државата и се` што оди заедно со тоа. Тенденцијата на враќање на предметите кои ја обезличија Македонија не се ништо ново. Истото се случи кога Апелацискиот суд ги прифати жалбите на обвинетите и ја укина првостепената пресуда и за случајот „Трезор“ и го врати предметот пред Основниот кривичен суд на повторно постапување. И во овој случај повисокиот суд констатирал дека првостепениот суд направил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на кривичниот законик. Предметот „Трезор“ се однесува за начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите. По три години судење по овој предмет, судот, исто така, донесе пресуди со повеќегодишни затворски казни кои веќе не важат. Целата суштина на овој планетарен срам е во фактот што поддршката на неправдата создаде јавен погубен амбиент кој оневозможува јасно да се видат работите, дури и на тоа што злото станува сосема можно.

Вината за тоа е во политиката, а тоа јасно се гледа од постапките и однесувањето кон јавноста која е контаминирана со кусо паметење на злоделата извршени најмногу кон неа. Додека не се прифати колкава е димензијата на 11- годишниот режими колку се опасни и штетни тие инсталации на „груевизмот“ кои уште се живи и здрави и работат со полна пареа, Македонија не може да мрдне ни чекор напред. Блокадите и хаосот се нивната храна на одржување. Нормалноста на демократските процеси и европеизацијата на Македонија ги прави излишни и целосно непотребни. Можно ли е да биде поразена правдата и во овие еклатантни случаи на тешки злоупотреби? Да, тоа е сосема можно додека сеќавањето трае колку кај рибите. Три секунди.

   

Најново

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski
Вчитувам....