Известени се Министерството за животна средина и локалната самоуправа од општина Јегуновце и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира„На 22.12.2022 во 12.50 часот полициски службеници од ПО Јегуновце, по претходно добиена пријава, излегле на лице место на местото викано ,,Калиште“, во атар на тетовско Јегуновце, место каде што порано од страна на поранешниот „Југохром“ бил фрлан отпаден материјал од оваа фабрика, а кое со Решение од Министерство за животна средина било затворено и прогласено за заштитна животна средина, при што е констатирано дека лицето С.К. (57) од Скопје, со специјално товарно возило за чистење на отпадни води и фекалии со скопски регистерски таблици, сопственост на правно лице од Скопје вршело празнење на резервоари од поранешната фабрика ,,Југохром“. Известени се Министерството за животна средина и локалната самоуправа од општина Јегуновце и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.