
Наградата освоена по јубилеен 10-ти пат го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и со јавноста воопшто.

Покрај ова, АЛКАЛОИД е добитник на уште две награди, и тоа за Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година, во конкуренција на акционерски друштва со над 50 милиони пазарна капитализација и за Акција на годината за 2022 година, во согласност со гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.

АЛКАЛОИД АД Скопје континуирано остварува позитивни резултати во работењето и се стреми кон градење одржлив модел на раст и развој на друштвото, нудејќи притоа јасна предвидливост на очекувањата кон пошироката заедница и кон сите заинтересирани страни. Ќе продолжиме со јакнење на овие сегменти од нашето работење и во годините што доаѓаат.