Реактуелизирање на понудата за „контактите“ доаѓа во време кога цената на гасот во Европа постојано паѓа последниве неколку недели, на 23 декември на берзата во Холандија се продаваше за 900 долари за 1.000 кубни метри.Во моментот кога цената на гасот во Европа падна на 900 долари за 1.000 кубни метри во Скопје повторно се разви политичката битка зошто македонската влада не ги искористила „контактите“ на ВМРО-ДПМНЕ за снабдување со гас пишува Независен.Како да е промотор на компанијата ПГО во петокот вечерта за време на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кажуваше дека државава направила голема грешка што не ја прифатила понудата од 850 евра за 1.000 кубни метри. И дека таа грешка чини стотина милиони евра, бидејќи се плаќало гас и до 1.950 евра, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1.560 евра.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи одговараше дека таа компанија никогаш не доставила комплетна документација, не ги приложила потребните референци задолжителни за сите понудувачи, ниту банкарска гаранција.Препукувањето продолжи и денес, а на ист начин како промотор на компанијата ГПО се појави со прес-конференција и другиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа објаснуваше дека „договорот кој е понуден од фирмата трговец со енергенси е класичен ЕФЕТ договор, договор кој го користат сите фирми кои тргуваат со енергенси во ЕУ, и тој е заштита и за државата бидејќи претставува европска пракса“. И дека „СДС и Ковачевски само заради политичка суета не ја прифатија помошта и можноста, која ВМРО-ДПМНЕ не ја понуди заради нив, туку заради народот и компаниите кои се мачат да преживеат“.
Од ЕСМ денеска реагираа наведената фирма била директно контактирана, дека била повикувана на неколку огласи за набавка на природен гас, па сепак до поднесување на комплетна понуда не дојде, „а дополнително бевме известени и дека за еден одреден период фирмата воопшто не е во можност да испорача гас“.Необјасниво е зошто една партија, па дури и да е ВМРО-ДПМНЕ се појавува како трговски промотор на компанија ПГО, која досега ниту еднаш не се огласи јавно да каже што може да понуди за снабдување со гас и мазут. И остави нејзините интереси да ги брани политичка партија. Што е крајно неневообичаено и кај многумина може да отвори сомнежи.