Почитувани,Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев се што правеше во оваа 2022 година беа лаги и деструкции. Во годината во која започнавме преговори со ЕУ ќе остане запаметено дека Мицкоски се што кажа излажа.Првата и најголема негова голема лага беше дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следувале асимилација и бугаризација. Втора најголема лага на Мицкоски во 2022 е тоа дека нема да започнеме преговорите со ЕУ.„Македонија нема ниту скрининг ниту почеток на преговори со ЕУ“„Албанија ќе преговара а ние ќе седиме во чекалната“Ова беа зборовите, ова беа лагите на Мицкоски кој тврдеше дека преговорите за членство во ЕУ е недостижна цел.Но и оваа лага на Мицкоски многу бргу потона.
Започнавме преговори со ЕУ на 19 јули. Скринингот е веќе во тек, и што е уште поважно започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идениттет.На првата Меѓувладина конференција, тоа беше соопштено јасно и недвосмислено во Брисел, од страна на високи европски претставници.
Ќе остане запаметено дека Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се противеа на усвојувањето на европскиот предлог кој обезбеди почеток на преговорите со ЕУ, после 17 години минати во чекалната. Мицкоски го лаже народот, слаб е и нема став. Затоа што е во целосно заложништво на Апасиев и на погрешна страна на историјата.На Мицкоски не може да му се верува.