Почитувани, ве молам закопајте ги секирите за тоа кој е виновен за загадениот воздух во Скопје. Во Скопје не се дише, ова е национален пораз! Први све во Европа и 4-ти во свет! Ова е фијаско од епски размери! Ве молам седнете заедно и направете 10 итни чекори кои треба да се направат следните денови, недели и месеци од итни до средно итни и не жалете пари и решете го проблемот господа! ВЕ МОЛАМ!
Претседателот да свика седница на советот за безбедност, загрозено е здравјето на народот, ова што се случува во СКопје е катаклизма, смрди на изгорени гуми и дизел и дрва запалени, ќе умрат многу луѓе од ова труење, нарушен е нормалниот живот на Скопјани. И за ова граѓаните се во ситуација од која немаат спас, од една страна само во СКопје има работа за да се прехранат ако се вратат назад во провинција ќе треба да се обесат на крива крушка, од друга страна тука не се дише и ќе умрат, немаат каде?!?!
Власта да седне и да го одврзе ќесето и ако треба струјата да биде бесплатна и сите да се греат на струја кој нема парно да не користи никој дрва, да се проверат сите оџаци на сите фабрики, да се воведе пар непар на возилата, да се исклучат автобусите кои се на дизел да одат само оние кои се на метан, мора да се дејствува веднаш, улиците да се посипуваат со течност која ги лепи честиците и смогот, да се прекине работата на сите фабрики овие денови додека не помине маглата, парното да се носи до цело Скопје, да се забрани греење со печки во целата скопска котлина, нешто мора да се направи луѓе аман заман народот бара од вас спас!!!
За ова не треба да се жалат пари, за ова нема штедење, ова е прашање на живот или смрт!!! Нека се издаде ако треба нова евро обврзница од 500 милиона евра и нека се прави трамвај нека се копаат тунели под водно и под кале нека се носи парното до Припор, Драчево, Ѓорче, Ченто, Шутка, Арачиново и општина Илинден, мораме ова да го решиме луѓе, ова е прашање да се биде или не?!?! Ова не е заебанција ве молам заозбилете се сите и бидете на висината на задачата, ова не е време за препукување со пресови и пинг понг?!?!