Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците во Собранието ќе презентира извештај како касифициран документ за тоа што досега покажала истрагата за дојавите за поставени бомби во училишта и други објекти.Документот се изготви на барање и на опозициски и на владејачки пратеници и ќе биде прикажан на затворена седница на Комисијата за одбрана.
Се работи за детален извештај од кој пратениците ќе бидат запознаени за тоа од каде се претпоставува дека стигаат овие хирбридни закани, но и безбедносни информации за тоа кои се државите што нудат помош на Македонија во справувањето со нив.Инаку МВР досега поденесе кривични пријави за двајца малолетници кои хибридните закани ги искористиле за да направат лажна тревога.За време на зимскиот распуст се очекува да зачестат дојавите за поставени екплозивни направи во други објекти од јавен карактер.