Во неделата попладне во ски-центарот Лех-Цирс во сојузната државата Предарлска, на надморска висина од 2.700 метри, започнала лавина која затрупала десет луѓе. Започнала голема спасувачка акција во која биле спасени сите планинари, последните двајца во текот на ноќта. Локалните власти првобитно соопштиле дека осум луѓе биле спасени од лавина во ски-центарот Лех-Цирс. Шест лица се неповредени, но две лица поради здобиените повреди биле пренесени во болници во Инсбрук и Блуденц. Потоа започнала акција за спасување на уште двајца, откако на снимките биле забележани десет лица.
Австриската полиција во околу 1:00 часот соопштила дека спасувањето е успешно завршено. „На основа на собраните информации можеме да потврдиме дека никој не е исчезнат“, соопштиле од полицијата. Националноста на спасените планинари не е позната. Од десет, четири лица се повредени, едно потешко. Во опширната акција за трагање и спасување учествувале 200 спасувачи. Во текот на денот во спасувањето учествувале и хеликоптери, јавува австриската радио-телевизија „ORF“. Последните години лавините во Австрија предизвикуваат во просек 20-тина смртни случаи годишно.
Insane in-bounds avalanche today in Zürs, Austria. 10 people buried but all rescued. pic.twitter.com/rzkTHA2F1T
— James J. Jung (@james_jjung) December 26, 2022