Во третиот квартал од 2022 година, во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини (АКН) се регистрирани 7.922 трансакции, од кои 6.098 продажби на недвижности и 1.824 закупи на недвижен имот. Податоците покажуваат дека споредено со истиот период минатата 2021 година има намалување и кај продажбата и кај закупот на недвижности. Па така во текот 2021 година, за истиот период биле регистрирани вкупно 9.231 трансакции на недвижен имот. Од нив 7.277 биле продажба на недвижнини, додека пак 1.954 закупи. Кај продажбата на недвижени имот има намалување од 1.179 трансакции, додека кај закупот има намалување за 130 трансакции. Поголем интерес за недвижнини бил забележан и во првиот квартал од годинава, кога во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 8.012 трансакции, од кои 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи на недвижен имот
Споредбено по месеци од третиот квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во септември, кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.196 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во август, и тоа 2.090, додека во јули се регистрирани 2.636 трансакции. Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во септември, односно 2.415 купопродажби, исто така најмногу регистрирани закупи се евидентирани во септември т.е. 781 закупи. Податоците за закупите покажуваат дека вкупната вредност на закупите на недвижен имот кои биле договорени во овој период од годината достигнува 786 милиони евра, а табелата подолу покажува точно каков е интересот за закуп на различи типови.