18.8 C
Скопје
27/06/2025 03:22
МАКТЕЛ

   

АПАСИЕВ ГО ТУЖИ ЏАФЕРИ НА УСТАВЕН СУД ЗА ОДБИЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА – Оформени 12 нови предмети во Уставниот суд (последни за 2022 година)

      

Во периодот од 1 декември заклучно со 30 декември 2022 година оформени се нови дванаесет предмети во Уставниот суд, по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и барање за заштита на слободи и права и еден предлог за судир на надлежност. Предметите се во фаза на претходна постапка, што значи Уставниот суд допрва ќе ја испитува основаноста на нивните наводи, а по оформувањето на реферат со конкретен предлог за осопорените одредби ќе се одлучува на седница. Тим од советници и судии работат на следните новоформирани предмети:

1. У.бр.125/2022 Оспорен: Член 8 став 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија. Подносител: Трајчо Вучков Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека со оспорената одредба Советот му доделил одлучувачки глас на претседателот на Советот при донесување на важни одлуки во услови кога гласањето било 2:2 спротивно на членот 10 став 4.

   

2. У.бр. 126/2022 Оспорен: Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации  Подносител: Здружение на граѓани „Македонско-бугарско пријателство”. Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека оспорениот закон го ограничува основањето на организации и нивниот упис во соодветниот регистар со називот, името или скратеното име на организацијата, што претставува ограничување на едно од основните уставни права. Се наведува дека законодавецот со ваквиот закон се вмешал во организации кои се дел од приватната сфера и пропишува дополнителен услов, кој не е во согласност со членот 20 од Уставот кој ја гарантира слободата на здружување.

Според подносителот оспорениот закон е неуставен затоа што граѓаните може да основаат здруженија, да пристапуваат и од нив да истапуваат се додека програмите и дејствувањето, а не името или скратеното име не се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување на воена агресија, разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

3. У.бр.127/2022 Оспорени: Правилник за работа во странство на ГД Гранит АД Скопје од 2013 година и Одлука за организирање на работната единица и организација на работењето во Бања Лука, Република Српска ГД Гранит АД Скопје од 2013 година.

Подносител на иницијативата: Ќирил Величковски Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека со оспорените акти се влијае на основните права на граѓаните и на работниците како што се правото на плата и правото на работно време од 40 часа неделно. Во иницијативата се наведува дека правата од работен однос кои се утврдени со Устав, закон или колективен договор не може да се ограничат или одземат со акти и дејствија на работодавачот.

4. У.бр.128/2022 Оспорен: Делот „Советот на” од член 2 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека членот 2 став 3 од оспорениот Закон опфаќа Одлука за прогласување на година на ниска(до 3%), умерена (од над 3% до 50%) или висока инфлација(над 50%)  која ја донесува Советот на Народна банка на Република Северна Македонија.  Се наведува дека одредбата е неусогласена со членот 60 став 3 од Уставот според кој организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон, па така доколку Законот за Народна банка на Република Северна Македонија има предност пред другите закони, а според истиот закон меѓу останатите овластувања Советот врши други работи би можело да се постави прашањето за согласноста на оспорениот дел „Советот на” од членот 2 став 3 од конкретниот закон.

5. У.бр.129/2022 Оспорен: Точка 37 од став 1 на член 132 од Законот за безбедност на храна. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев Од наводите во иницијативата: Оспорената одредба предвидува глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не ги отстрани констатираните неправилности утврдени со решението, наведува подносителот. Се наведува дека не е пропишана состојбата на утврдени неправилности и поради тоа оваа одредба може да доведе до неконзистентно толкување при нејзина примена.

6. У.бр.130/2022 Оспорен: Делот „закони” од член 2 став 1 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека оспорениот дел во рамки на законот не е доволно прецизен и јасен, бидејќи во делот „закони” се подразбираат и сите други закони без оглед на правната материја или областа која ја уредуваат.

7. У.бр.131/2022 Оспорен: Член 6 став 2 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза. Подносител на иницијативата: Славко Лазовски Содржината на оспорениот член:

„Корисникот кој не е на списокот од член 5 став 3 од овој закон, а кој смета дека ги исполнува условите како корисник на правото од член 2 од овој закон, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиска поддршка од член 5 став 3 од овој закон”.

Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека пропишаниот рок за приговор е претерано краток и го попречува остварувањето на целта на Законот, затоа што според него роковите во правната материја немаат за цел да оневозможат остварување на некое законско право.

8. У.бр.132/2022 Оспорен:Тарифен систем за изменување на Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај донесен на 30.09.2022 година. Подносител на иницијативата: ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија.

Од наводите во иницијативата: Подносителот на иницијативата го оспорува Тарифниот систем кој содржи два члена, а се однесува на утврдување на формулата за продажба, односно начинот на пресметка на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај. Се наведува дека  оспорениот Тарифен систем не се заснова на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација и со него не се обезбедува урамнотежување на интересите на вршителите на енергетските дејности и потрошувачите. Меѓу другото се наведува дека спротивно на член 34 став 4 РКЕ во постапката на донесување на оспорениот Тарифен систем не објавила на својата веб-страница ниту пак дала образложенија и проценки за последиците од донесувањето.

9. У.бр.133/2022 Подносител на барањето: Димитар Апасиев Од наводите во барањето:

Подносителот на барањето наведува дека претседателот на Собранието со неговото дејствие сторил повреда на правото на политичко дејствување на подносителот на начин што не бил прифатен Предлог за граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на дополнителен референдум.  Подносителот наведува дека му се повредени уставно загарантираните права бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна. Се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.

10. У.бр.134/2022 Оспорен: Член 250 став 4 од Царинскиот закон Подносител на иницијативата: Адвокат Васил Миовски Од наводите во иницијативата:  Во иницијативата се наведува дека со оспорената одредба е оневозможено поднесување на барање за враќање на неосновано наплатени давачки и кога правниот основ подоцна отпаднал. Се наведува дека во даночна постапка роковите течат од правосилност на конечниот акт во управната постапка, а не како што предвидува оспорениот член, од денот на известувањето за долгот.

11. У.бр. 135/2022 Оспорен: Одлука бр.27-6567/1 од 07.06.2022 година за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЈИ 03 донесена на 07.06.2022  Подносител на иницијативата: Дуња Туртурова и Бојан Милошевски, адвокати од Скопје Од наводите во иницијативата: Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесениот Регулациски план на ГУП кој има важност за градска четврт ЈИ 03 содржи нерегуларности, односно предвидена е намена B (јавни институции), спротивно на постоечкиот и важечки ДУП каде што за тој простор е предвидена намена Б (комерцијални и деловни намени). Се наведува дека со донесувањето на Регулацискиот план на ГУП, противзаконито и противуставно е извршена пренамена на одреден простор кој бил предвиден за постоечки и сеуште важечки ДУП како простор за градење деловни/станбени објекти и се менува во простор за изградба на јавни институции. Според подносителите  одлуката на Советот на Град Скопје ги доведува во нееднаква положба граѓаните и институциите кои имаат сопственост на недвижности на територијата на Општина Аеродром, да не можат да ја реализираат намената и правото загарантирано со важечкиот ДУП.

12. У.бр. 136/2022 Предлог за решавање на судир на надлежности: Помеѓу Општина карпош и Министерство за транспорт и врски. Подносител на предлогот: Стојан Димовски. Од наводите во предлогот: Предлагачот има поднесено барање за огласување на ништовни две Решенија за трансформација донесени од Министерството за транспорт и врски  кои се наоѓаат во поранешна фабрика Алумина АД и Пластика АД со површина од 11 089 м2, а со кои решенија се трансформира правото на користење во право на сопственост на правните субјекти Алумина АД и Пластика АД. Како основ за поднесеното барање за ништовност на решенијата е право на поднесено барање за денационализација. По извршениот увид Општина Карпош го доставува предлог-барањето до Министерството за транспорт и врски, кое според наводите се прогласува за ненадлежно. Барањето е поднесено и до Владата која информира дека нема правна основа да постапува по истото, односно да го реши судирот на надлежност за постапување помеѓу Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски.

   

Најново

Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

Sase Ivanovski

„Фајненшл тајмс“: Европа верува дека Иран го преместил ураниумот пред американските напади

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА  – Претпријатие со грантови за интелектуални услуги за Данела и Блерим

Sase Ivanovski

СДСМ: Од ветени жетви – останаа само празни ниви, земјоделците од Трипуновски добија само страв и понижување

Sase Ivanovski

Комненовиќ: Покрај опструкциите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ Чучер Сандево има резултати и се развива

Sase Ivanovski

АРНО: Првата Академија за циркуларна економија заврши со 12 концепти за циркуларни бизниси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: „Црвен картон“ за Владата – прилепчани одбија да присуствуваат на срамната партиска претстава на Мицко и ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сред кружен тек 20-метарски крст никнува на „Партизанска“ во Штип донација од познат бизнисмен

Sase Ivanovski

(Видео) Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Чаир. 11 годишник заведен како инвеститор на зграда дивоградба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

Sase Ivanovski

Филипче: Кога ќе продолжат ЕУ интеграциите? Мицкоски: Ќе сториме се да станеме членка, но не како „модерни“ Македонци

Sase Ivanovski

ИЗГОРЕА 500 ХЕКТАРИ: После три дена изгаснат пожарот во липковско, избувнал од дива депонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката рамка, ветивте подобри позиции во преговорите но нема ништо од тоа 

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Пресврт во гимназијата „Георги Димитров“: Половина од одличните ученици паднаа на приемен испит – Јаневска најавува крај на „поправањето“ оценки

Sase Ivanovski

Левица: Марко Колев го остави Велес без еколошка заштита додека Езерото Младост умира

Sase Ivanovski

Командантот на Иранската револуционерна гарда Али Шадмани почина од повредите од израелски напад

Sase Ivanovski

Работниците во културата оставени без плата за мај

Sase Ivanovski

Левица поднесе интерпелација за Коцевски

Sase Ivanovski

Две лица загинаа во невремето во Франција, едната жртва е 12-годишно момче

Sase Ivanovski

Владата се предомисли, потрошувачката кошничка ќе продолжи да се пресметува за четиричлено семејство

Sase Ivanovski

ЦИА: Нуклеарните објекти на Иран се сериозно оштетени

Sase Ivanovski

Културно лето во Кисела Вода почнува утре

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Над 200 милиони евра инвестиции во здравството, Владата со акција за јавна отчетност и комуникација со граѓаните

Sase Ivanovski

Руте: Светот станува поопасен, ги зголемуваме трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП

Sase Ivanovski

Астронаути од Индија, Полска и Унгарија полетаа кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

Шекеринска: Без напредок во дијалогот со Србија за Косово нема напредок на евроатлантскиот пат

Sase Ivanovski

Црн пантер предизвика вонредна состојба во Бугарија

Sase Ivanovski

ОАЕ и СЗО испорачаа медицинска помош за болниците во Газа

Sase Ivanovski

Вашингтон: Националната безбедност и надворешната политика на САД е загрозена од поединци кои помагаат и поттикнуваат насилство во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Зголемено количеството на отпадни води во земјава, само 24,5 отсто се пречистуваат

Sase Ivanovski

Инвестициска активност за економски просперитет

Sase Ivanovski

ДУИ: Законот за правична застапеност е направен според апетитите на Каракамишева

Sase Ivanovski

УХМР најавува невреме во попладневните часови

Sase Ivanovski

ОД ОТПАД ДО РЕСУРС Цевки од жито, ташни од авто-индустриски отпад, велосипедски паркинг од буриња…

Sase Ivanovski

ПУТИН ЌЕ ИМА 5 МИЛИОНИ ДРОНОВИ, КОЛКУ ЌЕ ИМА ЛИТВАНИЈА? Според еврокомесарот за одбрана на ЕУ, за 5 години е можна војна

Sase Ivanovski

ПУТИН СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГО УАПСАТ ВО БРАЗИЛ Рускиот претседател нема да оди на самитот на БРИКС

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ СО ДОЛГОРОЧНИ РЕЗУЛТАТИ Но, не се откажува и од краткорочните мерки, ако трговците се непослушни

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ИЗВОЗНИК НА СТРУЈА И ТРАНЗИТНА ЗЕМЈА ЗА ГАС Мицкоски најави голем пресврт во енергетиката

Sase Ivanovski

ЖЕЉАЗКОВ РЕЧЕ ДЕКА ДОБИЛ УВЕРУВАЊЕ ОД КОШТА ДЕКА СТРОГО ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВА ДО ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Бугарија го гледа процесот како однос меѓу ЕУ и Македонија

Sase Ivanovski

ЈУЛИ И АВГУСТ ЌЕ БИДАТ НАТПРОСЕЧНО ТОПЛИ, НО И СО КРАТКОТРАЈНИ ДОЖДОВИ Во вторите половини од двата месеца ќе има зголемен ризик од пожари

Sase Ivanovski

ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА НА ХАМНЕИ МОЖЕБИ Е ПРЕМИНАТА Каква е иднината на Иран по конфликтот со Израел и дали ќе гради атомска бомба?

Sase Ivanovski

„ИМА НАПРЕДОК, ИРАН Е СПРЕМЕН ЗА ДОГОВОР“ Вашингтон повлекува црвена линија – Техеран не смее да збогатува ураниум

Sase Ivanovski

ДУРМИШИ НАЈАВИ 4 ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗОНАТА ВО ТЕТОВО Две од нив ќе отворат околу 850 работни места

Sase Ivanovski

ВО ШУМА САМО СО ДОЗВОЛА Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Sase Ivanovski

АЈАТОЛАХОТ СЕ ЈАВИ ПО 7 ДЕНА, ПРОГЛАСИ ПОБЕДА Хамнеи ги прозва владите во Тел Авив и во Вашингтон

Sase Ivanovski

НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО Гаши ги отфрли шпекулациите дека се влошени односите во Вреди

Sase Ivanovski

ЛАЖЕН ЛЕКАР ИЗМАМИ СКОПЈАНКА ЗА ЦЕЛИ 30.000 ЕВРА Старицата му ги дала парите на 60-годишник

Sase Ivanovski

„ЌЕ ОСТАНЕВМЕ БЕЗ ДЕНАР, ВО КАСАТА ИМАШЕ САМО 47 МИЛИОНИ ЕВРА“ Кочоска откри дека недостасувале милијарди за стипендии, плати…

Sase Ivanovski

КОСОВО ЗАБРАНИ УВОЗ НА ОВЦИ И КОЗИ ОД МАКЕДОНИЈА Потврдена е болеста син јазик кај добитокот

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ ОД 6.000 ЛИЦА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Дурмиши даде отчет и за мерките за зауздување на цените

Sase Ivanovski

ФИЦО ГО КОЧИ БРИСЕЛ ЗА САНКЦИИТЕ КОН МОСКВА Словачка не се откажува од руски гас ни по 2028 година

Sase Ivanovski

ПУТИН ПЛАНИРА НАПАД, ЈОНГ УН ЌЕ МУ ПРАТИ ВОЈНИЦИ Што ќе добие севернокорејскиот лидер за возврат?

Sase Ivanovski

КИЕВ ЈА СОПРЕ ОФАНЗИВАТА НА КРЕМЉ ВО СУМИ Околу 50.000 руски војници прераспоредени на северниот фронт, тврди шефот на украинската војска

Sase Ivanovski

НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ И БЕЗ ПОТПИСИ АКО НЕ СЕ ИЗМЕНИ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК?! Гаши очекува да се утврди прагот за собрани потписи на задоволство на сите

Sase Ivanovski

УСТАВНИОТ СУД ГИ УКИНА ОДРЕДБИТЕ РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ Оваа одлука нема да важи за пописот од 2021 година

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ЗА ВОЗЕЊЕ КАМИОНИ ПО АВТОПАТИТЕ За викенди и во жешки денови има посебен распоред

Sase Ivanovski

СДСМ И ФИЛИПЧЕ ГРАДАТ СОПСТВЕНА СРЕЌА НА ТУЃА НЕСРЕЌА Тоа народот го гледа и ќе го казни, порача Мицевски

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ЌЕ ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ“ ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Не му е првпат да освои вредна добивка

Sase Ivanovski

ШАХОВСКА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО Почина ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ

Sase Ivanovski

Андоновски: Сите потребни услуги граѓаните можат да ги добијат со еден клик 

Sase Ivanovski

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Sase Ivanovski

КУЗЕСКА: Распад на системот, Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар ова лето ќе пулсира со концерти, мурали и детска програма

Sase Ivanovski

Герасимовски: Почнуваме да ги спроведуваме предлозите што ги бараат центарци од маалските средби

Sase Ivanovski

Жерновски: По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ја живее најлошата економска состојба

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа, ги поставуваме темелите на една горда Македонија

Sase Ivanovski

Петрова: Дигитализацијата е патот за праведно оданочување и борба против даночната евазија и сивата економија

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да учествува во јавниот линч на жената односно членот на Управниот одбор во ЈП Комунална хигиена

Sase Ivanovski

Кочоска: Владата предводена од претседателот Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3%

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Погрешен ви е дневниот ред-Советот на Град Скопје не може да го разреши претседателот на Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена–Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, над 1 милијарда и 255 милиони евра странски инвестиции за поквалитетен живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од уназадена и обезличена Македонија креираме Македонија која е повторно ваша, порача Мицкоски од Прилеп и најави две нови економски мерки

Sase Ivanovski

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и уназадена

Sase Ivanovski

ТРАМП СО ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ОД НАТО САМИТОТ Им се заблагодари на Холанѓаните и ја пофали американската армија

Sase Ivanovski

НАТО БАРА, НИЕ ДОСТАВУВАМЕ Македонија ќе вложува повеќе за појака Армија, вели Мисајловски

Sase Ivanovski

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Sase Ivanovski

Tesla со пад од 40,5% во продажбата на електрични возила во ЕУ споредбено со лани

Sase Ivanovski

Лицето и опачината на дипломатијата

Sase Ivanovski

Велешанец тешко повреден при пад од мопед

Sase Ivanovski
Вчитувам....