83 санкционирани возачи во Скопје Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол… Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
57 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола Денеска (30.12.2022)во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 57возачи. Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
25 санкционирани возачи на територија на СВР Велес Во текот на вчерашниот ден (30.12.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 25 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.