Додека роботите „Маркер“ и тенковите Т-14 се малку побрзи и полесни од американските „Абрамси“ прашањето останува колку ќе бидат тие лесни за управување. Рускиот Т-14 Армата има специјална капсула во која екипажот може да преживее, како и напредна електроника. Роботот „Маркер“ може до три дена сам да се движи и да лови мети со инфрацрвена светлина и паметни сензори.
Два типа на ултрамодерни тенкови спрема Кремљ како одговор на американските„Абрамси“ и германските „Леопарди“ во Украина. Додека на социјалните мрежи излегоа видеа од тенкот-робот „Маркер“ кој може сам да се движи, да идентификува и да гаѓа цели, руската пропаганда доби нова задача – во видео беа прикажани тенкови Т-14 кои се именувани „најреволуционерни во нашата генерација“. Какви се нивните можности споредено со она што ќе го добијат Украинците од Западот? Во првиот случај, тенкот „Маркер“ никогаш не излегол на терен. Со неговата вештачка интелигенција се пофали Дмитриј Рогозин, некогашниот шеф на руската „НАСА“, компанијата „Роскосмос“. Роботот има инфрацрвена светлина и паметни сензори, навигира на неколку километри без човечка помош, дискретен е и фунцкионира автономно, без помош од страна, до три денови. Помал е од тенк во габаритот, но опремен е со противвоздушен систем.
Footage of the UTV anti-tank anti-drone robot "Marker", which will be sent to the SMO zone. pic.twitter.com/Rtt8duhrVZ
— Trollstoy (@Trollstoy88) January 26, 2023