МАКТЕЛ

     

Да ги дочекаме Бугарите учтиво и студено

      

Можеме ли на Бугарите што ќе дојдат на четврти февруари, да го одбележат роденденот на Гоце Делчев во Скопје, да им одржиме една лекција за културно однесување? Да ги пречекаме учтиво, достоинствено, воздржано и студено. Тоа би била најсилната засрамувачка „шлаканица“ што треба да им ја удриме на јавна сцена не затоа што дошле во Скопје да го слават Гоце Делчев, туку затоа што никогаш не доаѓале да му оддадат почит, а го сметаат само за свој. Сите знаеме зошто баш сега наеднаш им текна да дојдат како неканети гости. Не е за арно.

 

   

Освен некои бугарски политичари при официјални посети на Македонија и ретки бугарски туристи кои се поклониле пред великнатот Делчев, никогаш од Бугарија немало ниту една организирана посета. Затоа непоканетите гости кои најавуваат „инвазија“ на Скопје на четврти февруари не може поинаку да се прифатат освен како провокација на која треба да наседнат не само некои граѓани, туку и политички партии, македонски и бугарски, кои во таа игра и манипулација со чувствата на граѓаните гледаат добри предизборни поени. Нивните веќе најавени активности, иако се прикажуваат како самоорганизирани, можат лесно да излезат од контрола и да предизвикаат трагични последици.

Што подраматични настани на граничните премини, на патиштата и во Скопје, толку повеќе штета во односите меѓу двете земји кои по инцидентот во Охрид со физичкиот напад на секретарат на бугарскиот клуб Цар Борис Трети се крена на ниво на закана со војна. Не може да се игнорира, а ни целосно да се контролира опасноста ако во едни вакви напрегнати моменти се замешаат и разузнувачки служби на други земји кои имаат и тоа каков голем интерес за дестабилизација на Балканот. Ако вандалскиот напад на македонскиот Бугарин во Охрид, Христијан Пендиков предизвика студена војна, иако веднаш се уапсени напаѓачите, тогаш, некој божем заталкан истрел од огнено оружје на професионален разузнавач може да ја погоди најтрагичната мета и да предизвика многу потешки последици воодносите меѓу двете земјикои најмногу ќе ѝ наштетат на Македонија.

 

Патриотски екскурзии можат да го запалат бурето барут

Воопшто не е време на овој четврти февруари за вакви политички, партиски и балканско патриотски екскурзии и „свечени“ пречеци, кои колку и да е големо обезбедувањето можат да го запалат краткиот фитил на бурето барут. Исто така, сега не е времето да се потсетуваме на немили настани од пред повеќе години, но треба да се каже како лошо искуство дека не така одамна кога Македонците од Бугарија и од Македонија одеа на Пирин да му оддадат почит на Јане Сандански повеќепати беа претепувани не само од „самоорганизирани“ параполициски служби, туку и директно од бугарската полиција. После секој таков настан она малку што беше постигнувано со повеќе годишни напори на културен, научен и деловен план брзо беше уништувано на голема радост на оние кои никогаш не сакаат да има добри односи меѓу Бугарија и Македонија.

Имајќи ги предвид овие болни искуства и сѐ она што ѝ се случува на Македонија со бугарските блокади и вета, ако веќе не може да се одбегне со фанфари најавуваната посета на светилиштето каде е саркофагот на Гоце Делчев – црквата Св. Спас во центарот на Скопје, тогаш најдобрата работа што може да се направи е да се покаже граѓанска воздржаност, игнорирање на евентуалните провокации и целосно запазување на редот и мирот со почитување на сите правила при посетата на ова македонско светилиште.

Црквата Св. Спас, како и сите светилишта и мавзолеи во светот, има свое работно време, ред и строги правила на однесување на посетителите. Малото дворче каде што се наоѓа саркофагот наГоце Делчев не може да прими повеќе од 15-20 луѓе во исто време. На 4 февруари нема да дојдат само „гости“ од Бугарија, туку и од Македонија кои сакаат да му оддадат почит на Гоце Делчев. Во зависност од бројноста на официјалните делегации кои не чекаат на ред, туку влегуваат со посебен протокол, можно е да се создадат долги редици на граѓани и „блиски“ запаливи средби.

 

Ова ли е културен натпревар меѓу народите? Би било полезно на бугарските граѓани при влезот во Македонија тие денови да им се даде една брошура, или флаер за значењето на оваа црква, но и за работното време на црквата која е под заштита на државата, за правилата на однесување при посетата со напомена дека секое отстапување и нарушување на редот и мирот ќе бидат строго санкционирани. Така е секаде во светот.

Ја имав таа можност да посетам повеќе мавзолеи, светилишта, музеи, цркви и џамии каде се наоѓаат моштите на значајни историски личности. За сите нив заедничка карактеристика е тишината и атмосферата на пиетет кон личноста и неговото почивалиште. Така, во сабота, на 4-ти февруари, треба да биде и во дворчето на црквата Св. Спас, но и пред неа, во редиците граѓани од Македонија и од Бугарија кои ќе дојдат да му оддадат почит на Гоце Делчев, чија големина и значење ги надминува границите и на Македонија и на Бугарија. Секој скандал на овој ден, или немил настан би бил голем срам, дијаметрално спротивен на една општо позната мисла која му се припишува на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

За голема жал на цивилизираните луѓе и на голема радост на милитантните националисти и шовинисти, менливи и минорни политичари чии имиња се забораваат веднаш по мандатот, аманетот на Гоце Делчев во двете соседни држави, Македонија и Бугарија, кои го сметаат великанот за свој, натпреварот не се одвива на културно поле, туку на полето на омразата и блокадите. Сѐ уште, и по 151 година од неговото раѓање и 120 години од неговата смрт, денес, и во третата декада на 21 век, секој обид за добри и пријателски односи меѓу Бугарите и Македонците завршува со победа на силите што влечат назад.

Од една страна, посилната, сѐ уште тегне накај 1878 година и го сонува неостварениот сон од Сан Стефано, денешен Јешиљќој, безмалку среде Истанбул. Само таа промена на историјата и на географијата и 145-годишната реалност на непостоечки договор, без да се навлегува во други историски факти, јасно ја кажува големината на будалштината која може да се негува со векови во лулката на национализмот која прави пустош во главите на луѓето. Од другата страна, пак, послабата, со истата силина на националистички вознес квази патриотските сили успешно со децении ја одржуваат улогата на „ем шуто ем боде“, секогаш на штета на шутото.

   

Најново

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski
Вчитувам....