Комесарот за соседски прашања и проширување на Европската унија/ЕУ/Оливер Вархеjи денеска во Брисел ќе се сретне со претставниците на македонските Бугари, јавува БГНЕС. Средбата е на барање на македонските Бугари поради институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Северна Македонија. Разговорот со Вархеји ќе се случи по бруталното претепување на Христијан Пендиков во Охрид, кој моментално се наоѓа на лекување во Военомедицинската академија во Софија.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, вчера категорично го осуди нападот врз Христијан Пендиков. Ова се случи на неговата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи. Македонскиот дипломат ветил дека „одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред лицето на правдата“. Лидерите на македонските Бугари повеќепати потенцираа дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт. Тие ги повикуваат европските институции да помогнат во намалувањето на секојдневниот притисок врз граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го бранат своето македонско бугарско наследство и идентитет. Македонските Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.