35.8 C
Скопје
30/06/2025 16:18
МАКТЕЛ

   

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

      

Министрите за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков (лево) и на РСМ, Бујар Османи (десно) во посета на претепаниот Христијан Пендиков. Фото: Твитер-профил на МНР на РСМ, Бујар Османи
Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува трендот на дезинформации преку руски наративи околу агресијата на Украина, иако со нешто помал обем од вообичаениот. Се разбира, анализата не би била целосна доколку не ги споменеме и „бесмртните“ антиваксерски дезинформации, кои сè уште упорно опстојуваат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Целиот тек на настаните околу руското вмешување во односите на Бугарија и Северна Македонија, полека изби на површина по претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис“, охриѓанецот со македонско државјанство и бугарска самосвест Христијан Пендиков, по што дојде до договорена евакуација на претепаниот во Софија со владин авион на Бугарија, посета на шефот на дипломатијата, Бујар Османи во Софија и серија изјави и реакции од македонска и од бугарска страна, во кои се појавија и повеќе тврдења за руско влијание во овој настан и во ескалацијата на односите на двете земји.Дезинформациите главно се однесуваа на наводниот, парафразираме, „екстремен говор на омраза и акти од омраза што се случувале во Северна Македонија системски и константно“, бидејќи постоела „политика на омраза кон Бугарите во државата“ и дека „држава не преземала ништо“.

   

Ваквите (дез)информации не ги пласираат само екстремни политичари од типот на европратеникот Ангел Џамбаски или лидерот на проруската и антимакедонска партија Преродба, Костадин Костадинов, туку станаа дел и од официјалниот јазик на традиционалните политички партии во таа земја, а доаѓаат и од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, претседателот Румен Радев, кои тврдат за некаква децениска политика за претепување на Бугари во земјата. За да не останат покуси со вакви дезинформациски наративи, се јавија и поранешниот премиер Бојко Борисов и поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кои сметаат дека настаните и изјавите на македонските политичари „ја приближувале Северна Македонија кон Србија и Русија“.

До ваквите изјави дојде по иницијалната каписла што ја „испука“ претседателот на РСМ, Стево Пендаровски на 23 јануари. Имено, по неколку дена од инцидентот со Пендиков, претседателот свика проширен состав на Советот за безбедност на кој учествуваа и премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по завршувањето ѝ препорача на Владата да забрани влез на неколку лица или ако се во земјата да ги прогласи за непожелни, како превентивни мерки по повод прославата од годишнината на раѓањето на Гоце Делчев, закажано за 4 февруари во Скопје.

Зборувајќи на прес-конференцијата и за претходните активности на македонските безбедносни служби, Пендаровски рече дека веќе биле протерани три лица со бугарско државјанство, од кои двајца наводно новинари и трето лице кое е многу гласно и во актуелните случувања. Претседателот додаде дека „не може да зборува во детали“ но дека „дел од лицата и структурите“ за кои зборуваше на прес-конференцијата „се надоврзани и на руската разузнавачка служба“(види од 8.50 мин. од видеото). Меѓу тие лица за кои зборуваше Пендаровски, и јавноста, но и самиот, се препозна европратеникот Ангел Џамбаски, потоа лидерот на бугарска парламентарна партија Костадин Костадинов и претседател на Фондација Македонија формирана минатата година од лицето Виктор Стојанов. По ова следеа низа закани, дезинформации и изјави кои де факто ја потврдија информацијата од Пендаровски дека дел од активностите на овие лица „се надоврзуваат на руските разузнавачки служби“ и дека влијанието на „трети страни“( според Бујар Османи тоа е Руската Федерација), е извршувано во полза и за интереси токму за тие трети страни, од кои единствено Москва се споменува поименично.

Повеќе за ова и за изјавите во детали може да се прочита во збирното инфо што го објави „Вистиномер“, a уште една потврда на ова подоцна дојде и од Милен Ќеремитџиев, поранешен заменик министер за надворешни работи на Бугарија. Воедно, изјавата за хибридна војна, која дојде од македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, практично е потврдена и од бугарскиот пратеник Даниел Лорер кој во тв интервју за бугарската НОВА изјави дека тепаниот е македонски граѓанин со бугарска самосвест, а тепачот бил бугарски државјанин и дека целиот случај се политизира.

Амбасада на РФ во РСМ: Османи шпекулира за „жртвите на руската агресија во Украина“
Руската амбасада на 17 јануари реагираше за изјавите на Бујар Османи дадени во Украина, каде што престојуваше во функција на претседавач со ОБСЕ, при што тврди дека Османи се ставил на едната страна кога зборувал за цивилните жртви во војната. Со ова, Руската амбасада децидно се придржува до пропагандниот дезинформациски наратив на Москва, дека агресијата е само „специјална воена операција“ и е оправдан потег на Руската Федерација, затоа што влегле со воена сила за да ги заштитат Русите во Украина, пред сè во источните и јужните региони, кои со години, а особено од 2014 г. биле жртви на украинските националисти и неофашисти како што ги нарекуваат:

Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините.

Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето“, велите? – се наведува во реакцијата на Амбасадата на РФ во РСМ, која е објавена на Фејсбук и на Телеграм, а е пренесена од неколку медиуми во македонскиот медиумски простор.

Официјална реакција од МНР на РСМ, т.е. од Канцеларијата на Претседателство на ОБСЕ што од јануари го раководи Северна Македонија и Бујар Османи немаше, иако на погоре објавената реакција на Москва преку амбасадата во Скопје се надоврза и последователното хакирање на веб-страницата на ОБСЕ во Скопје.

Кој е Дарко Тодоровски?
„Вистиномер“ во истражувачки текст успеа да разјасни уште една вест што кружеше во медиумскиот простор за наводен лажен новинар од Северна Македонија којшто живее во Русија и кој за евтина цена продавал оригинални стории од Русија, но и од боиштата во Украина за бугарски и за македонски медиуми. Оваа информација прв ја пласира бугарски новинар Христо Грозев уште во почетокот на јануари, тврдејќи дека станува збор за Дарко Тодоровиќ, односно Тодорoвски. Истражувањето на „Вистиномер“ покажа дека такво лице навистина постои. Станува збор за Македонец од Делчево и докторанд на Претседателската академија во Москва, Дарко Тодоровски, кој навистина објавувал стории за боиштата во Украина. Тој даде и изјава за „Вистиномер“ во која ги негира тврдењата на Грозев, но потврдува дека соработувал и соработува со различни портали, сајтови, медиуми, компании и во Македонија и во Бугарија, во Србија и во Русија.

И покрај тоа што не е афирмиран новинар во земјава, Тодоровски успеал дури трипати да биде поканет од Русија да оди на „прес тури” во Украина, од каде потоа неговите согледувања и репортажи завршиле во македонските и во бугарските медиуми. Преку неговите извештаи од разни конференции со антизападни наративи, суптилно биле пренесувани ставови коишто одат во прилог на Кремљ, но сето тоа е направено под превезот на новинарството и политикологијата. Со други зборови, личностите коишто Тодоровски ги интервјуира или чии ставови ги пренесува, не отстапуваат многу од гласот на Кремљ – се вели во заклучокот на истражувањето за ова лице што го направи „Вистиномер“.

Германски тенкови уништени во Тунис во 1943 Фото: Интернет/архиви/повеќе блогови и вебстрани без забрана за употреба
Песков: НАТО тенковите ќе горат- На ФБ фотки од Тунис 1943 г.
Одлуката за испорака на американски, германски, британски француски и тенкови од други земји донесена и објавена синхронизирано од 20 до 25 февруари широко беше објавена во медиумскиот простор во РСМ, вклучувајќи ги и реакциите од руска страна, од која се истакнува онаа на портпаролот Дмитри Песков дека НАТО „тенковите ќе горат“:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека потенцијалните испораки на „Абрамс” ќе бидат „фрлање на пари“. „Сигурен сум дека многу експерти ја разбираат апсурдноста на оваа идеја. Планот е технолошки катастрофален. Но, пред сè, тој го преценува потенцијалот што ќе го добие украинската армија. Овие тенкови горат како и сите други, додаде Песков.

Веднаш по ова, истата порака беше ширена и на социјалните мрежи на македонски јазик, проследена со фотографија од германски уништении тенкови во Втората светска војна(ВСВ):

Вака изгледаа германски тенкови на тлото на Украина за време на Втората светка војна, и вака ќе изгледаат германските тенкови И СЕГА на тлото на Украина , по одлуката на властите во Берлин за испорака на свои тенкови во Украина во борбата против Русија …

Она што е интересно, фотографијата, иако од 2013 година до денеска повеќепати била објавувана на многу портали и блогови во интернет просторот, не е од советскиот или украинскиот фронт во ВСВ, туку од битката за Ел Гитер во Тунис во март и април 1943 година

Руската ракета што ја расцепи зградата во Дњипро претставена како украинска
На 14 јануари во Дњипро, град во југоисточна Украина, од ракетен удар врз голем станбен комплекс беше „расцепена“ зграда во којашто живеат цивили, при што, според податоците од 17 јануари, загинале најмалку 41 лице, меѓу кои и неколку деца, 79 лица биле ранети, а 39 извлечени три дена по нападот, од кои 6 деца. Овие информации можеа да се најдат на украински медиумски извори како официјални информации соопштени од Киев. Заклучно со 17 јануари 25 лица се водаеа како исчезнати, така што бројот на загинатите сè уште не е конечен поради состојбата со ранетите.

Нападот според Украински официјални извори, бил извршен со ракета со долг дострел од типот Кh – 22, која со својата боева глава од околу еден тон, уништува сè што е во радиус до 600 метри од целта. Станува збор, меѓутоа, за стар тип на ракета развиена уште во педесетите и шеесетите години на минатиот век во тогашниот СССР, која била наменета пред сè за уништување бродски цели, но од лани се користи и против земски цели во Украина. На 17 јануари висок украински офицер предупреди дека Русија можеби сè уште поседува над стотина вакви ракети и дека противвоздушната одбрана на Украина е немоќна против нив.

Разрушената цивилна зграда во Дњипро од нападот на 14 јануари 2023. Фото: Википедија
Москва, соочена со голем број цивилни жртви два дена подоцна, на 16 јануари почна да гради дезинформациски наратив дека вината не била кај нив туку кај Украинците. Без прецизни детали портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека:

Ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана.

Повеќе детали за овој напад може да се прочита во текстот на „Вистиномер“, каде се гледа и апсурдноста на дезинформацискиот наратив.

Деновиве украинските власти ја потврдија залудноста на дезинформациите од Москва, бидејќи излегоа со прецизно обвинение со име и презиме на рускиот воздухопловен офицер кој издал наредба за напад со цивилни жртви, како и хронологијата на такви напади извршени по наредба на истиот офицер цела година наназад, во кои има повеќе стотици загинати и уште повеќе ранети лица. Повеќе може да се прочита во веста што ја објави украинскиот медиум Бабел.

Игри со бројот на загинати војници
На почетокот на јануари во медиумскиот простор во земјата можеше да се прочита дека 600 украински војници биле убиени во еден ден. Според светските агенции кои се обидоа да ја проверат оваа руска информација, произлегува дека е дезинформација, зашто не можат да се најдат материјални докази на терен за ваквото тврдење. Руската дезинформација се претпоставува дека била лиферувана со цел да се парира за предновогодишниот украински напад во Макеевка, каде неколку стотини руски војници беа убиени или ранети. Оваа руска дезинформација беше некритички објавена во дел од македонскиот медиумски простор, иако посериозните медиуми уште во правата информација ги објавија двете страни,а подоцна и странските извори, но и руски блогери, кои кажуваат дека нема потврда на таквата информација.

Повторно Медведев: Полска сака дел од Украина!
Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој е меѓу водечките руски пропагандисти и дифузери на лажни наративи, повторно се јави на 12 јануари со нова приказна дека Западна Украина сака или ќе биде припоена кон „поранешните господари“ – Полска. Поводот за овој дезинфо наратив беше официјална средба во Л’вов помеѓу украински, литвански и полски највисоки претставници, а објавата на Медведев беше пренесена во македонскиот медиумски простор:

Во Лавов, кој повторно ќе се преименува во Лемберг, полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа средба и разговараа за отстапување на западните украински региони на нивните поранешни господари, напиша Медведев, пренесува ТАСС.

Но, овој дезинфо наратив очигледно е координирана операција на Кремљ, затоа што во истиот ден на еден полски онлајн медиум беше објавена колумна од извесен Марек Гала во иста насока, а беше пренесна од домашен онлајн медиум Антропол, а потоа и на социјалните мрежи. „Вистиномер“ направи рецензија на информацијата која во домашниот медиум беше пренесена со наслов „Повеќе не е тајна: Полска ќе побара дел од украинската територија“, по што се откри дека ниту Марек Гала е вистинска личност, т.е. се користи со лажен идентитет, ниту уредникот на полскиот медиум е вистинска личност, туку и тој користи лажен идентитет, дека истиот наратив бил спречен за објава од полските власти уште во април минатата година, а се појавил повторно во октомври лани. Повеќе за овие детали можете да прочитате во рецензијата на „Вистиномер“.

* * *

Ова се генерално поглавните дезинформациски наративи што кружеа во македонскиот медиумски простор или на социјалните мрежи во јануари 2023 година. Се разбира, анализата не би била целосна доколку не ги споменеме и „бесмртните“ антиваксерски дезинформации кои сè уште упорно опстојуваат и „Вистиномер“ продолжува да ги разобличува, како што се примерите со вакцината што предизвикувала СИДА , ковид планот за смрт на над 6 милијарди луѓе, но и класичните теории на заговор поврзани со Бил Гејтс и mNRA вакцините, како и многу други дезинформации за кои може да се прочита во рубриката Проверка на факти.

   

Најново

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Sase Ivanovski

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949

Sase Ivanovski

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Баерн во натпревар со шест гола го победи Фламенго и закажа пресметка со ПСЖ

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski
Вчитувам....