14.8 C
Скопје
28/04/2024 11:57
МАКТЕЛ

  

     

 

ФАТМИР БЕСИМИ: ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД И ОТВАРАЊЕ НА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ

      

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ – Виктор Иго

   

Идејата за обединета Европа има долги корени во историјата, но еден од првите предлози за мирно обединување преку соработка и рамноправност на членките го дал прочуениот француски писател Виктор Иго во 1851 година. Тој визионерски вели „Соединетите Американски Држави и Соединетите Држави од Европа, ќе соработуваат преку океанот и ќе разменуваат производи, уметност и достигнувања на генијалните умови…“.

 

Катастрофалните последици од Првата и Втората светска војна и потребата за повторна изградба на Европа и европската економија, придонесоа за поврзување на дел од европските економии во нова заедница. Со потпишување на Договорот од Париз (1951) од страна на Германија, Франција, Италија и Бенелукс, основана е Европската заедница за јаглен и челик, која започнува да функционира од 1952 година. Оттогаш, економијата и економските интереси, но и заедничкиот порив за мир, сигурност и човекови права се водилки за обединување на земјите во Европа. Со Договорот од Рим (1957, стапува на сила во 1958), формирана е Европската економска заедница или првата целосна царинска унија, нарекувана и неофицијално заеднички пазар. Со тек на време оваа заедница еволуираше во Европската Унија, 28 земји членки (сега 27), хетероген збир на култура, јазици и историја, сите обединети од заеднички цели за подобри услови на живот на граѓаните.

   

     

Правила и стандарди

Езоповски, заедништвото нѐ прави посилни и дава подобри резултати – приказната на таткото кој им покажал на своите синови дека прачката се крши лесно, но не и снопот, ја доловува суштината на унијата. Во овој фабулистички контекст, во европската прекрасна мултикултурна, пацифистичка и развојно ориентирана приказна, ќе посочам и дека се поставуваат повеќе услови кои земјите треба да ги исполнат за да станат дел од неа. Наднационалното законодавство (Аcquis communautaire), или „ЕУ, каква што е“, се правата и должностите кои ги врзуваат членките во Унијата.

Преку критериумите за членство, Европската Унија поттикнува промена и приспособување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, за да се постигнат вредностите и нормите кои постојат во Унијата. За да се стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни политички критериуми, од аспект на стабилноста на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата, економски критериуми во однос на постоење функционална пазарна економија, како и капацитет за справување со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили кои владеат во ЕУ. Од земјите аспиранти за членство, се очекува способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија, што бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена. Сите критериуми за пристапување кон ЕУ, политички, економски и правни, или познати како Копенхашки критериуми, се дополнети со Мадридските критериуми, со кои државите-кандидати, се прилагодуваат кон административните структури, односно усогласувањето на националното законодавство со европското само по себе не е доволно, туку неопходно е земјите-кандидати да изградат административни капацитети кои ќе бидат доволни за спроведување на истото.

Процес на интеграција

Сосема накусо за процедурите, за да дадам контекст на понатамошната мисла. Процесот на усогласување, накусо, се одвива преку процес на скрининг во којшто ЕК го презентира целокупното законодавство што земјата треба да го транспонира во националното законодавство за секое поглавје одделно, а земјата-кандидат ги презентира досегашните достигнувања. По подготовката на Извештајот за завршен скрининг (Screening Report) од страна на Европската комисија, согласно со наодите, во кој се содржани сите недостатоци во однос на законодавството и административниот капацитет, а кои ќе треба да се пополнат во текот на преговорите, се отвораат поглавјата за преговори, со одлука на Советот на ЕУ. За време на преговорите, земјата се обврзува со рокови да изврши целосно усогласување со европското законодавство. По завршувањето на преговорите, се определува датум за полноправно членство во ЕУ. Следниот чекор, или третата фаза, е кога земјата е подготвена, да влезе во Европската монетарна унија, односно да го усвои еврото како платежно средство.

Како професор по економски науки, по вокација, признавам дека можам да бидам екстензивен во воведите, но оваа колумна е временски и содржински оправдана имајќи предвид дека изминатите месеци, нашата администрација, наши претставници на институциите, во Брисел, активно работат на скрининг-процесот. Настрана сите политички случувања, ова е многу важен дел од процесот, бидејќи во моментот, ЕУ ја осознава нашата посветеност и подготвеност кон членството и извршување на задачите. Предизвиците се големи, и покрај политичкиот момент, има сериозна работа која ќе претстои. Ќе нагласам, патешествието е еднакво суштествено како и дестинацијата и секој чекор напред е и наша придобивка.

Ќе посочам дека и во услови на долготрајна криза, односно сплет на повеќе кризи со силни економски ефекти наеднаш, сега повеќе од секогаш се гледа потребата од заемна поддршка за земјите и надминување на проблемите со заеднички сили.

ЕУ – целина која е повеќе од збирот на деловите

Да се осврнеме на практичните причини и придобивки од членството на ЕУ, од аспект на главниот двигател на ова сојузништво – економијата. Има повеќе макроекономски показатели кои укажуваат на позитивниот ЕУ-ефект во периодот пред и по зачленувањето. Дури и во самиот претпристапен процес, се забележуваат позитивни придвижувања кај земјите (гледано со изолирање на ефектите од фазите на економскиот циклус). Пред сѐ, членство во ЕУ значи влез на пазар од над половина милијарда потрошувачи. Економската моќ на ЕУ се одразува и во трговијата и странските директни инвестиции, со 16% од вкупното глобално тргување. Интеграцијата во ЕУ за РС Македонија ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, пет пати повисок номинален БДП по жител (при што реален БДП по жител на нашата економија е околу 40% од тој на ЕУ според Еуростат), како и значително пониска стапка на невработеност. Според студија направена во 2014 година (Coricelli, Moretti, Campos) во која резултатите се добиени користејќи серија податоци од 80-тите години на минатиот век и податоци од проширувањето во 2004 година, покажуваат придобивки од дополнителни 12% над постојниот БДП по жител. Има бројни трудови посветени на проценка на економската придобивка од Европската Унија, на пример во еден од нив се посочува дека БДП по жител во ЕУ би бил една петтина помал доколку не се случеле интеграциите од 50-тите години (Badinger, 2005). Во други трудови се утврдуваат, исто така, високи ефекти на членството врз растот, но се предупредува и на хетерогеноста на економиите како фактор. Исто така, направени се студии за Европската комисија во 2019 година, кои се однесуваат на придобивките на единствениот пазар на ЕУ, кој за разлика од кој било друг договор за слободна трговија е отворен за сите сектори и поединци. Согласно нив, проценките се дека бруто домашниот производ на ЕУ би бил за 9% помал доколку немаше целосна интеграција на единствениот пазар, што во просек значи приближно 840 евра помалку годишен приход по глава на жител. Гледано по одделни членки, оваа бројка варира, но се движи од 193 евра по жител во Бугарија, до 2.834 евра во Луксембург. Гледано од оваа перспектива, секоја земја членка е подобро отколку да е надвор од ЕУ што укажува на фактот дека ЕУ создава нова вредност, односно додадена вредност со позитивни екстерналии. Како што би рекол Аристотел „целината е повеќе од збирот на деловите„.

Правејќи компаративна анализа на земјите членки кои се приклучија во последните ЕУ проширувања и земјите од Западен Балкан, а согласно податоци на Светската банка, новите земји членки бележат повисок раст и побрзо се доближуваат до животниот стандард на ЕУ, во однос на земјите од Западен Балкан (ЗБ). Кај новите земји-членки, исто така, се забележува и поголема продуктивност на трудот. Деловната клима, кај новите земји членки е поповолна, гледано во просек според Извештајот за правење бизнис (Doing Business), додека се забележува и побрз напредок во структурните реформи за развој на приватниот сектор. Новите земји членки на ЕУ покажуваат поголем напредок во однос на институционалната демократија и доброто владеење – слободата на изразување, политичката стабилност, како и квалитетот на регулаторите, ефективноста на владеењето, владеење на правото и контрола на корупцијата, доколку се спореди Глобалниот индекс на добро управување.

ЕУ со додадена вредност и позитивни екстерналии

Членството во Унијата има и други економски и неекономски предности, кои можеби е потешко да се квантифицираат, но влијаат на економскиот перформанс на земјата. Таков пример е заедничкото адресирање на прашања како климатските промени и загадувањето на почвата и водата, што ја подобрува ефикасноста и ефективноста во делувањето во споредба со она кое би било ограничено во национални граници. Исто така, таков пример е и заедничката борба против корупција, криумчарење и спречување перење пари. Тука е и прекуграничната размена на информации во насока на заштита на правата на граѓаните, од аспект на нивната безбедност и како граѓани во Унијата, но и нивната сигурност како потрошувачи. Последно, но секако најважно е дека сигурноста која ја нуди ЕУ, е додадена вредност во сите сегменти на економијата. На ова би го додал и значењето на членството во НАТО, особено во услови на глобални безбедносни предизвици од хибридни напади и геостратешките превирања со воената агресија на Русија врз Украина минатата година која покрај човеките и економските штети носи со себе уште многу неизвесности.

ЕУ фондови и јавните финансии

Како министер за финансии, би се осврнал на системот на управување со јавните финансии. Гордо можам да истакнам дека направивме значајни чекори во реформите за управување со јавните финансии, најголемите во последните декади, кои се очекува значително да го подобрат процесот. Тука зборувам за новиот Закон за буџети, со кој ќе се делува постратешки и интегрирано, а согласно строгите ЕУ критериуми. Во овие рамки се и лимитите за управување со јавниот долг, односно Мастришките критериуми, со кои се ограничуваат буџетскиот дефицит и јавниот долг. Дополнително, од аспект на Планот за забрзување на растот, пристапот до европските фондови, кои овозможуваат наменски средства за постигнување на развојните цели, се од особено значење за постигнување на нашата главна цел, односно обезбедување повисоки и одржливи стапки на економски раст при задржани здрави макроекономски фундаменти.

Подетално за европските фондови – буџетот на Европската Унија за периодот од 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, средства насочени кон поддршка на областите: Климатска и дигитална интеграција; Заеднички пазар и иновации; Кохезија, отпорност и заеднички вредности; Природни ресурси и околина; Миграција и управување со граничниот простор; Соседство и свет и Европска јавна администрација. Со процесот на интеграција и пристапување кон Унијата, со секое ново ниво, за земјата се отклучува пристап кон нови фондови за финансирање одделни цели. Еден од тие фондови е Инструментот за претпристапна помош (ИПА) – наменет за земјите со кандидатски статус и за аспирантите за членство, до која, како земја кандидат за членство имаме пристап до сите пет компоненти. Исто така, тука e Програмата за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), финансиска помош од Унијата за одржливо земјоделство и рурален развој, со фокус на усогласување кон заедничките земјоделски политики на Унијата и воспоставување конкурентно земјоделство и силни одржливи рурални области. Со влезот во Унијата за земјата ќе се отвори пристап и до многу други фондови за структурна поддршка во служба на развојните цели.

Во контекстот на реформите на јавните финансии и нивното значење во градењето на здрав економски систем, што ќе испорачува повисоки стапки на економски раст, систем што ќе биде дел од нашата европска иднина, би сакал да ја искористам и оваа прилика за да го истакнам значењето на човечкиот капитал во овој процес. Вработените во Министерството за финансии се исклучително важни во процесот на реформирање на јавните финансии, оттаму вложувањето, но и соодветното вреднување и задржување на овие кадри е од исклучително значење. И тука ќе истакнам уште еднаш дека ќе ги преземеме сите мерки кои се на располагање за да го осигураме тоа. Иста логика за значењето на човечкиот капитал важи и во другите области во зависност од надлежностите, комплексноста на обврските и притисоците на пазарот.

„Економски модел за Европа дома„

Додека ја извршував функцијата вицепремиер за евроинтеграции, давајќи осврт на интеграциите за периодот од Извештајот за напредокот на Европската комисија во 2014 година до седмата препорака на Европската комисија во 2015 година, а во интерес и на отчетност, преку десетици колумни го анализирав процесот, но и нашата желба како нација да бидеме дел од ЕУ. И тогаш велев и сега нагласувам, никој не вели дека е едноставно и лесно, но резултатите се оние кои прават целиот процес да вреди, како наградата на крајот членството и отворање на вратата за подобар живот за сите наши граѓани, така и процесот на самоподобрување и креирање просперитетно европско општество и економија.

Уште во 2015 напишав дека „на нас ни е потребен еден економски модел, главно врз основа на креирање нови работни места (во приватниот сектор), преку зголемување на конкурентноста, подобрување на инфраструктурата и бизнис климата. Транспарентно и одговорно управување со јавните финансии, со цел поддршка и стимулирање на инвестиции, како и афирмација на социјална и територијална кохезија, воедно промовирајќи рамномерен регионален развој. Странските инвестиции, секако ќе го промовираат извозот и ќе ја зголемат економската продуктивност. Но, ова бара знаење и нова технологија. Ни треба и нов менталитет. Модел на економски развој, базиран на конкурентна и интегрирана економија, со еднакви можности за сите, би влијаело да не чекориме како желката, но да и се приклучиме побрзо на оваа наречена наша Обединета Европа.“ Денес истото би го парафразирал – без да претендирм дека имам на рака некој научен модел, туку повеќе како сублимат базиран на високо квалитетни научни трудови и повеќе извештаи и анализи на меѓународни институции и домашната стручна дебата – економски модел базиран на инвестиции, иновации, човечки капитал, инфраструктура и нови технологии, што ќе ја направат нашата економија поконкурентна (подготвена за европскиот пазар и пошироко), ќе креира нови работни места, ќе обезбеди побрз раст, тој да е поинклузивен и одржлив на среден и долг рок, зелена транзиција и поквелитетен живот на граѓаните. Економски модел што ќе ја донесе Европа дома

Ние сме Европа

Членството во ЕУ значи подобрување на геостратешката позиција на нашата земја и рамноправно учество во одлучување за важни прашања. Се зголемува безбедноста и стабилноста на земјата со што се создава подобра основа за економски раст и развој. Тоа влијае и врз подобрување на кредитниот рејтинг на земјата и зголемување на домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе значат нови работни места, проследени со нови знаења и технологија и зголемена конкурентност на домашната економија. Зголемената конкурентност значи зголемување на извозот и трговијата и побрз економски раст. Структурните реформи како и реформите во однос на демократијата и владеење на правото ќе се остваруваат со побрза динамика. Се подобрува животниот стандард и економската перспектива за земјата. Толку многу придобивки вредни за одржување на визијата за европска иднина, кон која веќе чекориме.

Наша цел е да направиме иднина за младите во земјава. Одливот на мозоци и кадри е најголемиот губиток за една земја и за една економија. Оттаму во континуитет треба да се подобруваат условите за да им обезбедиме живот како на другите млади во Европа.

Токму затоа е толку важен пристапниот процес, за да ги направиме потребните реформи за да ја донесеме „Европа дома“. Во овој процес ние, нашиот систем стануваме подобри и обезбедуваме подобро утре за нас самите, а ефектот на ЕУ по влезот само ќе ги засили тие резултати.

Секоја препрека не треба да не обесхрабрува, туку да не тера да бидеме подобри во унапредувањето на нашиот систем и продуцирањето на подобри резултати. Ниту Рим не е изграден за ден, а како што ќе каже еден од татковците на Европската Унија, Роберт Шуман, „Европа нема да биде изградена одеднаш, според единствен план, туку ќе се гради преку конкретни достигнувања, коишто ќе се базираат на солидарност“.

    

Најново

Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Sase Ivanovski

Николоски: На 8 мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција

Sase Ivanovski

Стојаноска: Народот се обединува околу Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме на Платформа 1198 која ќе донесе многу проекти, реформи и иднина за сите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ имавме заробена држава, тогаш се затвораа медиуми, се тепаа студенти, никој не смееше да протестира

Sase Ivanovski

Изработен е мурал на објектот на Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Sase Ivanovski

Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло

Sase Ivanovski

ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ЌЕ ГО РАСИПАТ ВИКЕНДОТ Во Скопје доаѓа краткотраен пороен дожд

Sase Ivanovski

Пендаровски од Охрид: Нашата заедничка кауза е напредна, среќна и просперитетна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје? И кога голобрадо момче кое случајно му е внук ја купува Соравија? Со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Sase Ivanovski

Товарен брод десетти ден е насукан на брегот на полуостровот Истра во Хрватска, надлежните уверуваат дека засега нема загадување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Jа внесовме Македонија во НАТО и донесовме тешки одлуки по 30 години да отпочнеме преговори со ЕУ. СДСМ е единствената политичка сила која знае како да го направи тоа

Sase Ivanovski

Ковачевски: Немојте да се плашите за иднината на Македонија и на СДСМ

Sase Ivanovski

Силјановска: По политичкиот земјотрес, очекувам политички вулкан

Sase Ivanovski

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Sase Ivanovski

(ФОКУС) Манипулации со спортски ваучери: Дали федерации и клубови враќале дел од донираните пари на фирмите ослободени од данок?!

Sase Ivanovski

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и над 10 пратеници

Sase Ivanovski

ВИДЕО Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ има мал раст на бројот на гласови, повеќе демотивривале да се гласа за СДСМ

Sase Ivanovski

Што содржел пропаднатиот мировен договор: Киев да гарантира неутралност, а Москва да не напаѓа

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици во Виница, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води, канализациони и водоводни мрежи и многу други проекти во Виница, гласајте за број 2 за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Зачестија алергиите кај децата, загадениот воздух и индустриската храна главните причини

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака, ајде да ги спречиме со масовна излезност

Sase Ivanovski

По приемот на Косово во СЕ семејствата на исчезнатите ќе можат да ја тужат Србија, вели Вјоса Османи

Sase Ivanovski

Ковачевски: 27-ми април е крвав потсетник за владеењето на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Ќе бидам претседателка на сите и ќе се однесувам со почит кон граѓаните

Sase Ivanovski

Шкријељ: Пратениците државата да ја сакаат со ум, а не со насилство

Sase Ivanovski

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Sase Ivanovski

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, полоша е само Бугарија

Sase Ivanovski

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Sase Ivanovski

КУЌАТА СО КРЕДИТИ НЕ СЕ ОДРЖУВА, РЕЗУЛТАТОТ СЕ ВИДЕ НА 24 АПРИЛ Ахмети порача дека потребна е работа зошто така се обезбедува леб

Sase Ivanovski

Месиќ во Приштина: Голема Србија никогаш нема да има, Србија е само мала балканска држава

Sase Ivanovski

Отрови: Книги со арсеник во корицитe отстранети од Националната библиотека на Франција

Sase Ivanovski

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Sase Ivanovski

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите

Sase Ivanovski

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова во Дебар: Мојата победа е јасна

Sase Ivanovski

Ахмети од Кичево: Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат

Sase Ivanovski

На 27 април ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Македонија на раб на граѓанска војна, вели Пендаровски

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп

Sase Ivanovski

Избори повеќе се губат отколку што се добиваат!

Sase Ivanovski

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

Sase Ivanovski

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом во Гази Баба

Sase Ivanovski

УЖАС: Силувана малолетничка од Струмичко

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

Sase Ivanovski

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Sase Ivanovski

Бугарскиот “Флекс Кредит” ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Sase Ivanovski

На Партизанска се преврте автомобил

Sase Ivanovski

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Sase Ivanovski

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Чешиново Облешево:Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат на 24 Април, сега сите масовно да излеземе на 8 мај и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Небојша Захариевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 6 активности

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има, масовна излезност за народот да си ја врати државата

Sase Ivanovski

105 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Соопштение до медиуми: КАКОВ ГРАД? Просторна интервенција, перформанс и музички настан во киното на Железничката зграда во Скопје

Sase Ivanovski

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом

Sase Ivanovski

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите, како и пониски даноци за домашните стопанства и привлекување на нови инвестиции

Sase Ivanovski

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија

Sase Ivanovski

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

Sase Ivanovski

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Sase Ivanovski

На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле

Sase Ivanovski

Михаилоски: Не попуштивме. Застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир од слепилото на омразата и сеништето на работ на граѓанска војна., 27.04.2024

Sase Ivanovski

Бендевска: Во Битола во последните два дена зголемување на членството за 20%

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Емил Јанески од Прилеп, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

М-р Борче Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6!

Sase Ivanovski

О, душо моја

Sase Ivanovski

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

Sase Ivanovski

„ФЕРОГАО Е ВОЗОТ НА СМРТТА, ЌЕ ЈА УНИШТИ БРАЗИЛСКАТА ШУМА“ Бразилските домородци се противат на изградбата на железница

Sase Ivanovski

50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СПОРТОТ, КЛУБОВИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ Николоски објасни каде и како ќе се пласираат планираните средства

Sase Ivanovski

ДА ЗАПРЕ СИСТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ, ЕКОЛОШКИОТ И УРБАНИСТИЧКИОТ ХАОС Еве што им порача Силјановска Давкова на жителите на Маврово

Sase Ivanovski

Во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград повредени две лица

Sase Ivanovski

Зеленски предупредува за нуклеарката Запорожје: Русија мора да ја отстапи, радијацијата не познава граници

Sase Ivanovski

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Sase Ivanovski

Шојгу: Русија никогаш не би ги нападнала НАТО земјите

Sase Ivanovski
Вчитувам....