МАКТЕЛ

     

Земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето

      

Наместо да се консултираат со лекар околу користењето на ваков лек во функција за слабеење, поединци за ова бараат совети на интернет. Така, на еден од интернет форумите се бара совет за инјекциите „оземпик“ кои се користат со боцкање во стомак. Се бара да се сподели искуство и како да се набавки лекот.МИА посети неколку аптеки во Скопје и во внатрешноста на државата барајќи го лекот. Ни беше кажано дека лекот е дефицитарен и наменет за дијабетичари, но дека го користат и за слабеење.

– „Оземпик“ може да се порача, тоа се инјекции, се боцкаат како инсулин, поткожно. Мора да се препишани од лекар, со рецепта. Може да се користи и за слабеење, но немој, ќе ти го блокира цел организам. Мора да биде во консултација со лекар, ни одговорија во една од аптеките.Цената е околу пет илјади денари, а во една од аптеките ни рекоа дека има интерес за овој лек.

   

– Нема за нарачка, инаку држиме да, моментално се дефицитарни. За дијабетичари е, но го користат и за слабеење многу. Ставаат по малку инсулин, повеќе време е активен инсулинот, го забрзува метаболизмот. Го нема веќе два – три месеци. Зголемена е побарувачката насекаде во светот. Наеднаш стана популарно. Најверојатно ги потрошија залихите. Не мора рецепта, ако се има препорака од лекар, изјавија во една од аптеките.Телефонски се јавивме и во една компанија од фармацевтскиот сектор.

– Никаде нема „оземпик“, во ниту една наша аптека. Имаше првична најава дека ќе стигнат во средината на јануари, меѓутоа ништо од тоа. Сега засега немаме никаква информација. Претходно го имавме. Го нема, можеби од пред Нова Година. Цената беше околу пет илјади и четиристотини денари, посочија од компанијата.Земањето лекови на своја рака предизвикува негативни ефекти по здравјето

За тоа кои се несаканите ефекти на семаглутид („оземпик“) ако се користи за слабеење одговор побаравме од д-р Даниела Настеска, истражувач во Центарот за дијабет, метаболизам и ендокринологија, на Универзитетот на Оксфорд во Обединетото Кралство.

– Тој се дава во склоп на другата терапија и делува на клетките што прават инсулин, со цел да го зголеми правењето на инсулин, а помага и во подобро преживување на тие клетки и во нивно зголемување, што е важно за нивната нормална функција. На ниво на мозокот на пример, делува во поглед на намалување на апетит и заштита на извесни нервни клетки. Понатаму, го забавува празнењето на стомакот, што исто така има влијание во поглед на намалување на апетит, а има ефекти на срце, на мускули и на други делови од човечкото тело. Еден од најсериозните и најдобро документирани несакани ефекти е појавата на рак на панкреас, појаснува Настеска.Напомена дека тоа е еден од најсмртоносните типови на рак.

– Мислам дека овие лекови дојдоа во поширока клиничка употреба за првпат околу 2009, 2010 година. Различни ретроспективни клинички студии укажуваат дека извесен процент од следните пациенти со тип два дијабет развиваат рак на панкреас по извесен период на користење на семаглутид. Зошто? Иако причините за овој ефект сѐ уште се истражуваат, тие имаат врска со нормалното делување на лекот. Споменав дека лекот ги зголемува клетките и со тоа ја подобрува нивната функција. Сепак, со самото тоа, ја притиска клетката да расте повеќе од нормала и ги нарушува нејзините нормални регулаторни механизми. Клетките добиваат сигнал „да прават повеќе инсулин“, но и да „растат и да се зголемуваат“. Ова се воедно некои од начините или основата на развивање на рак. Рак се развива кога клетките на човечкото тело, било каде, ќе излезат од контрола и не ги следат нормалните регулаторни механизми, туку неконтролирано растат, се размножуваат и агресивно ја уништуваат околината, посочува Настеска.

Според неа, станува збор за комплициран лек што делува на повеќе нивоа. Според индикациите, со користење на лек од ваков состав, како што објаснува Настеска, можни се и други нус појави. На пример, одреден процент на пациенти може да развијат и воспаление на цревата.

– Овој лек всушност имитира хормон што нормално се создава во нашето тело. Дијабетичарите го немаат во доволна количина и има смисла да користат ваков лек. Здрави луѓе, кои веќе го прават овој хормон во нивното тело и дополнително земаат лек што го имитира неговото дејство, ги нарушуваат неговите нормални начини на делување, отворајќи можности за здравствени нарушувања, предупредува Настеска.

Нема магични пилули или инјекции, вели Настеска, употребата на семаглутид („оземпик“) за лекување на тип дијабет 2 е основана само кога е во склоп на промени во човечкото однесување, начинот на исхрана, физичката активност и заедно со останатата терапија препишана од лекар специјалист.Вели дека лекот треба да се резервира за луѓе кои имаат дијабет 2 и кои имаат телесна тежина над 150 килограми.

– Да остане таа мала количина од лекот за нив, наместо да го земаат луѓе коишто ги немаат овие проблеми, би рекла, да го земаат од „фискултурни причини“, категорична е Настеска.Критериумите за „совршеноста“ на женското тело произлегуваат од модните трендовиСпоред Николина Ивановска Котевска, професор по психологија во скопската гимназија „Никола Карев“, критериумите за „совршеноста“ на женското тело и видовите на растројства во исхраната, произлегуваат од модните трендови што ги пласираат најчесто видни и значајни жени и мажи.

– Младите многу време од денот поминуваат на социјалните мрежи. Тоа што социјалните медиуми го пласираат во најголем дел од случаите, да не генерализирам дека се сите, е фотошопирано. Денес највлијателните луѓе, вклучувајќи ги и новосоздадените „инфлуенсери“, се разликуваат „во живо“ и на фотографија. Она што младите го перцепираат е токму таа фотографија, па оттука и самата реалност ја перцепираат различно од она што е таа навистина. Воедно, она што се постира на социјалните мрежи нема скоро никаква контрола, па секој може да си дава одредени препораки и да пласира стилови на исхрана, вклучувајќи и пиење диуретици како дел од процесот на слабеење, па сѐ до „јадење памук“, што е сериозно опасно и со фатални последици, децидна е Ивановска Котевска.

Таа го посочува и таканаречениот „Барби“ синдром, прикажување на нечии животи како најсовршена форма преплавена од луксуз, далеку од она што навистина е во реалноста, па нагласува дека ова дополнително ги збунува младите и ги искривува нивните вредности.

– Денес и од аспект на родители и како педагози, наставници и психолози, за жал покажуваме дека не сме доволно подготвени да превенираме и да се справиме со одредени психолошки абнормалности кај нашите деца, особено со концептот за физичкиот изглед и сликата за себе. Ова прашање бара сериозни предзнаења кај секој еден од нас за тоа што нашите деца следат на социјалните мрежи, знаења за тоа како некој нов тренд влијае врз нивното здравје. Да процениме колку нашите деца и млади се способни да направат разлика на свесно ниво за реалноста наспроти социјалните медиуми. Па она што би ни било неопходно да го преземеме е токму таа контрола и превенирање. Потребно е отворено да се говори на оваа тема, да се обучуваат стручните служби во училиштата, да се обучуваат родителите и многу да се разговара со децата и младите. Отсекогаш младите се впуштале во одредени методи за формирање на сопственото тело кои вклучувале и одредени ризици по нивното здравје, но разликата меѓу минатото и денешното време, е, што денес контролата врз веродостојноста и научниот аспект на достапните и брзи информации кои тие ги користат, скоро и ја нема, истакнува Ивановска Котевска.

Лекот е регистриран во земјава, се издава со лекарски рецептЗа тоа како е регулирана употребата на овој лек во земјата, МИА побара одговор и од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД. Оттаму ни одговорија дека лекот е регистриран во нашата земја, но дека се издава само со лекарски рецепт. Според МАЛМЕД, во земјава не е евидентиран случај на издавање на лекот без лекарски рецепт.

– Ве известуваме дека истиот е регистриран во нашата држава за индикација: третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2, како надополнување на исхраната и физичката активност. Лекот може да се издаде само на лекарски рецепт. При редовните инспекциски контроли, што се вршат од страна на МАЛМЕД, а поврзано со издавањето на лекови, не е евидентиран случај на издавање на лекот „оземпик“ без лекарски рецепт, се наведува во писмениот одговор од МАЛМЕД.

   

Најново

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski

Дојава за бомба во авион на „Рајанер“ – драма на аеродром во Белгија, откажани сите летови

Sase Ivanovski

Демировски тврди дека градоначалникот на Шутка избегал од Македонија?!

Sase Ivanovski

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ СО ГРУЕВСКИ!

Sase Ivanovski

Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија, порача Димитриеска-Кочоска од Брисел

Sase Ivanovski

Познатиот американски бизнисмен Крис Павловски со македонско потекло кој важи и за многу близок човек на Трамп, негира дека тој ја органзиирал и ја платил посетата на македонската делегација во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот пак „нема никакво барање“

Sase Ivanovski

Кина ја укина забраната за испораки на авиони „Боинг“ по трговскиот договор со САД

Sase Ivanovski

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski
Вчитувам....