Левица повторно одработува за спас на СДС.
ФАКТИТЕ ВЕЛАТ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесоа законот за амнестија за 27-ми, потпишан од СИТЕ 44 пратеници, и НИКОЈ друг.
Собранието не работи по календар на активности, туку мнозинството си одлучува што ќе се гласа.
СДС увиде дека има оправдано отсутни пратеници од опозицијата (болни, странство) во одреден момент и ја стави точката за амнестијата на гласање.
Системот за гласање дури и не евидентираше гласови на присутни пратеници. Доказ:
Оваа ситуација ѝ ја сервираа на Левица, за да се обидат наместо кон СДС, вината што не помина законот да се префрли кон ВМРО.
Законот не помина само затоа што СДС, поддржани од ДУИ и АА гласаа ПРОТИВ. Разјадувањето на опозициското јадро оди во прилог само на ДУИ и СДС
Левица уште еднаш докажа дека е само пиун и продолжена рака на СДС и ДУИ.
Цело ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на чело со Мицкоски и заедно со сите 44 пратеници, ќе ја продолжи битката со оваа власт поддржана од Левица, ќе ги победи сите и ќе изгрее сонцето на слободата…