МАКТЕЛ

     

Средба на претседателот Пендаровски со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел

      

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, за реформскиот напредок во клучните области, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.

 Претседателот Пендаровски и високиот претставник Борел разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори на Република Северна Македонија и скрининг процесот, и го поздравија одржувањето на денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.

   

 Двајцата соговорници на средбата разговараа и за состојбите и  перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, како и за дијалогот Белград – Приштина во пресрет на утрешните преговори меѓу двете страни во Охрид. Во продолжение ги проследуваме интегралните изјави на претседателот Пендаровски и на високиот претставник Борел, по завршување на средбата:

 Изјава на претседателот Стево Пендаровски:

 Би сакал да му посакам добредојде на господинот Борел. Денеска на средбата со него разговаравме за неколку важни прашања од домашната политика, и се разбира, за неколку отворени прашања во регионален контекст.

Во однос на домашните случувања и домашната политичка динамика, разговаравме за процесот на скрининг кој се одвива веќе неколку месеци. Формално, господинот Борел денеска е тука за состанок на Советот за стабилизација и асоцијација што се случува по првпат во Скопје, што е уште еден знак или потврда дека процесот на наше приближување кон Европската Унија се одвива со задоволително темпо во оваа фаза, иако станува збор пред сè за техничка фаза и за скенирање на состојбите во виталните области, сепак проценките од Брисел се дека нашите одговори во однос на сите поставени прашања и дилеми во оваа фаза се на висококвалитетно ниво, што не би требало да изненадува со оглед дека ние се подготвувавме за преговорите седумнаесет години, и сме еден од најдобро подготвените кандидати за преговори со Европската Унија.

На средбата потрошивме доста време од нашиот состанок на тема поврзана со утрешните преговори помеѓу Белград и Приштина во Охрид, бидејќи станува збор за исклучително важно регионално прашање кое долги години стои на целокупната западно-балканска агенда и чиешто решавање може само да помогне за побрзо приближување на целиот регион, не само на страните кои се инволвирани, кон евроатлантските асоцијации.

За нас е исклучително значајно тоа што оваа важна работна сесија од преговорите се одвива во нашата земја, поточно во Охрид, бидејќи тоа и господинот Борел го спомена, можеби и ќе го повтори, тоа е знак дека Република Северна Македонија направи тешки компромиси во меѓувреме, покажа нетипично балканско однесување и изминативе години функционира како вистинска мултиетничка демократија, што е реткост и во пошироки рамки. Ова го доживуваме како признание за постигнатото во изминатиот период и се разбира како поттик на домашните политички сили да продолжат со реформите, со европските реформи, за што е можно побрзо да станеме полноправна и формална членка на Европската Унија.

Благодарам. 

Изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Борел: 

Ви благодарам претседателе.

Ви благодарам, претседателе, што денеска бевте домаќин на мене и на мојот тим. Имавме многу важна и корисна дискусија. Разговаравме за пристапниот процес на Северна Македонија, но секако, не само за тоа. Разговаравме за состојбите во поширокиот балкански регион. Регион кој има стратешко значење за Европската Унија.Имав можност да го информирам претседателот за резултатите од денешниот Совет за стабилизација и асоцијација, кој, како што рече претседателот, е прв во оваа земја.

Ја ценам Вашата улога, господине претседател, Вашата силна улога и јасна поддршка за реформите потребни за приближување на Северна Македонија кон членството во Европската Унија. Оваа реформа треба да се договори и спроведе за доброто на Северна Македонија. Не само на европскиот пат, туку со цел да се изгради пожива демократија и попросперитетна економија.

Ја ценам Вашата улога, господине претседател, и во регионалните прашања и Вашиот придонес за регионалната соработка и стабилност на Западен Балкан. Бидејќи добрососедството, добрите односи меѓу соседите и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Ако земјите од Западен Балкан сакаат да станат членки на Европската унија, тоа е добро, а меѓу нив треба да имате добри односи и добра регионална соработка.

Во тој контекст, разговаравме за следниот состанок на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина, кој имам чест да го координирам, а ќе се одржи утре во Охрид.Исто така сакам да Ви се заблагодарам, сакам да и се заблагодарам на Северна Македонија, што го обезбедивте местото за оваа важна средба, како и за Вашата севкупна поддршка за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Се надевам дека прекрасниот пејсаж на Охрид ќе создаде убава атмосфера, неопходна за постигнување договор.Дозволете ми, претседателе, да кажам каде сме и каде сакаме да одиме.

Пред три недели во Брисел премиерот Курти и претседателот Вучиќ се договорија за предлогот на Европската унија, предлог поднесен од страна на Европската Унија, со силна поддршка на Франција, Германија, Италија и САД. Тие се согласија дека овој предлог ќе биде патот за нормализирање на односите меѓу нив. Исто така, се договорија дека наскоро повторно ќе се сретнеме за да го финализираме анексот за имплементација. Договорот е добар. Начинот на кој ќе се спроведе е подобар. Оваа средба за која се договоривме ќе се одржи утре во Охрид за да се дефинираат практичните чекори што треба да се следат. Во конкретна временска рамка, што треба да се направи? Кога и како? Затоа што имаме искуство со договори кои никогаш не биле спроведени. А додадената вредност на овој договор е тоа што мора да биде спроведен, а ние мора да се договориме кога и како да се спроведе истиот.

Од последниот состанок во Брисел, тоа е шатл-дипломатија на високо ниво. Нашиот специјален претставник Мирослав Лајчак интензивно патува во Белград и Приштина. Двете страни дадоа коментари за анексот за имплементација за кои се разговараме утре. Ќе излеземе со консолидирана верзија на анексот врз основа на овие повратни информации и потоа се надевам дека Косово и Србија ќе можат да се договорат за конечниот резултат од оваа дискусија. Анексот за имплементација ќе биде составен дел на договорот, со цел да биде јасно за сите како ќе ги спроведеме сите одредби кои ги содржат.

Ако успееме да го направиме тоа господине претседател, ќе ги поставиме односиет меѓу Косово и Србија на одржлив, долгорочен колосек насочен кон иднината, надминувајќи го постојаното кризно управување кое што бевме во изминатиот месец. Тоа ќе има јасно позитивно влијание на европскиот пат на Косово и Србија и ќе ја зголеми стабилноста на регионот. Се надевам дека ќе креираме нова динамика и нов моментум за проширувањето, што исто така би требало да биде корисно за сите во регионот.

Одам за Охрид со надеж дека ќе се соочам со уникатна можност за Косово и Србија да се придвижат напред и да постигнат напредок, да ги нормализираат нивните односи.

Господине претседател, во Ваше присуство, сакам да истакнам дека оваа можност треба да се искористи затоа што никој нема да има повеќе корист од тоа отколку луѓето од Србија и Косово, бидејќи никој нема корист од неопходните реформи за да биде дел од Европската унија како државјани на земјите кои денес се кандидати. Има можности кои не треба да се изгубат.

Во понеделник ќе ги брифирам министрите, министрите за надворешни работи на нивната средба. Во четврток и петок ќе бидат информирани лидерите на Европската унија.

И денес очите на Европската Унија и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид. Да се надеваме дека ќе биде успешна.На крајот, господине претседател, ако ми дозволите. Сакам само да дадам коментар за една вест што ја дознав пред неколку минути.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на претседателот Путин за воени злосторства, за депортација и трансфер на деца од окупираните области на Украина во Русија. Меѓународниот кривичен суд наведува дека постојат разумни основи да се верува дека Путин сноси индивидуална одговорност за овие злосторства. Тежината на злосторствата и изјавата на МКС говорат сами за себе. Ова е важна одлука на меѓународната правда и за народот на Украина.

Ние секогаш јасно стававме до знаење во Европската Унија дека одговорните за незаконската агресија врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата. И ова прашање на Меѓународниот кривичен суд е само почеток во процесот на одговорност, за барање одговорност од Русија и нејзиниот лидер за злосторствата и злоделата што ги вршат во Украина.Господине претседателе, Европската унија ја цени и поддржува работата на Меѓународниот кривичен суд и неговата истрага. Не може да има неказнивост.

   

Најново

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski

Дојава за бомба во авион на „Рајанер“ – драма на аеродром во Белгија, откажани сите летови

Sase Ivanovski

Демировски тврди дека градоначалникот на Шутка избегал од Македонија?!

Sase Ivanovski

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ СО ГРУЕВСКИ!

Sase Ivanovski

Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија, порача Димитриеска-Кочоска од Брисел

Sase Ivanovski

Познатиот американски бизнисмен Крис Павловски со македонско потекло кој важи и за многу близок човек на Трамп, негира дека тој ја органзиирал и ја платил посетата на македонската делегација во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот пак „нема никакво барање“

Sase Ivanovski

Кина ја укина забраната за испораки на авиони „Боинг“ по трговскиот договор со САД

Sase Ivanovski

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....