12.8 C
Скопје
03/05/2024 21:39
МАКТЕЛ

  

     

 

Македонскиот збор силно одекна во Париз по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО

      

Македонскиот збор силно одекна во Париз, на Националниот интитут за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), со меѓународниот симпозиум што беше организиран вчера по повод 50 години од отворањето на тамошниот Лекторат по македонски јазик – најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот. Одекнаа научните вистини за македонистиката и констатациите за потребата од натамошни вложувања во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура. Но, и клучни согледби за македонските книжевни и културни вредности, преку осврнувањата на творештвото на великанот Ацо Шопов, во чест на 100-годишнината од неговото раѓање. На ИНАЛКО се слушна и македонската народна песна, на концерт организиран во чест на големиот јубилеј за македонистиката и за македонската држава. Уште еднаш се потврди дека соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и ИНАЛКО е исклучително важна за развојот на странската македонистика.

   

На Симпозиумот се одржа тркалезна маса која во целост беше посветена на македонистиката во Франција. На неа се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО.
Мојсова-Чепишевска детално се оврна на историјатот на македонистиката во Франција. Притоа, меѓу другото укажа дека интересот за македонскиот јазик таму датира и од претходно, од периодот меѓу двете светски војни, кога професорите Андре Мазон и Андре Вајан имаат објавено капитални дела за македонските дијалекти. Укажа и на интересот за македонскиот јазик и веднаш по неговата кодификација, поочувајќи на конкретни историски факти.

 

– Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, од денешна перспектива согледано исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија и во периодот пред и по неговата кодификација. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. Токму затоа и чествувањето на овој полувековен јубилеј не е и не треба да биде само формално одбележување, туку почетна точка на нови заеднички заложби на француските и македонските филолози и културолози, на ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ.

   

     

Во завршницата на излагањето во кое меѓу другото, посебно го акцентираше и значењето на заложбите на Ацо Шопов за развивање на македонско-француските културни врски, таа ја нагласи потребата од взаемна посветеност која ќе овозможи нови перспективи на македонистиката во Франција.
– И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО. Впрочем, на тоа нè обврзува и влогот на оние што пред нас се вложувале во македонско-француските културни и академски врски, истакна Мојсова-Чепишевска.

Како што во заклучните согледби од Симпозиумот нагласи и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО и претседаваше со тркалезната маса, излагањата на овој дел од Симпозиумот успеаа во целта да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката.

Со свои излагања учествува и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монпеље 3“. Во нивните излагања беа акцентирани согледби и анализи за македонистиката во Франција денес, а одделно излагање беше посветено и на вреднувањето и анализирањето на поезијата на Ацо Шопов преку прочитот на странските македонисти, како и за предизвиците при подготовката на најновите преводи на негови песни.

На творештвото на Шопов, на Симпозиумот му беа посветени и две тркалезни маси. Со нив продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј 100 години нд неговото раѓање. Ообено е важно што на овие тркалезни маси со исцрпни дискусии и нови согледби учествуваа и истакнатите странски македонисти и универзитетски професори, Кристина Е. Крамер од САД/Канада и Маќеј Кавка од Полска, долгогодишни учесници на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ и преведувачи на поезијата на Шопов. Покрај нив, на тркалезните маси учествува и професорот Жорж Алао од ИНАЛКО – Франција, по потекло од Нигерија, Дауда Ндиај од Сенегал, Хозе-Мариа Паз-Гаго од Шпанија, Џамила Межри од Тунис и Тања Кармзова од Франција.

Во овој дел на Сипозиумот учествува и академиците од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова. На Симпозиумот, пред присутните се обрати и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.Симпозиумот се оствари и со поддршка од МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.
Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО се одржа и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичкарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура). Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, како што се очекуваше, на ИНАЛКО се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто.

Ваквото чествување на полувековниот јубилеј на Лекторатот по македонски јазик во Париз ја потврди респектабилноста кон македонистиката на престижниот ИНАЛКО и воопшто во француската академска заедница. Но, клучно е што со учесници од седум земји, од симпозиумот се успеа и во целта да се испрати пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. Затоа што со заклучни согледби на Симпозиумот веќе се оствари конкретен влог и во трасирањето на патеката на натамошниот развој на студиите по македонски јазик, литература и култура во Париз и воопшто на македонско-француските академски и културни врски.

    

Најново

Мицкоски: Владини функционери се обидувале да поткупуваат граѓани и во верски објект

Sase Ivanovski

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ДОБИВА КАНДИДАТОТ НА ПАРТИЈАТА (ПАРТИИТЕ) КОЈА ИМА МНОЗИНСТВО

Sase Ivanovski

Николоски: Зошто Груби толку силно притискаше за Законот за игри на среќа?

Sase Ivanovski

Руските сили влегоа во база со американски војници во Нигер

Sase Ivanovski

Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети му вети поддршка на Пендаровски, но организира бојкот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХИСТЕРИЈАТА ЗА ПРОМАЈАТА СМЕ ЈА НАСЛЕДИЛЕ ОД СТАРИТЕ РИМЈАНИ

Sase Ivanovski

Петковски: ВМРО и ДУИ се велемајстори за национализам, мислам ќе направат влада

Sase Ivanovski

БРАВО СДСМ И ДУИ, ЗА ОВА ЗАСЛУЖУВАТЕ ГОЛЕМО БРАВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗБОРНИОТ СПОТ НА ТВОЈА ПАРТИЈА Е КАКО ПРИКАЗНА НА ДИЗНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Sase Ivanovski

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Спикерското место во Парламентот е моќна позиција, не за џабе Груевски не го даде

Sase Ivanovski

Штип одбележа 23 години од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Sase Ivanovski

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите, Северна Македонија прворангирана од земјите во регионот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Sase Ivanovski

Македонија е најдобро рангирана во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

3 мај светски ден на медиумите

Sase Ivanovski

Повторно отворен мостот “Беласица”

Sase Ivanovski

ПОПУЛИЗМОТ Е КАНЦЕР ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ – Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Sase Ivanovski

Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Sase Ivanovski

Едно лице се тепало со четворица, пресметка во прилепско

Sase Ivanovski

Поради сообраќајна несреќа: Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

СРБИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ ЗАПУКАА ЖЕСТОКО

Sase Ivanovski

Мисајловски: Нова детска градинка и амбуланта во Бутел!

Sase Ivanovski

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Sase Ivanovski

Пронајдете го вашиот нов дом во некој од новите објекти на Golden Art

Sase Ivanovski

МАТРИКСОТ ВЕЌЕ ПОСТОИ, ЗАСЕГА САМО ВО ХОНГ КОНГ

Sase Ivanovski

Гардероби во Сити мол. Ни Европски пат со СДСМ ни Твоја Македонија со ВМРО. Ние другари мои сме ептен згрешени во главите

Sase Ivanovski

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО: Пред 20 години, Металика одржале концерт во затворот Сен Квентин

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: На велики Петок во црквата Св. Јован во Бутел. Најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите

Sase Ivanovski

ЃОРЃИ СПАСОВ: Силјановска е македонскиот Среќко Шоиќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани.

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН КОНЦЕПТ, ЗОШТО ДА НЕ?

Sase Ivanovski

Стојаноска: Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададеме последниот удар на оваа криминална власт

Sase Ivanovski

Димитриевски во „Аргумент плус“ потенцира – ЗНАМ ќе се води од националните и државни интереси во  идните коалиции за влада на Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

Sase Ivanovski

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Sase Ivanovski

Мицкоски во Тетово: Подеднакво ќе работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри

Sase Ivanovski

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Sase Ivanovski

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Sase Ivanovski

Странските агенции за новата влада на Србија: Враќање на проруските политичари

Sase Ivanovski

Бакојани: Сите беа свесни за моите посебни врски со српскиот народ

Sase Ivanovski

НАТО: Загрижени сме поради хибридните напади од Русија

Sase Ivanovski

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО) Камион без возач се преврте над толпата деца во Киргистан

Sase Ivanovski

Насилни протести во Лондон против преместувањето на барателите на азил, уапсени 45 лица

Sase Ivanovski

Станбена криза во Холандија: паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Sase Ivanovski

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Sase Ivanovski

Европски фронт: Завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово

Sase Ivanovski

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Sase Ivanovski

Најголем дел од новинарите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната

Sase Ivanovski

Операција „Пандора“ на Европол: Затворени 12 кол- центри за телефонски измами

Sase Ivanovski

Родители се испотепале поради недоразбирање на нивните деца

Sase Ivanovski

Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира

Sase Ivanovski

Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонија, истакна Силјановска

Sase Ivanovski

Држава со посебни потреби!

Sase Ivanovski

Пендаровски не ја извисил Силјановска. МТВ го поканила, но од неговиот тим им одговориле дека понудените термини не им одговараат

Sase Ivanovski

Тренчевска: Не ја казнувајте државата заради тоа што одредени функционери грешеа, зад нас имаме сериони резултати

Sase Ivanovski

Одлучено е да се вратат старите цени на осигурителните полиси при регистрација на возила

Sase Ivanovski

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Sase Ivanovski

Џабир Дерала добитник на германската награда – Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година

Sase Ivanovski

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Нина Шерифовска од Малиќи Груп со препорака за развој на женско претприемништво

Sase Ivanovski

Гоце Цветановски: Продадов стан за да го направам првиот наш долгометражен цртан филм

Sase Ivanovski

ЗА ЕДНА ГОДИНА “СЕ РАЃААТ” ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

Sase Ivanovski

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

Sase Ivanovski

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Sase Ivanovski

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СИЛЕН НАПАД ВРЗ ОДЕСА Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: „НАЈГОЛЕМИ ДЕМОНСТРАЦИИ ОД ВИЕТНАМ ПА НАВАМУ“ Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Sase Ivanovski

ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Sase Ivanovski

„ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ПРИФАТИ ДА ПЛАТИ ОТШТЕТА ОД 6,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ 100.000 жени ја тужат дека добиле рак на јајници од нејзината пудра

Sase Ivanovski
Вчитувам....