Приведен дилер во Струмица, пронајден кокаин
На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претреси во Делчево, пронајдена дрога, приведени две лица
На 14.04.2023 во 13.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.И.(23) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Исто така, во Делчево, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М.(23) од Делчево, при што била пронајдена и одземена марихуана. Со двајцата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.