-Овие празнични денови, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е ДУП-от во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација.
Посочениот ДУП се уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста.
Општина Аеродром ги стави на увид на граѓаните и медиумите сите документи поврзани со овој ДУП и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да дадат свое мислење и забелешка по истите.
Ние ништо не криеме, работиме транспаретно и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата, велат од Општина Аеродром.