18.8 C
Скопје
23/06/2025 06:15
МАКТЕЛ

   

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: КАДЕ ПЛОВИ БРОДОТ МАКЕДОНИЈА?!?!

      

Македонскиот брод е скромен, има отворена пaлуба, но и тајни долапи кај машинското одделение. Таму се кројат планови за политичката сегашност, од „баналноста на злото“ до консензусот што го нема. Пишува Љупчо Поповски Не, македонскиот брод не наликува на „Титаник“, како што многумина се обидуваат да го претстават, туку повеќе како оние бродови тргнати, на пример, од Џенова, чија крајна цел е островот Елис во заливот на Њујорк. Тие бродови, особено во раниот почеток на 20. век носеа милиони иселеници од Европа во земјата на соништата – САД, во потрага по нов живот, нов успех и нова среќа. Преполнети со луѓе кај кои се мешаше надежта и неизвесноста.

Сегашниот македонски брод е како еден од нив, не толку сиромашен, не толку богат, во кој нема емигранти, туку луѓе кои новиот успех и веројатно новиот живот го поврзуваат со остварувањето на политичките амбиции. Сѐ според слоганот за пресвртот што треба да се направи. Изненадувачки е колку палуби има на овој мал и скромен брод, скриени и отворени, каде што се собрале различни групи кои кројат планови, прават стратегии што ќе се случува кога тој ќе се вкотви во пристаништето што се нарекува избори.

   

На отворената палуба се беше собрала една мала група која де егзалтирано извикува, де загадочно молчи, де гледа замислено напред во морето. Еден-двајца од групата имаа отворено некој книга и од неа нешто читаа, па им шепотеа на другите. Тие се оние што имаат од поевтините карти – групата наречена Левица. Нивниот водач им објаснува зошто било неопходно да се посети гробот на Енвер Хоџа во Тирана, кој за време на неговиот 40-годишен режим ја претвори Албанија во блиндирана земја на бункери и населението го држеше под невидена контрола на тајната служба. Тој не им споменува на оние околу него дека Хоџа и неговиот режим се одговорни за смртта на 25.000 луѓе преку егзекуции, изгладнување, нехумани затвори и принудни работни логори. Уште околу 60 илјади други луѓе биле испратени во внатрешен егзил, мачени, затворени и прогонувани. Тој огнено им зборува дека Хоџа бил голем албански државник, партизан и комунист, кој успел да ја трансформира неговата земја.

Тој им ги повторува зборовите што ги кажа во интервјуто на ТВ 24 дека нема што посебно да се коментира за убиствата, прогонот и затворањето на албанските граѓани и уште еднаш кажува: „Такво било времето, така правел“. Исто како и што сопругата на Енвер, Неџмие Хоџа, ги правдаше злосторствата во едно од нејзините последни интервјуа. Таа рече дека Хоџа веројатно чувствувал болка во душата што испратил толку многу луѓе во смрт, но дека тоа го сметал за своја „државничка должност“.

 Левица, Димитар Апасиев
Лидерот на Левица, Димитар АпасиевФотографија: Petr Stojanovski/DW

Баналноста на злото

Тие еден-двајца од групата по некоја случајност ја имаа во рацете славната книга на Хана Арент од 1963 за судењето на Адолф Ајхман во Израел, озлогласениот нацистички архитект на „конечното решение“, и објаснувањата за „баналноста на злото“. Ајхман на судењето не покажуваше ниту вина за своите постапки, ниту омраза кон оние што го судеа и тврдеше дека не сноси никаква одговорност затоа што едноставно „ја вршел својата должност“ и не само што ги послушал „наредбите“, туку го почитувал и „законот“. Така и Енвер Хоџа, како што тврди неговата сопруга, убивал луѓе зашто тоа била негова „државничка должност“.

Тој што ја држеше книгата в раце се обидува да му прочита како Арент ја оквалификува баналноста на злото: „Злото доаѓа од неуспехот да се размислува. Тоа ѝ пркоси на мислата, бидејќи штом мислата се обидува да се вклучи со злото и да ги испита просторите и принципите од кои потекнува, тоа е фрустрирано затоа што таму не наоѓа ништо. Тоа е баналноста на злото“.

Некои го прашуваат како може посетата на гробот на Енвер Хоџа да биде „идеолошка“, како што тврди тој. Па, идеологијата на Хоџа беше сталинистичка од најсуров тип; зарем 2023 е времето за навраќање кон „баналноста на злото“. Тој им одговара дека на тој начин сакале да се приближат кон младите Албанци кои биле левичарски расположени. А, дали тие го перцепираат Енвер Хоџа за свој идол, нема потреба да се расправа. Тој бил левичар, „правел идеолошки дистинкции, такво било времето, морал да ги прави“. Некои по оваа просудба за која нема приговори, замолчеа, некои се прашуваа: дали и ние ќе правиме такви идеолошки дистинкции според образецот на Хоџа? Па групата на отворената палуба пак почна да џагори.

Долу, најдолу во потпалубата, близу машинското оделение, во некои скриени долапи на бродот, неколку помали групи кројат планови какви чекори да преземат кога бродот ќе стигне до пристаништето. Во еден од тие долапи на скриената палуба, една група го слуша човекот кој вели дека дошло времето да се врати во политиката, од која никогаш, всушност, и не излезе. Никола Димитров. Тој им објаснува дека на 27 април, ако сѐ биде како што треба, ќе излезе со громогласна најава дека се формира движење. Таму се собрани претставници на оние што беа многу гласно непријателски расположени кон францускиот предлог и европската преговарачка рамка. Има таму и некои граѓански активисти, некои советници по скопските општини и Градот Скопје.

Тој зборува дека францускиот предлог не е добар за иднината на Македонија, дека државата е во заложништво на Софија, дека корупцијата го јаде општеството. И дека за пресвртот што тој мисли дека може да се случи ќе помогнеле „нашите пријатели од Брисел и Вашингтон“. Тој не сака многу да зборува дека беше архитект на двата договори кои го поделија македонското ткиво, оној со Бугарија и тој со Грција. Тој не дава одговори што би можело да биде со земјата ако не ги направи уставните измени. Идните чекори се некаде во облаци. Важно е, им вели Димитров, „да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите“.

„Огнените“ од ДУИ, Македонија
Членови на „Огнените“ од ДУИ Фотографија: Petr Stojanovski

Во друг долап се „огнените“ од ДУИ. Тие уште не знаат какви чекори да преземат во иднина. Дали да си одат од партијата, каде што формираа фракција која органите не им ја признаваат? Дали да формираат партија со која ќе излезат на изборите? Кога би било најдобро да го преземат тој чекор – на шест месеци, на три месеци пред изборите? Некои од групата гласно прашуваат – да не нѐ снајде истата судбина на Унитети и Гзим Острени. Оние што се претставуваат како водачи велат дека тоа е малку можно – имаат ресурси, имаат поддршка, особено во некои многу важни општини. Но, неизвесноста како да лебди во тешкиот воздух во малото сопче: што ако нашите предвидувања се само лажна претстава? Дали тоа ќе биде залудно дадена жртва. Па уште толку многу функции би можеле да нѐ чекаат во иднина. И така нашата партија ДУИ е осудена да биде во власта со кој и да било партнер, а ние вака да се откажуваме од неа. Дали би вредела жртвата само поради тоа што бараме да си оди Артан Груби? Водачите им нудат малку одговори, повеќе нејасни навестувања за иднината.

Левичарските патриоти

Третиот долап е малку поголем од овие два, затоа што е наменет за поголема група патници. Таму главно се собрани „патриотите“ од СДСМ, а ги води борбениот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Групата изгледа порасположена и повесела од другите две. Има повеќе ресурси, друштвото таму е убедено дека има поддршка во повеќе концентрични кругови отколку другите две групи. Таму весело разговараат дека и многу „патриоти“ од десницата ќе се приклучат на ова движење кому логистичка поддршка му даваат луѓе од најблиското опкружување на поранешен сдсмовски лидер. И тука една алка ги спојува – одбивањето на францускиот предлог. Другите работи, борбата против корупцијата и залагањето за правна држава, се надоврзуваат на оваа алка. Таа е оној spiritus movens што ја води групата која тврди дека Македонците уште еднаш се понижени од ЕУ и дека Македонецот ќе исчезнел во бугарските борови шуми. Некој таму повеќе љубопитно отколку срамежливо прашува – дали, ако влеземе во парламентот, ќе бидеме оној понтонски мост каков што беше партијата на Тито Петковски за Никола Груевски во 2006? Водачот и најблиските до него само слегнуваат со рамениците: немаат добар одговор, или не сакаат да го кажат да не ги вознемират другите членови од групата кои се опиени од надеж за новиот почеток.

Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ Македонија
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во „луксузниот“ дел од палубите, онаму каде што има тапацирани клупи со евтин скај, се собрале одбраните. Тие се на горната палуба, само што нивниот простор е ограден со стаклени решетки, додека оние од Левица се на истото ниво, само што се стуткани на отворено додека ги бие ветерот и бараат засолниште кога е премногу силно сонцето. Тоа се поголеми друштва. На едниот крај, трибунот на десничарите, Христијан Мицкоски, ем ќе каже некој огнен збор, ем потоа ќе замолчи.

 

Тој им повторува на оние на околу него: „Јас ја затворив темата за уставните измени. Тие нема да се случат во овој парламентарен состав“. Некои го гледаат, по малку ги стегаат усните и се прашуваат: дали ти, наш лидеру, сам можеш да одлучиш дали е затворено прашањето за уставните измени. Може ли раководството на партијата да каже некој збор за тоа? Тој потоа им зборува за некаков македонски модел, во којшто ќе има македонски национален консензус. А консензус за ваква работа немало. Па професорски ѝ вели на групата: „Консензус се правеше кога се распродаваше Македонија. Тие го испуштија тој моментум. А сега им нудам модифициран македонски модел, ист како хрватскиот модел“. Некои го прашуваат дали тоа ќе биде враќање на ситуацијата од пред 2001? Мицкоски им дава еден од оние заплеткани одговори, во кои петтата реченица е во спротивност од првата.

Па се фаќа на омилената тема од последниве денови за наводниот грабеж со автопатиштата што треба да ги гради „Бехтел и Енка“. Некој од групата ја споменува изјавата на анонимен член на Уставниот суд, кој преку „Слободен печат“ им се закани на пратениците дека кривично ќе одговараат ако ја продолжат работната недела на 60 часа. Се слушаат извици на гласно одобрување. Еден од нив повеќе за себе, а помалку за другите поставува прашање – дали кога молерите доаѓаат да ни ги варосуваат становите им велиме дека треба да работат стриктно од 7 до 15 часот, или ги пуштаме да ја вршат работата до доцна во ноќта. За да ја завршат побрзо да не ни остануваат домовите два-три дена подолго растурени. Никој не се ни обиде да му одговори, затоа што се подразбира каква е работата на молерите.

Хрватскиот наратив

Во другиот крај во истата сала се собрала исто толку голема група, во која има членови на двете најважни владејачки партии. Тие повеќе мирно и не толку гласно се договараат – дали да се предложат уставните измени и да се достават во парламентот и потоа да се види кој е за европската иднина, а кој за македонската сегашност. Еден вели едно, друг се надоврзува со друго. Изгледа дека оваа група нема уште изградено целосна стратегија, но според текот на разговорите изгледа дека во Собранието ќе ја достават понудата до опозицијата во некој модифициран тип земи или остави. Таму се слушаат и други предлози – да се вметнат реченица-две која ќе биде мост кон Македонците патриоти. Но не се сигурни дали тоа може да биде доволна отстапка. За оваа група, отстапката што ја бара друштвото од другиот крај на салата – откажување од уставните измени – е неприфатливо, затоа што државата презела обврски.

Љупчо Поповски, автор на колумната
Љупчо Поповски, автор на колумната Фотографија: Petr Stojanovski

Во оваа група нема некој што би сакал да се претставува како народен трибун, туку повеќе како прагматичен политичар, кој вели дека сака да зборува најмногу за иднината. Почнува да се развива дебата како да се претставува таа иднина – дали само преку слогани за членството во ЕУ, или со наведување примери како „хрватскиот модел“. Овој модел на Хрватска ѝ овозможи ЕУ да даде неповратни фантастични 357 милиони евра (или 85 отсто од целата инвестиција) за изградба на спектакуларниот Пелјешки Мост. Или дека милијарди евра се слеале во Хрватска од фондовите на ЕУ за десетте години членство. Или дека за пругата што треба да се гради од Загреб до Риека, долга 155 километри која ќе чини неверојатни 2,8 милијарди евра, ЕУ ќе плати 85 отсто од вредноста. Ете го тој „хрватски модел“, додава друг, ЕУ им ги гради пругите патиштата и мостовите на Хрватите, а ние со нашата сиромаштија треба тоа да го правиме сами.

Наеднаш се слуша малку посилно одбрување. Некој вели, наративот за уставните измени треба на ваков начин да им се доближи на граѓаните. За „Бехтел и Енка“ не разговараат нешто посебно, дебатата е брзо заклучена – и без измени во законите автопатиштата ќе се градат, па нека чини и поскапо. Иднината не е таа што може да чека.

Додека бродот плови кон македонскиот остров Елис од некаде едвај чујно се слушаат некои џезерски звуци. Скриени во незабележливите агли во машинското одделение десетина души се подготвуваат за концертот што идниот македонски национален џез оркестар треба да го одржи во овдешниот Карнеги Хол. Тие велат дека џез оркестарот можел да свири само во Филхармонијата или Операта. Други сали биле несоодветни, ним им треба сјај, гламур. Некој од нив срамежливо прашува: дали на биг-бендовите на Каунт Бејзи и Дјук Елингтон им беа подобри клубовите или сјајните угладени сали. И дали ако не свиреа во гламурозни сали ќе се откажеа од музиката. Не дочека одговор. Заглушувачки звук од еден тромбон го замолчи.

   

Најново

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski

НОВ ПАТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛАНДОВО И ЗА ДОЈРАН Модерна делница која го поврзува регионот со коридорот 10

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАИГРАА ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА Сообраќајно недоразбирање прерасна во улична тепачка

Sase Ivanovski

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана

Sase Ivanovski

УАПСЕН РЕКЕТАР ВО ШТИП – СО ПРИСИЛА И УЦЕНИ МУ ЗЕЛ 4.500 ЕВРА Момче принудено да зема брзи кредити, да позајмува и да краде од татко му

Sase Ivanovski
Вчитувам....