Со мобилен телефон в рака, екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески е во затворска ќелија во прилепскиот затвор, пишува „Независен.мк“.
Според фотографијата објавена од порталот, Талески е по долна маица, со тренерки и со влечки, а е најверојатно фотографиран без да знае, од друг затвореник во ќелијата, кој, најверојатно, исто така користи мобилен телефон.
На фотографијата се гледа дека Талески е во разговор со трето лице, додека во рацете држи мобилен телефон.Фотографијата на Фејсбук ја споделил извесен битолчанец Благојче кој бара итен претрес во прилепскиот затвор.
„Затоа веднаш претрес во прилепскиот затвор и да видиме како `Двојче` го водат парите, како дошол до андроид телефон да си пишува со саканите? И да провериме дали сѐ уште ќе има телефон во неговата ќелија и кој ќе му го дозволи…“, коментира битолчанецот.