32.8 C
Скопје
25/06/2025 09:49
МАКТЕЛ

   

КИРО ЧАДИКОВСКИ, КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: ЦЕЛИМЕ ДА СТАНЕМЕ ПРВАТА ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНА БАНКА ВО ЗЕМЈАТА

      

„Банката има динамичен план за да ги интегрира сите услуги кои клиентите ги користат со електронската идентификација со цел да бидеме првата целосно дигитална банка во земјата. Со тоа на клиентите ќе им овозможиме пристап кон целото портфолио на производи и услуги на Комерцијална банка од удобноста на нивниот дом, од работното место или од кое било друго место на планетата, 24 часа во денот, 365 дена во годината. На тој начин ќе можат да го заштедат најдрагоцениот ресурс на современото живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш ќе бидат први во редот.“

Г-дин Чадиковски, новото време ги направи клиентите пребирливи повеќе од кога било досега затоа што и нивните потреби и желби се менуваат секојдневно. Банките одговараат на овие трендови со дигиталните услуги и тоа со брзина и ефикасност, исто така, невидени досега во банкарската дејност. Последниот новитет од Комерцијална банка е прифаќање електронска идентификација и низа нови дигитални услуги поврзани со неа. Што значат тие за клиентите на Банката?

   

Глобалниот развој на технологијата во последните 1-2 децении ги направи луѓето попребирливи, а тоа е особено видливо во последните неколку години. Пред сѐ, тоа е најизразено кај помладата популација за која новитетите се составен дел на секојдневието. Примената на новите технологии, концептот на IoT (Internet of Things) чекор по чекор навлезе во безмалку сите уреди и денеска сѐ е „паметно“. Во таа насока, примената на тие технологии и во личните финансии стана реалност.

Со гордост можам да кажам дека Комерцијална банка е првата банка во нашата земја која овозможи практична интегрирана примена на дигиталниот идентитет во банкарските услуги. Со тоа наместо лична идентификација со посета на шалтер на банката се овозможи дигитализирано презентирање личен дигитален идентитет, кој се докажува преку наменска апликација, а е верификуван од Централниот регистер на населението, кој се води во Министерството за информатичко општество и јавна администрација. Овој концепт е надополнет и со дигитален потпис на клиентот, кој се добива преку истата апликација и е замена за стандардниот потпис на шалтер.

Дигитализацијата на овие два процеси дозволува примена кај безмалку сите банкарски услуги кои бараат лично присуство во експозитура на банка. Досега Комерцијална банка овозможи преку овој нов канал да се ажурираат лични податоци, како и да се активира Интернет банка и м-Банка, преку кои на клиентите им стануваат достапни редица дигитални услуги и тоа на лесен и безбеден начин и со пониски надоместоци до 80% во однос на надоместоците за трансакции преку шалтер.

Банката има динамичен план за да ги интегрира сите услуги кои клиентите ги користат со електронската идентификација со цел да бидеме првата целосно дигитална банка во земјата. Со тоа на клиентите ќе им овозможиме пристап кон целото портфолио на производи и услуги на Комерцијална банка од удобноста на нивниот дом, од работното место или од кое било друго место на планетата, 24 часа во денот, 365 дена во годината. На тој начин ќе можат да го заштедат најдрагоцениот ресурс на современото живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш ќе бидат први во редот.

Навистина е револуционерна промена фактот дека веќе од кое било место на планетата и во кое било време клиентот може непречено да се поврзе со банката и да иницира користење на низа банкарски услуги. Може ли да објасните што точно значи постапката за електронска идентификација за клиентите на Комерцијална банка и кои сѐ можности им ги нуди?

Дигитализацијата на производите и услугите во Комерцијална банка е одамна започнат и интегриран процес. Само како пример ќе посочам дека Комерцијална банка ги воведе првата платежна картичка во нашата земја, првиот банкомат и првите конкретни и, за тоа време, најнапредни услуги на интернет банкарството. Покрај тоа, Комерцијална банка беше пионер не само во земјата, туку и во регионот, со воведувањето на првата дигитализирана платежна картичка и можноста за плаќање со паметен телефон на ПОС терминал.
Би сакал да истакнам дека дигитализацијата на производите и услугите во Комерцијална банка е одамна започнат и интегриран процес. Само како пример ќе посочам дека Комерцијална банка ги воведе првата платежна картичка во нашата земја, првиот банкомат и првите конкретни и, за тоа време, најнапредни услуги на интернет банкарството. Покрај тоа, Комерцијална банка беше пионер не само во земјата, туку и во регионот, со воведувањето на првата дигитализирана платежна картичка и можноста за плаќање со паметен телефон на ПОС терминал.

Сега сме фокусирани на иднината на дигиталното искуство – да ставиме сѐ заедно и да им обезбедиме на клиентите врвно корисничко искуство. Електронската идентификација го овозможува токму тоа, но она што е најважно, го овозможува на брз и ефикасен начин, кој пред сѐ е безбеден и регулиран. Безбедноста на решението и заштитата на личните податоци се клучни елементи во процесот на дигитализација. Често се случува технологијата да е понапредна од регулаторот, па затоа некогаш одредени технолошки иновации наоѓаат практична примена малку подоцна, што е случај и со дигиталниот идентитет.

Како што веќе посочив, дигиталниот идентитет овозможува верификација од далечина на личниот идентитет на секој клиент. На тој начин банката со сигурност знае кој е од другата страна на екранот, без можност за злоупотреба на личните податоци, како и на финансиските средства. Со ова, целосно може да се дигитализираат буквално сите производи и услуги кои се актуелни во моментов.
Ве молам за нашите читатели да направиме профил на корисник на банкарски услуги на кого електронската идентификација и поврзаните дигитални услуги навистина му се потребни и корисни.

Ако во минатото профилот на клиенти се правеше врз база на географски, економски, старосни или социјални карактеристики, профилот на клиент во современиот дигитален свет се прави од сосема нова перспектива, односно од аспект на навики, потреби, можности и афинитети. Во таа насока, дигиталните услуги носат бенефити кои како главни придобивки ги имаат заштедата на време, пониска цена на услуга, ефикасност бидејќи секогаш сте први во редот, но и елиминирање на географската оддалеченост како пречка.

Ќе дадам неколку примери: додека сте на патување во странство и се соочите со недостиг од средства, можете дигитално да аплицирате за дозволено пречекорување на платежната сметка, кое веднаш ќе биде одобрено и ставено на располагање. Наместо од странство да се јавувате во контакт центарот на банката за да Ви ги коригираат лимитите за плаќање на Вашата картичка, можете самите да ги коригирате, при што ќе избегнете непотребни телефонски трошоци во роаминг. Доколку живеете во пооддалечено населено место или во место во кое има само неколку банки, а Вам Ви се допаѓа понудата на Комерцијална банка, ќе може да отворите сметка далечински, без физичко присуство на шалтер на банката.

Примери има безброј. Едноставно потребни се само желба и дигитална писменост. Кај значаен дел од популацијата во земјава, дигиталната писменост е веќе стекната, а кај останатиот дел полека, но сигурно се развива. Како што би рекле повозрасните „на маката се учимe“, а границите се поместуваат со многу динамично темпо. Повторно ќе употребам еден пример од секојдневието, ако во минатото социјалните мрежи за комуникација ги користеа мал дел од луѓето, денес сите ги користат бидејќи се ефикасни и со пониска цена или без надомест. Во таа насока, желбата за бенефит ќе биде двигател за побрзо учење, прифаќање и адаптирање кон новите дигитални канали.

Дали клиентите може да очекуваат уште нови можности и бенефити од дигиталното банкарство на Комерцијална банка?
Секако, Комерцијална банка континуирано работи на развој на своите дигитални услуги. Напоменав дека имаме динамичен план и спремна агенда за следните чекори, а додека се реализираат истите, веќе се планираат нови чекори. Процесот на дигитализација има почеток, но нема крај…

Со задоволство можам да најавам дека клиентите наскоро од далечина ќе можат да отворат платежна сметка и да поднесат барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка, кредит или картичка, но истото и дигитално да го потпишат и да започнат со користење на целосната услуга без посета на шалтер. Овие услуги и досега беа делумно дигитализирани, но законските ограничувања во делот на идентификацијата или електронскиот потпис не дозволуваа целиот процес да се заокружи. Се надевам дека наскоро целосно ќе се дигитализираат повеќе институции во државата, што ќе овозможи Комерцијална банка да може да ги „повлече“ или верификува сите потребни податоци (висина на примања на клиентите, висина на пензија, правното лице каде што е вработен клиентот и статус на неговото вработување…) за да нема потреба од заверки на документација од страна на клиентите, односно ќе може буквално сѐ да биде достапно без посета на шалтер.

Со задоволство можам да најавам дека клиентите наскоро од далечина ќе можат да отворат платежна сметка и да поднесат барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка, кредит или картичка, но истото и дигитално да го потпишат и да започнат со користење на целосната услуга без посета на шалтер. Овие услуги и досега беа делумно дигитализирани, но законските ограничувања во делот на идентификацијата или електронскиот потпис не дозволуваа целиот процес да се заокружи.
Дали клиентите им веруваат на дигиталните услуги? Дали граѓаните во земјава почнаа побрзо да ги прифаќаат новитетите што ги носи дигиталниот свет или сѐ уште најмногу им веруваат на шалтерските работници?

Пред пандемијата, најголем дел од корисниците на банкарски услуги се држеа до своите долгогодишни навики. На пример, еден мал претприемач својот промет редовно го уплатуваше на шалтер, сакаше да се види со банкарскиот службеник и попатно да заврши уште некоја работа. По пандемијата, истиот тој претприемач веќе има нови навики – дневниот промет го уплатува на cash-in банкомат и состојбите на своите сметки ги проверува онлајн. Тој најбрзо ги прифати новитетите за време на пандемијата.

Секако има уште многу работа пред нас, но како што веќе посочив, главен мотив за излез од комфорната зона кај поголемиот дел од клиентите се бенефитите, без разлика дали се од аспект на пониска цена или заштедено време, а кај друг дел се љубопитноста или желбата да се биде во тренд. Но, секогаш ќе има традиционални клиенти, кои едноставно не сакаат да ги променат навиките. Секако, како што банките се синоним за безбедност на вложените лични заштеди, регулаторот се грижи да бидат и синоним за безбедност на применетите технолошки решенија, аспект кој е исклучително важен.

Значи можеме да кажеме дека „забавата“ е започната. Како ќе продолжи?
За некого забава, за некого товар, за некого поле за натпревар, но дигитализацијата е тука, процесот е започнат и назад едноставно нема. Може да аргументираме само со која брзина ќе одиме напред, а тука најголем проблем е различната брзина со која се движиме. За целосна дигитализација на општеството, потребно е сите чинители и алки од процесот да се дигитализираат, а во овој момент, сите тие се на различно ниво на развој на сопствените дигитални процеси. Оттаму, реално, целиот процес на дигитализација во земјава сѐ уште треба да се развива и тоа интегрирано кај сите чинители за да добиеме вистинско ниво на дигитализација.

Неспорен факт е дека законската рамка веќе не е ограничувачки фактор, голем дел од институциите веќе се вклучени во интероперабилноста, така што сме на добар пат. Сепак, големината на економијата и финансиските можности се еден од ограничувачките фактори бидејќи целиот процес е долготраен и релативно скап.

Тука е фактот дека дигитализацијата на еден процес и неговиот старт во дигиталниот свет не ја намалува цената на чинење на „аналогниот“ канал, односно остануваат трошоците за традиционалното користење на услугите (физички простор, вработени, архивирање ), бидејќи услугите мора да се достапни за сите граѓани. Пандемијата и затворањето на луѓето во своите домови придонесоа за значително забрзување на целиот процес, но реално во сите пори на општеството има уште многу работа. Покрај ефикасноста и економичноста, дигитализацијата ќе донесе и поголема транспарентност и еднаквост на сите, особено во општествените процеси, како дополнителен бенефит.

Дигитализацијата е дел од корпоративната култура на Комерцијална банка, а особено нѐ радува што постигнавме голема корисничка инклузија во овој процес и со тоа добра имплементација на самите процеси за воведување современи дигитални услуги. За уште поголемо доближување на дигиталните услуги до нашите клиенти се грижиме преку нивно постојано информирање и едуцирање. Преку дигитални упатства на веб-страницата на Банката, објави на социјални мрежи на тема дигитализација, како и преку организирање вебинари на клиентите им нудиме конкретни и прегледни информации за предностите и поволностите што ги носи дигиталното банкарство токму за нив. Не ги забораваме ниту повозрасните граѓани, кои се наклонети кон традиционалното банкарство. За нив организираме обуки на лице место пред банкомат или дигитален киоск, каде наши колеги им помагаат и ги информираат за едноставната функционалност на овие уреди, за нивната безбедност и за директната корист што ја имаат од овие услуги.

Исто така, нашите кориснички сервиси им се на располагање на клиентите за сите нивни прашања. Корисничкото искуство и потребата од брзи, едноставни и персонализирани можности бараат да останеме фокусирани на клиентите и на тоа ќе се заснова пристапот што ќе го имаме при креирање на новите услуги. Знаете, во финансиската сфера секогаш се случува некаде да се појави некоја добра идеја. Но, има нешто уште поважно – за тие идеи да станат реалност и да донесат вистински бенефит за клиентите потребни се многу труд и долгорочна определба за инвестирање во современи решенија, кои иако наликуваат дека се многу едноставни, сепак бараат многу вложувања. Токму тука се издвојува Комерцијална банка.

Како ќе изгледа големата слика во иднина? Дали дигиталното целосно ќе го замени традиционалното банкарство? И кои ќе бидат бенефитите за корисниците?
Од денешна гледна точка, визијата за големата слика на банкарството на иднината е една, но како ќе поминува времето верувам дека таа динамички ќе се менува сѐ побрзо и побрзо. Во таа насока, неблагодарно е да се предвидува далечната иднина, но силно верувам дека на среден рок главни двигатели ќе бидат следниве четири аспекта:

Банките ќе мигрираат кон дигитални канали за да овозможат беспрекорен и лесен пристап до банкарските услуги и сервиси за клиентите, користејќи вештачка интелигенција, машинско учење, како и блокчеин технологии. Банките ќе се стремат да бидат поефикасни, поефективни и поекономични, при што главен центар на фокусот ќе биде клиентот, а не производот.
Клиентите ќе бараат сѐ повеќе персонализирани банкарски услуги, согласно нивните потреби, а концептот на “one size fits all” полека ќе исчезне. Анализата на податоци и вештачката интелигенција ќе помогнат да се анализираат однесувањето на клиентите и нивните навики, да се нудат персонализирани понуди, таргетирани кампањи, лични банкарски совети и финансиски решенија по мерка на клиентите.
Отвореното банкарство и соработката со фин-тек индустријата ќе бидат дополнителни двигатели на иновации. Тие ќе го забрзуваат развојот и ќе ја зголемат креативноста, но и ќе ја зголемат конкуренцијата, а со тоа и ефикасноста на сите даватели на банкарски услуги, без разлика дали се финансиски институции или даватели на платежни услуги.
Одржливоста и борбата со климатските промени ќе биде значаен фактор, а банките како носители и поддржувачи на инвестициски проекти ќе влијаат значително во намалувањето на емисијата на CO2 и за одржливиот развој.
Не можеме да предвидиме што сѐ носи иднината, но со сигурност можам да кажам дека решението ќе биде пресек на следниве компоненти, односно технолошкиот развој, потребите и навиките на клиентите, како и барањата на регулаторот (локален или глобален). Верувам дека во догледно време поголем број клиенти ќе се ориентираат кон овој нов дигитален концепт, но верувам и дека традиционалното банкарство ќе продолжи да постои, како што не исчезна готовината со појавата на платежните картички.

Бенефитите ќе бидат огромни бидејќи веќе нема да биде конкуренција само локалната или најблиската банка, туку понудата ќе биде поголема бидејќи дистанцата нема веќе да биде пречка за никого. Банките ќе имаат поголем притисок да се адаптираат на новите правила на игра, да бидат динамични системи кои во фокус ќе ги имаат само клиентот и неговите потреби. Тоа ќе биде најголемиот бенефит за клиентот бидејќи тој ќе биде во центарот на вниманието.

Доколку сето ова го симплифицирам преку пример, иднината на банкарството значи дека ќе се логирате на Ваша лична апликација, која ќе биде создадена врз основа на Вас и Вашите лични навики и потреби. Вашата апликација ќе биде различна од мојата. Ова ќе се случи многу наскоро, по мое мислење за најмногу две до четири години и ќе значи културолошка промена, како кај клиентите, така и кај банките. Свесни за сето ова, тимот на Комерцијална банка ги има детерминирано сите овие фактори кои влијаат и ќе влијаат на развојот и со сигурност можам да потврдам дека активно ќе продолжиме да работиме и да се прилагодуваме на сите предизвици кои нѐ очекуваат, односно да бидеме лидер и двигател на побрз развој во дигиталниот банкарски свет во нашата земја, имајќи ги нашите клиенти на прво место.
објавено на 18 април, 2023 автор: Редакција Капитал

   

Најново

Националната галерија на Македонија: Од отворањето на изложбите „Аквизиции и донации 2014-2024“ и  „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв“

Sase Ivanovski

Натчовечка мисија: Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова пристигна на состанокот на Советот на НАТО

Sase Ivanovski

Андреас Трајковски со одличен скок донесе победа за Македонија на европскиот тимски атлетски шампионат

Sase Ivanovski

Уште една победа за Македонија во Словенија: Ивановски издоминира на 5.000 метри

Sase Ivanovski

Арсовска достави нови докази до Обвинителството за фалсификувани документи за легализации на дивоградби

Sase Ivanovski

Македонија напредува во борбата против перењето пари, но сепак има и недостатоци, утврди Советот на Европа

Sase Ivanovski

ФОТО | Прослава на улиците во Техеран по прекинот на огнот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Имињата на жртвите од Кочани се појавија пред скопското Обвинителство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАША ГОГА ВЕДНАШ ДО ЗЕЛЕНСКИ И МАКРОН НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

НАТО без Америка? Трамповите закани и реалноста на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Кина, над 80.000 луѓе ги напуштија своите домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Sase Ivanovski

ИЈЗ објави препораки за заштита на здравјето на вработените во услови на високи температури

Sase Ivanovski

Револуционерно! Научници од Единбург развија техника за претворање на пластичниот отпад во парацетамол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почина туристката којa падна во вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Средба на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на Северна Македонија и на Туркије

Sase Ivanovski

Угринска: ДОМ е отворен за секој што ги поддржува зелените политики на локално ниво

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ

Sase Ivanovski

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Sase Ivanovski

Александар Анѓушев од ДОМ: Без здружување, гласовите на локалните избори ќе се изгубат

Sase Ivanovski

Велика Британија купува 12 авиони Ф-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Седум израелски војници убиени во Појасот Газа

Sase Ivanovski

САД: Две извршувања на смртна казна со смртоносна инјекција

Sase Ivanovski

Иранските власти обесија тројца мажи поради шпионажа за Израел

Sase Ivanovski

Трамп: Си-ен-ен и Њујорк Тајмс се здружија во обид да го оцрнат еден од најуспешните воени удари во историјата

Sase Ivanovski

Амбасадорот на Израел во ОН: Прерано е за дипломатски разговори со Иран, но тоа ќе се случи наскоро

Sase Ivanovski

Израел повторно ги отвори училиштата по примирјето со Иран

Sase Ivanovski

ФБИ ги зголемува ресурсите за борба против тероризмот по нападот во Иран

Sase Ivanovski

Во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Германија е лидер во Европа по продажба на електрични велосипеди

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со температури до 39 степени

Sase Ivanovski

Софија: Над 216 илјади бугарски пасоши се издадени на граѓани на С Македонија

Sase Ivanovski

(Видео) Бели балони за загинатите во Кочани „Никогаш нема да ве заборавиме“

Sase Ivanovski

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ

Sase Ivanovski

Иран прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел

Sase Ivanovski

Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на Трамп од дното на срцето

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Sase Ivanovski

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Баерн изгуби од Бенфика и во осминафиналето оди на Фламенго

Sase Ivanovski

Без здружени сили, гласовите на локалните избори ќе се изгубат, вели Александар Анѓушев од ДОМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Амандманот за „модерни“ македонска нација и јазик е преседан

Sase Ivanovski

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Sase Ivanovski

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Sase Ivanovski

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ – БЕСПЛАТЕН културен спектакл под отворено небо!

Sase Ivanovski

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Sase Ivanovski

Палестина: Бараме прекинот на огнот да се прошири и на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Србија треба да избегне нов договор за гас со Русија, вели Енергетската заедница

Sase Ivanovski

Зголемен обем на работа на јавните обвинителства во 2024 година, покажа Годишниот извештај

Sase Ivanovski

Османи: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Sase Ivanovski

Израелска армија: Воената кампања против Иран не е завршена, претстојат операции, но ИДФ засега ќе се фокусираат на борби во Појасот Газа

Sase Ivanovski

МНР на Бугарија: Манипулативното толкување на перцепцијата за идентитетот од страна на Скопје честопати служи како изговор за неисполнување на обврските

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Владата додели средства за развој на урбаните подрачја, Македонија атрактивна дестинација за француските инвеститори

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Sase Ivanovski

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Е 2500 ЕВРА

Sase Ivanovski

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат

Sase Ivanovski

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран така што во Октомври ќе направиме арапско – руски самит

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

Sase Ivanovski

Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски

Sase Ivanovski

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе

Sase Ivanovski

МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Sase Ivanovski

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

Sase Ivanovski

Повеќе од 600 луѓе убиени во Иран од почетокот на израелските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СООЧИ НА МТВ СО УРЕДНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И СО ДВАЈЦА АНАЛИТИЧАРИ

Sase Ivanovski

Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Sase Ivanovski

РЕЦЕНЗИЈА НА ДЕНОТ, ВИБРАТОРОТ ЌЕ ГО БИДЕ

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СМРТНАТА КАЗНА ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Блумберг: Нерешена мистерија – каде е ураниумот на Техеран?

Sase Ivanovski

Словенскиот европратеник Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Sase Ivanovski

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Sase Ivanovski

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење

Sase Ivanovski

Муцунски: Жалам што актуелната бугарска влада влегува во рускиот наратив за дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

ЛУДА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИОТ ШЕФ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Македонскиот вековен идентитет бил провокација за милиони Бугари со потекло од Македонија?!

Sase Ivanovski

УЖАСНА ИЗЈАВА Шефот на бугарската дипломатија го поздравува тоа што АФЕТ не се вовлекол во наративи за „вековен македонски идентитет“

Sase Ivanovski

Киев: Средба Трамп-Зеленски утре на маргините на Самитот на НАТО

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Платил двајца да ја убијат неговата екс сопруга и новиот партнер, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието

Sase Ivanovski
Вчитувам....