32.8 C
Скопје
25/06/2025 09:47
МАКТЕЛ

   

АНЃУШЕВ: РЕС Е НАЈДОБАР СНАБДУВАЧ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА СЛОБОДНИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДОНИЈА

      

„За една година РЕС го презеде снабдувањето на над 270 компании од македонското стопанство, а во следниот период најавуваме најповолни понуди и за јавниот сектор.“
Renewable Energy Supply – РЕС е компанија која се занимава со снабдување со електрична енергија и за само една година успеа да се етаблира како лидер во секторот и компанија со најголема балансна група во Република Северна Македонија. Разговаравме со сопственикот и извршен директор на компанијата, Кочо Анѓушев, за тоа кој е рецептот за успехот и како ја добија професионалната доверба од компаниите да ги снабдуваат со електрична енергија во тешките услови на енергетската криза.
РЕС во март одбележа една година постоење, во овој кус период успеавте да се етаблирате како стабилна компанија и една од трите најважни компании во секторот за трговија со електрична енергија. Кој е моделот кој го применува РЕС и успева за толку кус период да стане важен „играч“ во овој многу важен сектор?

   

РЕС започна да работи во март 2022 година и за само една година го презедовме снабдувањето со електрична енергија на преку 270 квалитетни и стабилни македонски компании, носители на економската активност во земјата, кои се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар. Од мала компанија, во овој кус временски период, станавме снабдувач со најголема балансна група, а тоа значи дека сме снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачавме над 250 GWh, што значително ги надмина нашите првични планови при основањето.

Успеавме затоа што имаме соодветна понуда за секој клиент поединечно.
Нашите понуди се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени сме на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори. Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.

Кочо Анѓушев, сопственикот и извршен директор на РЕС заедно со својот тим успеаја од компанијата да создадат снабдувач со најголема балансна група, а тоа значи дека се снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачале над 250 GWh, со што значително се надминати првични планови при основањето на РЕС.Што конкретно значи тоа дека договорите се по потребите на клиентите?

Секоја компанија знае колку енергија троши месечно, какви се трошоците на дневно ниво, па така на компаниите им нудиме повеќе варијации на договори: договори со целосно фиксна цена, со голем удел на енергија од обновливи извори, договори кои се делумно со фиксна цена, а делумно се врзани со индексирани цени од берзите, при што процентот на учество на одредена енергија го одредува самиот клиент или пак договори кои се врзани со берзанските цени. Тоа што располагаме со енергија од обновливи извори ни е огромна предност, а самите компании во нас гледаат општествено одговорна фирма, бидејќи голем фокус ставаме на зелена енергија, со што се заштитува животната средина, а зелените сертификати за енергија им се важни на фирмите да ги имаат.

РЕС има сериозна предност во однос на останатите трговци бидејќи тргува со енергијата од обновливи извори кои се во сопственост на самите основачи на компанијата. Тоа се македонските компании Феро Инвест и Централ Инвест, кои се во моја сопственост, а кои имаат сопствени хидроелектрани, фотоволтаични електрани и биогасна електрана, и од КерТоки, компанија од Бугарија, чиј сопственик е Иво Прокопиев, која исто така во своја сопственост има големо портфолио на централи од обновливи извори.

Всушност, РЕС е само една од компаниите во групацијата каде имам сопственост и тие како група претставуваат вертикално интегрирано мало електростопанство со сите сегменти: обновливи извори на енергија, одржување на истите, управување преку диспечерски центар и снабдување токму преку РЕС. Како такви сме единствени на пазарот и тоа ја гарантира сигурноста на клиентите.Дополнително, ние сме компанија која дава најконкурентни цени за откуп на електрична енергија од обновливи извори од другите приватни македонски производители и затоа над 90% од нив ја даваат енергијата на РЕС.
Обновливите извори се главна тема во последниот период, се чини дека енергетската иднина на нашата земја ќе се базира на обновливи извори, а што значи тоа за компаниите кои се ваши клиенти.

„Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.“
Да, дефинитивно обновливите извори се иднината на нашето општество, но не само. Верувам дека се иднината на Европа и светот. Ние сме и овластена компанија која може да издаде зелени сертификати за нашите клиенти, да имаат верификувана потврда дека во нивниот процес на производство се користи зелена енергија, од незагадувачки извори, што многу влијае на нивната конкурентност на меѓународните пазари.

Трендот во Македонија, регионот, Европа и светот е да се намалуваат конвенционалните загадувачки технологии на производство на електрична енергија и да се зголемува учеството на енергија од обновливи извори, за почиста и поздрава животна околина. Тоа многу се цени на европскиот пазар, а нашите клиенти се главно извозно ориентирани компании. Сигурни сме дека кај нас ќе се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори и дека од ден во ден ќе можеме да понудиме се поголемо количество на зелена енергија на клиентите.

Просечно, некаде околу 50% од енергијата со која тргуваме е од обновливи извори, а тој удел, како се градат нови електрани од обновливи извори ќе продолжи да расте.
Кога зборуваме за електрична енергија, сите знаеме дека постои и дека е потребна, но за голем дел од граѓаните станува збор за апстрактна категорија. Да ве замолам, за граѓаните кои не се многу упатени, колку енергија испорачува РЕС кон своите клиенти во моментите на најголема потрошувачка и пластично да ни илустрирате на пример колку домаќинства би можела да снабди таа енергија?

На слободниот пазар, каде се компаниите со над 50 вработени и над 2 милиони евра промет, кои се всушност наши клиенти, се тргува часовно, затоа што и потрошувачката се менува од час во час, за време на викендите исто така. Еве, како за илустрација во часовите на најголема потрошувачка, имаме потрошувачка од 80 мегават часови на час, што одговара на просечна часовна потрошувачка на околу 105 илјади домаќинства.

Ако земеме во предвид дека во нашата земја има околу 600 илјади домаќинства, практично ние во часовите на најголема потрошувачка обезбедуваме количина на електрична енергија која што е еквивалент на 1/6 од енергијата што ја трошат сите домаќинства во Македонија. Тоа е и очекувано, затоа што во нашата балансна група има навистина големи компании кај кои електричната енергија зафаќа голем дел од трошоците за производство. Токму заради ова, ние сме фокусирани да обезбедиме стабилно, доверливо и ценовно најповолно снабдување со електрична енергија.

Понудите на РЕС се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени се на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори.
Цените на електричната енергија како да се стабилизираа во последниот период, вие како компанија која се занимава со трговија сигурно правите подолгорочни анализи. Како проценувате дека ќе се движат цените во наредниот период?

Ние секојдневно ги следиме европските берзи HUPX и IBEX, кои имаат најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија кај нас. Моменталните цени се на ниво од 100-150 евра по мегават час, но како ќе се движат во иднина ќе зависи од многу фактори, кои не се само економски, и многу е неблагодарно да се прогнозира.
Она што ние би можеле да го гарантираме, дека нашата понуда секогаш ќе биде најконкурентна на пазарот и ќе им овозможи на нашите клиенти одличен квалитет и квантитет, најконкурентни цени и еколошка компонента во нивното работење.Какви се идните планови на РЕС? Дали има дополнителен простор за напредок и развој?

РЕС се појави во моменти на најголемата енергетска криза, и со најинвентивна понуда и креативен пристап, со комбинација на електричната енергија од обновливи извори од нашата земја и увоз на енергија од Бугарија, успеавме да им помогнеме на македонските компании да ја одржат нивната конкурентност.
Досега бевме фокусирани исклучиво на приватниот сектор, скоро сите наши клиенти се приватни компании, најголемиот дел од нив се и носители на економските активности во државата.

Во периодот кој следи, ќе дадеме понуди и кон јавниот сектор, ќе понудиме поевтина и зелена енергија на државните институции, локални самоуправи, јавни претпријатија. Поради високите цени на струјата особено општините беа на удар, сите знаеме дека се финансиски лимитирани, па во одредени моменти мораа да прибегнуваат и кон рестриктивни мерки, особено за јавното осветлување на патишта и јавни површини.
Нашата конкурентска предност е тоа што можеме да го задоволиме јавниот интерес и интересот на стопанството.
Ќе продолжиме да создаваме понуди со кои ќе се прават заштеди за електрична енергија и ќе се одржува ликвидноста и конкурентноста на стопанството.
ИЗВОР КАПИТАЛ

   

Најново

Натчовечка мисија: Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова пристигна на состанокот на Советот на НАТО

Sase Ivanovski

Андреас Трајковски со одличен скок донесе победа за Македонија на европскиот тимски атлетски шампионат

Sase Ivanovski

Уште една победа за Македонија во Словенија: Ивановски издоминира на 5.000 метри

Sase Ivanovski

Арсовска достави нови докази до Обвинителството за фалсификувани документи за легализации на дивоградби

Sase Ivanovski

Македонија напредува во борбата против перењето пари, но сепак има и недостатоци, утврди Советот на Европа

Sase Ivanovski

ФОТО | Прослава на улиците во Техеран по прекинот на огнот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Имињата на жртвите од Кочани се појавија пред скопското Обвинителство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАША ГОГА ВЕДНАШ ДО ЗЕЛЕНСКИ И МАКРОН НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

НАТО без Америка? Трамповите закани и реалноста на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Кина, над 80.000 луѓе ги напуштија своите домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Sase Ivanovski

ИЈЗ објави препораки за заштита на здравјето на вработените во услови на високи температури

Sase Ivanovski

Револуционерно! Научници од Единбург развија техника за претворање на пластичниот отпад во парацетамол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почина туристката којa падна во вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Средба на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на Северна Македонија и на Туркије

Sase Ivanovski

Угринска: ДОМ е отворен за секој што ги поддржува зелените политики на локално ниво

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ

Sase Ivanovski

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Sase Ivanovski

Александар Анѓушев од ДОМ: Без здружување, гласовите на локалните избори ќе се изгубат

Sase Ivanovski

Велика Британија купува 12 авиони Ф-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Седум израелски војници убиени во Појасот Газа

Sase Ivanovski

САД: Две извршувања на смртна казна со смртоносна инјекција

Sase Ivanovski

Иранските власти обесија тројца мажи поради шпионажа за Израел

Sase Ivanovski

Трамп: Си-ен-ен и Њујорк Тајмс се здружија во обид да го оцрнат еден од најуспешните воени удари во историјата

Sase Ivanovski

Амбасадорот на Израел во ОН: Прерано е за дипломатски разговори со Иран, но тоа ќе се случи наскоро

Sase Ivanovski

Израел повторно ги отвори училиштата по примирјето со Иран

Sase Ivanovski

ФБИ ги зголемува ресурсите за борба против тероризмот по нападот во Иран

Sase Ivanovski

Во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Германија е лидер во Европа по продажба на електрични велосипеди

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со температури до 39 степени

Sase Ivanovski

Софија: Над 216 илјади бугарски пасоши се издадени на граѓани на С Македонија

Sase Ivanovski

(Видео) Бели балони за загинатите во Кочани „Никогаш нема да ве заборавиме“

Sase Ivanovski

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ

Sase Ivanovski

Иран прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел

Sase Ivanovski

Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на Трамп од дното на срцето

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Sase Ivanovski

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Баерн изгуби од Бенфика и во осминафиналето оди на Фламенго

Sase Ivanovski

Без здружени сили, гласовите на локалните избори ќе се изгубат, вели Александар Анѓушев од ДОМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Амандманот за „модерни“ македонска нација и јазик е преседан

Sase Ivanovski

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Sase Ivanovski

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Sase Ivanovski

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ – БЕСПЛАТЕН културен спектакл под отворено небо!

Sase Ivanovski

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Sase Ivanovski

Палестина: Бараме прекинот на огнот да се прошири и на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Србија треба да избегне нов договор за гас со Русија, вели Енергетската заедница

Sase Ivanovski

Зголемен обем на работа на јавните обвинителства во 2024 година, покажа Годишниот извештај

Sase Ivanovski

Османи: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Sase Ivanovski

Израелска армија: Воената кампања против Иран не е завршена, претстојат операции, но ИДФ засега ќе се фокусираат на борби во Појасот Газа

Sase Ivanovski

МНР на Бугарија: Манипулативното толкување на перцепцијата за идентитетот од страна на Скопје честопати служи како изговор за неисполнување на обврските

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Владата додели средства за развој на урбаните подрачја, Македонија атрактивна дестинација за француските инвеститори

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Sase Ivanovski

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Е 2500 ЕВРА

Sase Ivanovski

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат

Sase Ivanovski

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран така што во Октомври ќе направиме арапско – руски самит

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

Sase Ivanovski

Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски

Sase Ivanovski

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе

Sase Ivanovski

МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Sase Ivanovski

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

Sase Ivanovski

Повеќе од 600 луѓе убиени во Иран од почетокот на израелските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СООЧИ НА МТВ СО УРЕДНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И СО ДВАЈЦА АНАЛИТИЧАРИ

Sase Ivanovski

Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Sase Ivanovski

РЕЦЕНЗИЈА НА ДЕНОТ, ВИБРАТОРОТ ЌЕ ГО БИДЕ

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СМРТНАТА КАЗНА ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Блумберг: Нерешена мистерија – каде е ураниумот на Техеран?

Sase Ivanovski

Словенскиот европратеник Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Sase Ivanovski

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Sase Ivanovski

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење

Sase Ivanovski

Муцунски: Жалам што актуелната бугарска влада влегува во рускиот наратив за дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

ЛУДА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИОТ ШЕФ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Македонскиот вековен идентитет бил провокација за милиони Бугари со потекло од Македонија?!

Sase Ivanovski

УЖАСНА ИЗЈАВА Шефот на бугарската дипломатија го поздравува тоа што АФЕТ не се вовлекол во наративи за „вековен македонски идентитет“

Sase Ivanovski

Киев: Средба Трамп-Зеленски утре на маргините на Самитот на НАТО

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Платил двајца да ја убијат неговата екс сопруга и новиот партнер, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието

Sase Ivanovski

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

Sase Ivanovski
Вчитувам....