На 28.02.2023 година градоначалникот на Општина Прилеп донесува нови решенија за плата за административните службеници, со кои се поништуваат предходните решенија за плата донесени во 2022 година. Во решенијата за плата од 28.02.2023 година, градоначалникот доделува (гратис) дополнителни бодови (незаконски) без никаков правилник или закон дополнително од тие што следуваат по законот за административни службеници, и тоа на некои административни службеници им се доделуваат 1 бод, на некои по 8 бодови но на некои и по 40,45 и повеќе бодови. Причината е првенствено со порамнувања со минимална плата.
Ваквите решенија се обжалени од 20-на вработени во Оптина Прилеп до второстепениот орган т.е. до комисијата за жалби при Агенцијата за Администрација. Комисијата за жалби на АА донесува одлука дека сите наши жалби се усвоени во целост, решението од Градоначалник поништено како незаконско и во образложението беше наведено кои всушност членови од соодветните закони се прекршени во решението за плата донесено од Градоначалник на 28.02.2023 година, но и наведено како укажување дека градоначалникот не определува порамнување со минимална плата туку тоа го прави министер врз основа на соодветен закон. Со еден збор кажано градоначалникот на Прилеп донел незаконско решение за плата, решение кза која незаконистоста ја потврдува потврди второстепен орган.
На 05.04.2023 година оние кои ги обжалиле решенијата добиваат нови решенија (законски овојпат) односно буквално им ги враќаат старите решенија од 2022 година но со датум од 2023 година. Но на останатите колеги (над 80-90 на број) кои не ги обжалиле решенијата од Градоначалник од 28.02.2023 година не им се поништиваат тие решенија иако се незаконски. Во оваа ситуација Општина Прилеп има вработени лица кои се всушност дискриминирани, оти имаат законски решенија за плата, а некои вработени имаат и по 3000-5000 денари покачување иако е незаконско нивното решение за плата, но по толкувањата на правниците во општината тие решенија не биле обжалени и не требало да се поништат а од Борче градоначалникот кријат дека сите се незаконски за да не ги поништи и нивните а тие да си продолжат да си земаат повисока плата иако е незаконска.
Платите за административните службеници се уредени со законот за административни службеници а делот кое звање колку бодови има е уреден со измената на законот за административни службеници објавена во Службен весник на РСМ бр. 99 од 21.04.2022 година, односно по кој основ земаат плата службениците во администрација, односно кој колку бодови по звање има и не смее ниту еден бод повеќе или помалку. По решенијата (незаконските) вработените адинистративни службеници имаат земено и две плати иако се незаконски решенијата за плата и со тоа е оштетен буџетот на општината за над 400 000 денари месечно додека за овие два месеци буџетот е оштетен за околу 1 милион денари или над 15 000 евра, дали Градоначалникот на Прилеп од свој џеб ќе ги врати тие пари и ќе ги поништи решенијата за плата или ќе продолжи да исплаќа незаконска плата и понатаму. (Писмо од читател на Мактел.мк)