„Претседателот Павел се врати од Украина и ми рече дека она што е најпотребно сега е муниција“, изјави таа.Фон дер Лајен додаде дека предлогот за нова регулатива содржи и финансиска клаузула во износ од една милијарда евра.
„Испораката на муниција е од клучно значење за одбраната на Украина и евентуална контраофанзива и враќање на териториите. Разговаравме и за членството на Украина во ЕУ. Знаеме дека нема да биде лесно, но подготвени сме да и помогнеме да се надмине тешкотии.Затоа што во наш интерес е да ја прошириме зоната на стабилност и безбедност што ја претставува ЕУ“, рече чешкиот претседател.