-Милошовски лаже. Милошовски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста. Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино. ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи“ – вели Адеми во објавата на социјалната мрежа.Го бараа договорот, посочува тој, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи.
– Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага – рече Адеми.