Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани соопшти дека денеска на Косово се повредени 11 италијански војници од КФОР, од кои тројца потешко, но не се во животна опасност.
„Сакам да изразам солидарност со војниците на мисијата КФОР кои беа повредени на Косово за време на конфликтот меѓу српските демонстранти и косовската полиција. Меѓу нив има 11 Италијанци, од кои тројца се во тешки услови, но нивните животи не се загрозени Италијанската армија продолжува да се залага за мир, напиша Тајани на Твитер.