Христијан Мицковски ја има шансата да стане голем државник. Историјата му сервира пенал и празен гол. Влезот во ЕУ ќе биде негов успех ако се охрабри и реши да го подржи процесот. ВМРО ДПМНЕ се вложило во темелите на оваа држава и во процесот за влез во ЕУ, првиот договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ е нивно дело уште во 1999-та година, потоа визната либерализација со ЕУ е нивно дело исто така. Сега е време ВМРО ДПМНЕ да сврти кон западот и јавноста и западот ќе ги награди поради тоа!
Знам дека Левица е опасност и сите други крајни десничарски партии, но тие ќе бидат вечно изолирани и со тоа и неважни за македонската мејнстрим политика. Крајни десници и крајни левици ќе ги има секаде и секогаш и тие се нормални во демократските општества и тоа не треба да ги плаши мејнстрим партиите кои ќе бидат нивни заложници преку адаптација на своите политики од страв дека ќе им бидат украдени гласови а со тоа и државата да пати и народот да пати поради радикални лудаци и нивните лудачки идеологии и политички фантазии и утопии.
Овие месеци Мицковски повеќе се плашеше од Апасиев отколку од Агелар и мислам дека тоа му е голема грешка но има време да се коригира и да застане на прав колосек. Многу новинари и експерти и јавноста ќе го наградат поради тоа, искрено и јас ќе имам многу добро мислење и новинарски однос со него и со ВМРО ДПМНЕ ако решат да застанат на права страна како што направија за војната во Украина.