ЃОРЃИЕВСКИ: Присуствувавме на најубавата забава, која ја организиравме по повод завршувањето на учебната 2022/23 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа
Вечерва, заедно со мојата сопруга и дел од мојот тим присуствувавме на најубавата забава, која ја организиравме по повод завршувањето на учебната 2022/23 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.
Овие дечиња, моите верни пријателчиња сакаат љубов и внимание и да знаат дека не се сами.
Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник.
Сакам да се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат а на вас, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер.