Преку значајни инвестиции го подобруваме живеењето на жителите од Карбинци и осум околни села. После општина Штип, и општина Карбинци добива квалитетна вода за пиење со модерна ултрафилтрација за прочистување, инвестиција вредна 165 милиони денари финансирана од #МЗШВ.
Како министерство го водиме процесот за целосно комплетирање на овој исклучително важен проект за истокот преку кој обезбедуваме вода за 80.000 жители. Со обезбедување на квалитетна и чиста вода за пиење остваруваме дел од предусловите за развој на селата, за нивно заживување, и враќање на младите кон руралните средини. Тоа е наш приоритет на кој посветено работиме.