Геополитичките околности отсекогаш влијаеле на динамиката на проширувањето на ЕУ. Затоа и руската агресија врз Украина го врати фокусот на Западот кон Западен Балкан и ова е шанса што треба да се искористи мудро од земјите во регионот. Потребна е јасна визија кон Западен Балкан и потребна ни е поблиску Европската Унија. Нема време процесот на проширување да се одолговлекува, со проактивен и поефективен пристап и од ЕУ и од наша страна треба да дадеме шанса ветената перспектива да ја исполниме заеднички.
Западен Балкан има европска перспектива и неопходно е да се забрзаат реформите за да се забрза процесот на проширување.
📸 Од денешната сесија „Проширувањето на ЕУ во променливата геополитичка динамика“, Prespa Forum Dialogue