Нашата држава, нашиот народ имаат историска шанса за продолжување на процесот на интеграција во Европската унија. Таа шанса сега треба да ја искористиме. Германија денеска испраќа уште една силна порака, нашиот македонски јазик и идентитет се обезбедени.
Знам дека народот му е јасно што значи членството, подобар стандард, повисоки плати, нови фондови, засилен економски раст и развој. Членство во ЕУ пристап до пазар од речиси 500 милиони жители, за нашите компании, но и за нашите земјоделски производи. Затоа потребна ни е одлука сега, конечно да го оствариме сонот на многу македонски генерации и да успееме.
Караванот на СДСМ по мотото „Рамо до рамо до победа“денеска продолжи во општина Крива Паланка, каде средби со граѓаните имаа Љупчо Николовски и Богданка Кузеска, и во Куманово каде со граѓаните разговараа Никица Бачовски и Мухамет Точи.